Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој од тие еко спар печките што се на пелети.. па да каже како што , се исплати ли таа инвестиција ?

Еве и јас да се надоврзам на истово прашање, се работи за простор од 50 м2.
 
моменталната цена се движи некаде околу 210 евра за тон. сега плус минус ама тука е некаде.
за загревање без проблем ако е наштелована како што треба ке затопли 60м2. во просек треба да троши за целодневно горење една вреќичка денот ( 15 кг ), која кошта околу 200 денари.
зборувам за 8 кв печка обична а не за парно или 6 кв или 10 кв.
значи по некој просек ке поминете два и пол месеци со еден тон, или нешто помалце од 100 евра месецот.
друга работа е што да стварно нема сечење носење, ама сепак печката си бара одржување , чистење горилник пепел такви работи секојдневно. па сега направете есап и видете колку ви се исплаќа. ако ве интересира нешто поконкретно слободно прашајте, тоа што можам ке поможам.
 
Замарај го чичко Google и ќе научиш нешто.Еве што најдов по македонските сајтови у врска со изолацијата.

Во што е разликата меѓу минералната, стаклената или камената волна?
Под минерална волна спаѓаат и стаклената и камената волна. Разликата меѓу стаклената волна и камената е во суровината од која се добиваат, технолошката постапка и финалните карактеристики на материјалот.
СУРОВИНА
За стаклена волна главна суровина е песокот од кремен и додадено рециклирано стакло, камената волна пак, се добива од базалт и диабаз со додавање на кокс.

ТЕХНОЛОШКА ПОСТАПКА
Разликата е во начинот на изработка на влакна, стаклените влакна се добиваат при долевање на растопини во ротори, камената пак, со долевање на растопината во ротациски ваљаци.

КАРАКТЕРИСТИКИ
Влакната од стаклената волна се поеластични и приближно 10 пати подолги. Повратната еластичност на влакната овозможува до 5-кратно компримирање што значи помал волумен при транспортот и складирањето, и помала маса. Вградувањето е поедноставно, затоа што не е потребно мошне прецизно сечење на материјалот на местото кадешто се вградува. По вградувањето не остануваат празни места, кои претставуваат топлотни мостови.

Ова е преземено од http://www.ursa.com.mk/faq.html

Како што прочитав својствата на стаклената и камената волна и стиропорот во однос на топлинската спроводливост се скоро исти. Камената и стаклената волан се занемарливо подобри во однос на стиропорот. За звучна изолација стиропорот не се употребува туку камена или стаклена волна. Овие двете плус имаат предност во тоа што се огноотпорни.
Овие URSA се словенски и гледам дека некои наши фирми ги користат.Како што видов најголем број производи им се стаклена волна.
Ако има некој искуство било позитивно било негативно нека каже во врска со овие брендови.
--- надополнето: Dec 9, 2011 7:23 PM ---
А колку е цената на пелетите.. ?

И да заинтересиран сум за домашна употреба..да ти кажам право,преку глава ми е од дрва..купуј,сечи,цепи,складирај,реди,носи.. на струја не доаѓа во обзир, не сум по климите..така да ова ми се гледа примамливо.

Зошто струја не доаѓа у обзир?
Искрено порано кога некој ќе ми кажеше греам се на струја, имам централно на струја, ја се фаќав за глава, леле леле арно те дерат. Ама кога малку повеќе ќе се едуцираш ќе сванеш дека повеќето се рекла казала итн. Сега сум со мислење дека едно од најекономичните начини е на струја. Но не греење со греачи како што се греалките, туку со друга тенхологија, како онаа на Кано која ја користи, со електролитни котли, кој патем го чекам да даде мислење како стручњак за мојата дилема, или топлинска пумпа, технологија која ја користат денешните клими.
Ако мкд владе е во право за тие 100 евра месечно, тогаш за таа квадратура сум убеден дека овие двете погоре ќе ти бидат многу поекономични.
 
некој вели така некој вака, да незнае човек што да речи.
јас нагласив дека за објекти каде струјата е индустриска и објектот е со квадратура до кај 70 м2 печките на пелети се и те како исплатливи. на пример за дуќан некој или канцеларии кои се под кирија. сигурно нема парно да ставаш во нив или камин на сред соба да ставиш, па да влечкаш дрва. тогаш ако нема веќе парно ти останува или струја или клима или комбинација од двете. а со оглед дека струјата индустриската е 9 ден/кв тогаш 100 евра месечно за 60 м2 и не изгледаат така лошо ако земиш дека за струја ке платиш тродупло повеќе. а и башка ке се стоплиш.
 
моменталната цена се движи некаде околу 210 евра за тон. сега плус минус ама тука е некаде.
за загревање без проблем ако е наштелована како што треба ке затопли 60м2. во просек треба да троши за целодневно горење една вреќичка денот ( 15 кг ), која кошта околу 200 денари.
зборувам за 8 кв печка обична а не за парно или 6 кв или 10 кв.
значи по некој просек ке поминете два и пол месеци со еден тон, или нешто помалце од 100 евра месецот.
друга работа е што да стварно нема сечење носење, ама сепак печката си бара одржување , чистење горилник пепел такви работи секојдневно. па сега направете есап и видете колку ви се исплаќа. ако ве интересира нешто поконкретно слободно прашајте, тоа што можам ке поможам.

Значи исто како и со дрва е соодносот цена дрва -пелети.. плус предност мислам дека е поголемата површина што се загрева со оваа печка..со печка на дрва не верувам дека можат 60 квадрати да се загреат..предноста за мене е голема , нема потпалување , па да го пазиш да не загасне,цепење ,редење итн.. ме интересира само дали знаеш кој е производителот на овие печки,од која земја се о потекло..иначе фала на одговорот .
 
made in macedonia направени за италија. по нивна лиценца и спецификации.
 
za izolacija jas bi ti preporacal kamena volna
staklena volna ne postoi veke vo prodazba
stiroporot e lesno zapalliv materijal a kako izolacija zvucna ne brka rabota
kamena volna ke si stavis barem 70kg od m3 malku e mrsna ama ke imas dobra izolacija
a za greenje ladenje ne znam sto da ti preporacam go cekam cicko Kano sto ke mi preporaca on da mestam ke treba i jas da stavam nesto greenje ladenje
slusnav imalo sega nekoj nov sistem na greenje ladenje centralno
sve bilo na vozuh(mislam ventilaciono)

Каде може да се најде камена волна во Ск?
 
Јас сум при крај со изборот што треба да го направам за греење, мислам дека ќе одам со посечениов модел долу на линков Mitsubishi Air Conditioning MSZ-GC35V.
Понудата е 850 евра комплет со монтажа и 3 години гаранција, има некој идеја дали може да се најде во Македонијава поефтино и подобро нешто од посочениов модел.

http://www.instarom.com/mitsubishi-air-conditioning-msz-gc35va-12000-btu-h-inverter-2593.html

Јас ова го земав, 42 или 43 000 беше, со се монтажа. Според карактеристиките подобар е од овој горе, гаранцијата е исто 3 години. Повеќе инфо во мојот пост погоре.
 
Јас ова го земав, 42 или 43 000 беше, со се монтажа. Според карактеристиките подобар е од овој горе, гаранцијата е исто 3 години. Повеќе инфо во мојот пост погоре.

Се јавив во Хидро Сет (зад собрание), исто така и во Струмица има фирма која е застапник за Фјуџитсу и тој модел чини 39.000 денари без монтажа и мислам дека има гаранција од 2 години, додека со монтажа како и ти што кажа би ме чинело околу 43000 денари што е некои 700 евра. Исто така тука би требало да вкалкулирам пат до Скопје или Струмица кој е некои 50 евра, и би дошол со некоја разлика од 100 евра што признавам не е за потценување, но ќе кажам подоцна што мене ми пречи кај Фјуџитсу.
Споредбено со Мицибушито има малку подобар СOP, како бренд мислам дека Мицибуши е малку подобар од Фјуџитсу и е во рангот на Даикин и ајде некои модели на Тошиба, но и двете клими се по 12000 Btu, што значи се во иста класа.
Независно од тоа мене најмногу ми пречи што и двете фирми застапници за Фјуџитсу немаат овластен сервис во Прилеп, па не можам да си дозволам луксуз ако случајно се расипе климата да чекам сервисери со недели од Скопје или Струмица.

Инаку јас навистина бев и сеуште сум загреан за моделот на Фјуџитсу од 14.000 btu зошто тоа во целост би ми ги задоволувало потребите и во најекстремни услови http://www.fujitsu-general.de/air-conditioners/residential-use/wall-types/asyg-14-lec.html, кој во струмичката фирма беше 850 евра без монтажа. (не прашав во Хидро сет која е цената за тој модел)
Фала многу за информацијата, останатото беше само мое гласно размислување. Ќе се информирам уште еднаш во Хидро сет дали има некаква можност да некоја од фирмите во Прилеп соработува со застапниците на Фјуџисту и ми нуди некаква сигурност кога се работи за сервисирање.
 
Независно од тоа мене најмногу ми пречи што и двете фирми застапници за Фјуџитсу немаат овластен сервис во Прилеп, па не можам да си дозволам луксуз ако случајно се расипе климата да чекам сервисери со недели од Скопје или Струмица.

А Mitsubishi-то од каде би го купил(линк?!) и кој е сервис во пп ?
 
Ќе ве молам, ако некој познава човек кој врши вградување на камини да ми пише тука или контакт по лп.
Значи каминот гусан, со стакло, го имам, треба само да се вгради, па после ќе се обложува со гипс картон.
Стварно ми е потребно и итно, ако некој знае добар мајстор нека пише.
 
http://www.sezadomot.com.mk/ostanati kategorii-kamini.htm
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom