Јас
ова го земав, 42 или 43 000 беше, со се монтажа. Според карактеристиките подобар е од овој горе, гаранцијата е исто 3 години. Повеќе инфо во мојот пост погоре.
Се јавив во Хидро Сет (зад собрание), исто така и во Струмица има фирма која е застапник за Фјуџитсу и тој модел чини 39.000 денари без монтажа и мислам дека има гаранција од 2 години, додека со монтажа како и ти што кажа би ме чинело околу 43000 денари што е некои 700 евра. Исто така тука би требало да вкалкулирам пат до Скопје или Струмица кој е некои 50 евра, и би дошол со некоја разлика од 100 евра што признавам не е за потценување, но ќе кажам подоцна што мене ми пречи кај Фјуџитсу.
Споредбено со Мицибушито има малку подобар СOP, како бренд мислам дека Мицибуши е малку подобар од Фјуџитсу и е во рангот на Даикин и ајде некои модели на Тошиба, но и двете клими се по 12000 Btu, што значи се во иста класа.
Независно од тоа мене најмногу ми пречи што и двете фирми застапници за Фјуџитсу немаат овластен сервис во Прилеп, па не можам да си дозволам луксуз ако случајно се расипе климата да чекам сервисери со недели од Скопје или Струмица.
Инаку јас навистина бев и сеуште сум загреан за моделот на Фјуџитсу од 14.000 btu зошто тоа во целост би ми ги задоволувало потребите и во најекстремни услови
http://www.fujitsu-general.de/air-conditioners/residential-use/wall-types/asyg-14-lec.html, кој во струмичката фирма беше 850 евра без монтажа. (не прашав во Хидро сет која е цената за тој модел)
Фала многу за информацијата, останатото беше само мое гласно размислување. Ќе се информирам уште еднаш во Хидро сет дали има некаква можност да некоја од фирмите во Прилеп соработува со застапниците на Фјуџисту и ми нуди некаква сигурност кога се работи за сервисирање.