Репрезентативците на Босна и Херцеговина се добро расположени пред вечерашниот историски натпревар.
„Змаевите“ ги завршија физичките подготовки пред натпреварот со Португалија, но во текот на денот психички се подготвуваат за одлучувачкиот натпревар. Фудбалерите не сакаа да даваат изјави за медиумите, но според нивниот селектор, тие се подготвени да ги елиминираат Португалците.
На прашањето до Един Џеко за тоа дали ќе ја зачува топката со која ќе ја затресе мрежата на Португалија, тој изјави:
„Ако даде Бог, и тоа ќе го направам“