Дали машките знаат вистински да сакаат?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.848
какво е тоа ВИСТИНСКО сакање? или сакаш некого/некоја или не го/ја сакаш.
инаку не гледам причина зашто машките не би знаеле „ВИСТИНСКИ“ да сакаат. што сме ние глупи? будали? нетокму? ни фали нешто што незнаеме да сакаме?

искрено прашањево ми личи како некое разочарано 16 годишно девојче од љубовта па бара утеха.
девојки - јасно нека ви биде едно. знаеме да сакаме и тоа повеќе и од вас женските но кога вас ке ви се даде прст вие гравате цела рака па затоа и многу случаеви има каде што машкото не ја изразува во целост љубовта која ја чуствува.
Па види. Има еден член што исто така е разочаран од девојките па бараше некоја чесна. Тоа е нормално.

Инаку, постои и невистинско сакање, односно личноста само мисли дека сака некого. Тоа ретко им се случува на мажите, затоа не ти е јасно. Ние жените можеме многу пати невистински да сакаме :)

Инаку не сте глупи, будали, нетокму... во првиот пост објаснив дека сте паметни. Мажите полесно налетуваат на жена која ,сака, отколку ние што налетуваме на мажи кои ,сакаат,. Зошто вие секогаш сакате ,вистински, или воопшто не сакате :)

Јас сум сведок на повеќе од една машка љубов, знам добро дека поспособни сте од нас за вистинско сакање.

Имаше едно на фб се вртеше ,,девојки, цело време кажувате дека место принцот, ви доаѓа само коњот... можеби е така зошто се однесувате како кобили, а не како принцези?,,... вака е смешно, ама има добра филозофија ;)
--- надополнето: Oct 1, 2011 8:23 AM ---
Мажите знаат да сакат ама 90% немат муда за тоа.
И тоа е вистина. Најчесто од лоши искуства на другари кои сакале, но налетале на девојка која не толку вистински ги сакала нив.
Мојот најдобар пријател, како брат ми е, еднаш беше лудо вљубен во една девојка. Е таа, повеќе од лошо го третираше. После неа, уште долго ја сакаше, но беше свесен дека нема назад со неа, дека таа него не само што не го сака, туку и го ,,заебава,, ама баш добро.
Исто така, после неа, сите девојки ги плаќаа нејзините ,,гревови,,. До душа, тој е искрен, знаат дека не ги сака, но жена како жена, мазохист, пробува да го ,,смени,,. И доаѓаме до заклучокот каде што тој е ,,идиот,, и ,,неспособен за љубов,,. Јас тоа го нарекувам искуство.
По втор пат се вљуби, и исто се изгоре.
Веќе не му кажувам да биде фин со девојките и да не ги ,,искористува,,.
Не се осмелувам, зошто два пати кога беше сосема искрен и сосема искрено се вљуби, дотичните ,,мамата му ја е*аа,,.
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
577
Поени од реакции
179
Зависи од машкото..зависи од возраста..зависи од девојката..ама мислам дека у глобала сите машки знаат и можат да сакаат..некогаш повеќе некогаш помалку...важно е дека знаат и тие што е љубов и сакање и знаат тоа да го покажат и докажат...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Прв пат кога ја видел му била само убава и се запознал со неа и после тоа ја засакал
Исто како што ти ќе видиш некоја у кафич и се пушташ и станувате пар, па по некое време ќе се заљубиш во неа.
Маж што е женет не би требало да им се пушта на други жени за да не дојде до негово заљубување
Во право си..... Љубовната врска има свој тек и развој и можни се промени. Сигурно дека Октавијан не ја сакал Ливија на ист начин на 24 и на 75 години. Но страсна љубов на прв поглед постои ...
Јас сеуште не најдов соговорник за „ изневерувањето “
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Можеби сакаш,но само еднаш вистински.
Машките само еднаш сакаат во животот .
Барем тоа е мојата претпоставка,по многуте ситуации што сум ги приметила кај машките.
Или пак добри глумци се.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Во право си..... Љубовната врска има свој тек и развој и можни се промени. Сигурно дека Октавијан не ја сакал Ливија на ист начин на 24 и на 75 години. Но страсна љубов на прв поглед постои ...
Јас сеуште не најдов соговорник за „ изневерувањето “
Страсна љубов постои да тоа и јас го реков. Ама мислам дека ако стварно ја сака жената , страсната љубов не е причина за инжзневерување...Тој сто посто не си ја сакал првата жена,
 
П

Пепси_

Гостин
Можеби сакаш,но само еднаш вистински.
Машките само еднаш сакаат во животот .
Барем тоа е мојата претпоставка,по многуте ситуации што сум ги приметила кај машките.
Или пак добри глумци се.
Не може да генерализираш на ваква тема глупо е. Секој со своите чуства,а верувам дека ги има кај машките не сме ние камења.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Страсна љубов постои да тоа и јас го реков. Ама мислам дека ако стварно ја сака жената , страсната љубов не е причина за инжзневерување...Тој сто посто не си ја сакал првата жена,
И сега си во право. Октавијан не ја сакал Скрибонија, која му била втора сопруга ( таа била 6-7 години постара од него ). Не ја сакал ниту Клодија, својата прва сопруга која била млада.
Што се однесува до изневерувањето, треба да ја затвориме оваа тема, бидејќи никој не се јави за дискусија. Сепак изневерувањето постои и пред и во бракот. Да ја почневме оваа дискусија, можеби ќе имаше интересни заклучоци. Изневерувањето обично има многу лоши последици, но има и спротивни примери.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.887
Машките знаат да сакаат вистински ама не го признаваат тоа ;) Повеќе се фалат и изиграваат фраери кога ќе кажат дека имаат повеќе женси и мислат само на секс, сето тоа е измислица сепак имаат една во срцето ;)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Треба да го смениме прашањево во Зашто кога машкото вистински и искрено сака некоја тоа го користи и се заебава со него.
Знаат да сакаат и тоа многу ама ради правење фраери,лошо искуство и страв не секој го покажува тоа не би сакал да се изгори пак.Од искуство си го зборам ова.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.664
Поени од реакции
17.551
За да сакаш треба да знаеш да сакаш, за да знаеш треба да искусиш вистинска љубов. За да икусиш треба да те скршат на милиони парченца па да научиш .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom