Дали коефициентот на интелегенција на младите опаѓа?

Член од
16 мај 2011
Мислења
5
Поени од реакции
2
На младите не им опаѓа коефициентот на интелегенција, туку баш спротивното ,имаат повисок коефициент на интелегенција од генерациите пред нив ама работата е што не знаат како паметно да го употребат.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Паааа не би рекол.Повеќе би рекол дека одредени типови на вештини се развиваат од колку други.секоја генерација си има свои.Како што еден рече татковците наши знаат по дома да поправат нешто,кола да средат,али затоа на тастатура куцаат како да е вжештена и со едно прсте.Склопуваат работи,поправаат коли,а не може на интернет најобични информации да најдат.Пред тоа дедовците знаеа на нива како да работат,во шума да се снајдат и сл.Од странски јазици само лош српски знаат,додека денешните англиски цепаат ко да се енглези.Секоја генерација има за таа после нејзе коментирано како оглупавува и како е дебилна,а види работата светот сепак иде напред.За тие родени пред 50 години тие родените пред 70-80 викале дека се дебили.Сега тие дебили ги направија компјутерите,ја доусовршија медицината,телекомуникациите ги усовршија........
Тие пред 70-80 години беа дебили за тие родени пред 90-100.Арно ама тие сега 70-80 годишници први одеа во вселената и направија еден куп нови изуми.............
На крајот од крашитата идиоти и генијалци секогаш имало и ќе има.Идиотите што порано надвор од нива не знаеја да се снајдат сега нешто што нема инструкции или не е на компјутер не знаат да направат.......................
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Пер... прајме муабет за 6 годишни деца шо немат ништо попаметно од топкање со топката цел божји ден, 7 дена во неделата, сите сончеви денови во годината. Ко можам јас да го трпам, да не му ја сечам топката ко ќе падни во двор кај мене, можи и тој да оди до продавница посекако нема ништо попаметно за праење. Така? Ама ко ќе ти речи, и сладолед за одењето, а уште не си докажал шо треба да земи од продавница...

Децата што одат на училиште, се башка категорија... си имаат доволно обврски, одење на продавница за комшија, не е една од нив.
Не ми е јасно зошто мислиш дека децата од претшколска возраст имаат морална обврска да пазарат наместо тебе?
По мене, деца од 4-5 годишна возраст не ни треба да се акаат по улици без надзор, а уште помалку да им изигруваат потрчковци на комшиите.
With all due respect, ама мислам дека е срамота здрав прав маж да очекува деца да му пазарат.
Ќе сфатев да се работеше за некој беспомошен старец, ама вака....
Друга работа е што тоа нема ама баш никаква врска со коефициентот на интелигенција.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не ми е јасно зошто мислиш дека децата од претшколска возраст имаат морална обврска да пазарат наместо тебе?
Жими се, на ignor ќе почнам да те клавам... Кај пишав дека децата од предшколска возраст имаат морална обврска да пазарат во мое име? Ако го натерам комшичето да тркне да купи 1 кутија цигари или 1 шише кисела вода од продавница, за тебе е пазарење?

Чудно, за мене пазарење е кога одам да купам 2 гајби вода, 2 гајби пиво, и останати глупости за јадење.

По мене, деца од 4-5 годишна возраст не ни треба да се акаат по улици без надзор, а уште помалку да им изигруваат потрчковци на комшиите.
With all due respect, ама мислам дека е срамота здрав прав маж да очекува деца да му пазарат.
Ти изгледа го имаш промашено делот шо се вика улично школо. По тебе децата треба да седат затворени дома? Жалам, ама далеку си од реалноста.

А кога можи да дојди да ме натера да му инсталирам игри во 10 навечер, да видиш како оди на продавница, јас мислам оди, тој се враќа. Мило за драго. Шо има тука срамота или изигравање поттрчко? Ич да не се секираш, не сум робовладетел нити пак живеам во циганско маало, па да имам 10 циганчиња на лагер за да ми трчкаат по мои работи. Башка кога се работи за нешто поголемо, сам си купувам. Знам да проценам колку можи да пренеси на раце 5 годишно дете.

Ќе сфатев да се работеше за некој беспомошен старец, ама вака....
Друга работа е што тоа нема ама баш никаква врска со коефициентот на интелигенција.
Ите како има врска со коефициентот на интелегенција... ќе размисли 4 пати пред да направи било што... Конкренто за децата во моето маало, знаат дека сум зафатен и дека еднаш во месецот можат да ме начекаат да им инсталирам игри. Па да видиш како им работи интелегенцијата, да ме потпрашаат одоколу дали сум слободен, дали имам време и згора на се, да се договорат меѓусебно кои игри треба да се инсталираат (пошто ако утнат, ќе треба да чекаат наредна прилика).
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ти изгледа го имаш промашено делот шо се вика улично школо. По тебе децата треба да седат затворени дома? Жалам, ама далеку си од реалноста.
Уличното школо. Најдоброто целоживотно школо.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Темава, колку шо глеам е Дали коефициентот на младите опаѓа и пак ќе повторам, не знам каква врска има тоа со фактот што децата нејќеле да ти купуваат кисела вода.Ако сакаш да ја докажеш твојата теза, повели презентирај ни некои релевантни податоци, истражувања и слично, а не да носиш заклучоци дека IQ e намален зашто комшиските деца не ти купувале цигари.
Еве го Калимеро, има 16 години и IQ od 145, според принт скринот, повели и ти направи го тестот, па да видиме дали опаѓа или расте коефициентот на интелигенција.
А за невоспитаноста или разгаленоста на децата, можеш да си отвориш друга тема, со поинаков наслов, па таму да кукаш за тоа.
 
Според скринот, калимеро има доволно голем коефициент на интелигенција за да ги изгугла одговорите. Сигурно не е менса пошо немаше да дреме на форум моментално. А и ќе беше зачленет на менса.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
имам три четири копиљаци у маало ги праќам раткапни да крадат..
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Според скринот, калимеро има доволно голем коефициент на интелигенција за да ги изгугла одговорите. Сигурно не е менса пошо немаше да дреме на форум моментално. А и ќе беше зачленет на менса.
Како и да е, да го тргнеме Калимеро на страна, ако веќе се збори за коефициент на интелигенција нека приложи некој резултати од истражување и слично, after all IQ e нешто што може да се измери релативно прецизно, а не вака да вртиме празни муабети.
Во насловот се спомнува IQ, а се дискутира за
сосема други ствари , од типот " Денешните деца немаат поштовање за постарите" " Во наше време се знаеше редот и слично.
Пак ќе кажам , не знам како фактот што некој копиљ не сака да купи цигари, докажува дека копиљот има низок IQ.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Темава, колку шо глеам е Дали коефициентот на младите опаѓа и пак ќе повторам, не знам каква врска има тоа со фактот што децата нејќеле да ти купуваат кисела вода.Ако сакаш да ја докажеш твојата теза, повели презентирај ни некои релевантни податоци, истражувања и слично, а не да носиш заклучоци дека IQ e намален зашто комшиските деца не ти купувале цигари.
Не бев јас тој што ја заврти темава на овај дел од дискусијата.... така да ако читниш наназад ќе видиш дека некој друг беше...

Како и да е, мојот IQ е слаб.. едвај 50. Можи затоа прости реченици неможиш да ги дешифрираш, па се трудиш да најдиш скриено значење (според некоја твоја претпоставка, која најчесто не е точна).
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Како и да е, мојот IQ е слаб.. едвај 50. Можи затоа прости реченици неможиш да ги дешифрираш, па се трудиш да најдиш скриено значење (според некоја твоја претпоставка, која најчесто не е точна).
Или тоа, или ти не знаеш да ги формулираш речениците.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Според скринот, калимеро има доволно голем коефициент на интелигенција за да ги изгугла одговорите. Сигурно не е менса пошо немаше да дреме на форум моментално. А и ќе беше зачленет на менса.
Коефициентот на интелигенција е само бројка на хартија која ништо не значи во реалноста. Нема никаква вредност надвор од себепотврдувачките тестови. Затворен круг.
Новите парадигми во науката,уметноста,духовноста...не ги носат членови на Менса.

А дали коефициентот опаѓа...i hope so...:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom