Дали машките знаат вистински да сакаат?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.848
Ме интересира мислењето на учесниците во овој дел на форумот околу страсното заљубување ма мажи кои се во брак. Се случува, не толку ретко, да маж кој е во брак, запозне друга жена и во неа да се вљуби. Љубовта не е рационален поим и на секој оженет маж, може тоа да му се случи. Што да се прави во ваква ситуација?
Не само мажите се вљубуваат кога се во брак.

Според мене, најчесто тоа се случува кога бракот е или премногу монотон, или пак, влегол во брак од погрешни причини (годините дошле, партнерката бремена....).
Сепак, зависи од ситуација.
Се е подобро, отколку изневерување и работење зад грб на партнерот. Разводот ако е неизбежен, подобар е, од изневерување, или пак, верност, но несреќа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не само мажите се вљубуваат кога се во брак.

Според мене, најчесто тоа се случува кога бракот е или премногу монотон, или пак, влегол во брак од погрешни причини (годините дошле, партнерката бремена....).
Сепак, зависи од ситуација.
Се е подобро, отколку изневерување и работење зад грб на партнерот. Разводот ако е неизбежен, подобар е, од изневерување, или пак, верност, но несреќа.
Веднаш несогласица... И на жените им се случува да вљубат кога се во брак. Всушност ја не се согласувам со дискриминацијта на половите. Безбројни пимери го докажуваат тоа. Знам за случај од Скопје, кога жена и маж и двајцата во бракови со деца, се среќаваат, страсно се вљубуваат, ги напуштаат претходните семејства и формираат своја заедница.
Еве уште еден пример за кој сигурно знаеш. О. беше оженет со С. С. е бремена, но неколку дена пред таа да се породи, О. ја сретнува Л. О. и Л. страсно се вљубуваат еден во друг. О. почекал неколку дена С. да се породи, за да детето се роди во брак и веднаш се развел. Но и Л. е мажена. Таа веќе има едно дете и е во 5-ти месец на бременоста со второто. И таа сочекала детето да се роди во брак и веднаш потоа се разведува и Л. и О се венчаа.
Намерно ги ставив само првите букви од имињата на актерите од оваа љубовна приказна, за да се обидеш да ги погодиш кој се О. и Л. и да ти биде поинтересно. Ако ти или некој друг кој ќе го прочита овој пост, ги погоди овие имиња, следи награда - ќе раскажам еден добар виц. Во секој случај, утре, ќе ги напишам нивните имиња.
За останатото, мислам дека премногу ги упростуваш работите. „ Изневерување “, е поим кој бара поширока опсервација. „ Работење зад грб “ е неморално, јас никогаш не сум работел нешто зад грб не само во љубовна врска, туку во секој поглед. За овие и за другите поими, ќе испратам мислење во следните постови.
--- надополнето: Sep 30, 2011 6:47 AM ---
Машко коа ќе засака губи глава тоа е тоа. машко како што знае силно да сака, жена не може ни да замисли.
Секој маж или жена има свесна или подсвесна представа какви особини треба да ги има посакуваниот партнерот. Мене не ми одговара секоја жена. Но тоа не е доволно. И јас треба да ги поседувам особините кој му се потребни на партнер. Да се совпаднат овие допаѓања е многу ретко, на пример еден спрема десет илјади. Зато сите ние, после неколку обиди и разочарувања да го најдеме идеалниот партнер, сваќаме дека мораме да се задоволиме со компромис.
И тука настануваат проблемите, ако после тоа го сретнеме идеалнит партнер, нормално се руши се и настанува она што ти го нарекуваш „ губење глава “.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Ме интересира мислењето на учесниците во овој дел на форумот околу страсното заљубување ма мажи кои се во брак. Се случува, не толку ретко, да маж кој е во брак, запозне друга жена и во неа да се вљуби. Љубовта не е рационален поим и на секој оженет маж, може тоа да му се случи. Што да се прави во ваква ситуација?
Тоа што мажот ке ја изневери жената немора да значи дека се заљубил во љубовницата, само сака секс ...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тоа што мажот ке ја изневери жената немора да значи дека се заљубил во љубовницата, само сака секс ...
Не би се сложил со „ само сака секс “ Туку би рекол, сака да добије нешто што не успеал да го добие во врската со сопругата.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Не би се сложил со „ само сака секс “ Туку би рекол, сака да добије нешто што не успеал да го добие во врската со сопругата.
ок сеедно, поентата ми е никој не може да се заљуби за една недела толку силно за да се разведе , туку како што кажа ти бара нешто што не го добива од сопругата
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ок сеедно, поентата ми е никој не може да се заљуби за една недела толку силно за да се разведе , туку како што кажа ти бара нешто што не го добива од сопругата
Може, може... Се случува заљубување и со еден поглед. Се зависи од личностите.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.848
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А тоа е и првата реченица од мојот пост :)

