Џиш... кога веќе до гол алуминиум ќе ги носиш барокот, што велиш на идејата полиран алуминиум па да свети онака... пимпмобил тертип?
Toa и ми беше идејата, ама испадна дека основата не е мазна... има некоја рапава подлога за почеток, која е полна со боја и многу тешко се чисти. Дури и демолот не го прави алуминиумот 100% чист. А со стружење и полирање, неможиш да ги исчистиш вдлабнатините...
Инаку хром бојата ми стои на располагање (можам да ја нарачам во секој момент, за 1 ден ќе дојди во Мкд), само да се најди мајстор што ќе се нафати да ги фарба. По пимп од тоа, неможи да биди. Еве како би изгледале ако се исфарбаат такви
На ebay едно бате ги продаваше за 1000 долари, од таму ми е сликата.
И уште некое сличе од берењето: се убив од шетање по продавници дури го најдов теписонот во коцки... Башк за да бидат прави коцките потрошив 2 квадрати екстра. И мислам дека подобро од оригиналниот изгледа. За кроењето, се како што е на сликите погоре влезе без никаков проблем.
Сум погодил се 100%. Ако има некој да реставрира ваков Мерцедес, слободно да ме контактира за кројките
ги чувам.
Морам да смислам сега и решение за патосници, бидејќи белото екстремно многу се валка. Имам едни црни (оригинални со возилото) но се прилично искористени, така да можно е според нив да скројам нови. Незнам, ќе видиме, основа за работа битно има
-таванот, кој мораше да го преправам, бидејќи оригиналниот беше собран од стоење и за 5 цм не стигаше назад да се закачи под шофрершајбната... никаде неможев да го најдам матерјалот со дупки, па го направив од кожа.
Знам дека крем ќе беше поубав, ама во државава наша насушна, то шо има има. То шо нема и царо нејади. Така да утре ако најдам оригинален матерјал (перфориран, со дупки), купувам 2 метра на 1.5 и го средувам таванот од ново (мада нити матерјал ќе најдам нити ништо)
- преден лев дел (десниот изгледа исто вака, и поради врнежливото време нема да го средам ни викендов)
- со оригиналната патосница (ја кладов бидејќи го палам еднаш на 2-3 дена, па да не се валка белото)