Инаку, немам поим кои се овие кои ги наведе....
О. е Октавијан Август, првиот римски император.
С. е Скрибонија, втора жена на Октавијан и мајка на неговата единствена ќерка Јулија Постарата.
Л. е Ливија Друзила, трета жена на Октавијан, мајка е на императорот Тиберие, баба на Клаудие, прабаба на Калигула и прапрабаба на Нерон.
Октавијан, за првпат, ја видел Ливија во октомври 39 година п.н.е. како поминува во носилка преку Римскиот Форум и веднаш се вљубил во неа. Истиот месец, Скрибонија се породила и на денот на пороѓајот Октавијан се развел од Скрибонија. Ливија се породила на 14 јануари 38 година п.н.е., а веќе на 17 јануари Октавијан и Ливија се венчале. На денот на венчавката Октавијан имал 24 години, а Ливија 19. Бракот траел 51 година, се до смрта на Октавијан 14 година од н.е.и бил многу среќен. Октавијан ја обожавал Ливија. Ливија му била не само сопруга туку најблизок советник и соработник.Таа сама, своерачно, ја ткаела и шиела облеката за него и тој носел само таква облека. Во бракот немале деца. Во последните моменти на животот, Октавијан посакал да биде со неа и починал на нејзините раце.
Повеќе за актерите на оваа страсна љубовна приказна имаш на интернет.
Сега се враќам на темата која ја навестив - изневерувањето. Љубовта, меѓу Ливија и Октавијан е многу драматична и страсна, но, за време на бракот, Октавијан цело време ја изневерувал Ливија и затоа, како увод, ја одбрав токму нивната љубовна приказна.
Незнам со сигурност какви се твоите ставови околу ова, но насетувам дека се негативни. Ти велиш: Се е подобро, отколку изневерување и работење зад грб на партнерот. Разводот ако е неизбежен, подобар е, од изневерување, или пак, верност, но несреќа.
Јас го оспорувам ова негативно тврдење и за почеток на дискусијата ќе го заземам следниов став:
Секој маж или жена во свеста или подсвеста има зацртано каков партнер му одговара. Меѓутоа мала е веројатноста да пронајде партнер кој ги има сите посакувани особини. Од друга страна и да најдеме таков партнер, можеби нему не му одговараат нашите особини, па врската не е можна. Значи, секој мора да се задоволи со компромис. А еве што компромисот значи, најден е партнер кој ги има најголем дел од посакуваните особини, но има и особини кој му недостасуваат или има неповолни особини за нешто што не интересира. Во тоа ја гледам улогата на изневерувањето. Во партнерот од надвор ги бараме оние особини кој нашиот партнер ги нема и таму ги остваруваме нашите потреби кои не можеме да ги оствариме во основната врска.
Е тоа би бил мојот почетен став кој ќе се обидам да го одбранам.
Жал ми е но „ наградата “ не ја освои, па вицот кој е стварно добар, ќе го прочиташ покасно.
--- надополнето: Sep 30, 2011 11:11 PM ---
Тоа што некој се запалил на прв поглед не е исто што и љубов........
Еве ти пример кој те демантира. Октавијан се заљубил на прв поглед и 51 година бил во брак со Ливија ме интересира како ќе го коментираш ова
--- надополнето: Sep 30, 2011 11:17 PM ---
Доколку едно машко е со девојката која искрено ја сака, и таа му возвраќа на ист начин, никогаш нема да ја замени со друга... за разлика од женските кои многупати не знаат да го ценат тоа...
И овде зборуваме за искрено сакање
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Еве ти пример кој те демантира. Октавијан се заљубил на прв поглед и 51 година бил во брак со Ливија ме интересира како ќе го коментираш ова
--- надополнето: Sep 30, 2011 11:17 PM ---

И овде зборуваме за искрено сакање
Прв пат кога ја видел му била само убава и се запознал со неа и после тоа ја засакал
Исто како што ти ќе видиш некоја у кафич и се пушташ и станувате пар, па по некое време ќе се заљубиш во неа.
Маж што е женет не би требало да им се пушта на други жени за да не дојде до негово заљубување
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Мажите знаат да сакат ама 90% немат муда за тоа.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
какво е тоа ВИСТИНСКО сакање? или сакаш некого/некоја или не го/ја сакаш.
инаку не гледам причина зашто машките не би знаеле „ВИСТИНСКИ“ да сакаат. што сме ние глупи? будали? нетокму? ни фали нешто што незнаеме да сакаме?

искрено прашањево ми личи како некое разочарано 16 годишно девојче од љубовта па бара утеха.
девојки - јасно нека ви биде едно. знаеме да сакаме и тоа повеќе и од вас женските но кога вас ке ви се даде прст вие гравате цела рака па затоа и многу случаеви има каде што машкото не ја изразува во целост љубовта која ја чуствува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom