Не само мажите се вљубуваат кога се во брак.
Според мене, најчесто тоа се случува кога бракот е или премногу монотон, или пак, влегол во брак од погрешни причини (годините дошле, партнерката бремена....).
Сепак, зависи од ситуација.
Се е подобро, отколку изневерување и работење зад грб на партнерот. Разводот ако е неизбежен, подобар е, од изневерување, или пак, верност, но несреќа.
Веднаш несогласица... И на жените им се случува да вљубат кога се во брак. Всушност ја не се согласувам со дискриминацијта на половите. Безбројни пимери го докажуваат тоа. Знам за случај од Скопје, кога жена и маж и двајцата во бракови со деца, се среќаваат, страсно се вљубуваат, ги напуштаат претходните семејства и формираат своја заедница.
Еве уште еден пример за кој сигурно знаеш. О. беше оженет со С. С. е бремена, но неколку дена пред таа да се породи, О. ја сретнува Л. О. и Л. страсно се вљубуваат еден во друг. О. почекал неколку дена С. да се породи, за да детето се роди во брак и веднаш се развел. Но и Л. е мажена. Таа веќе има едно дете и е во 5-ти месец на бременоста со второто. И таа сочекала детето да се роди во брак и веднаш потоа се разведува и Л. и О се венчаа.
Намерно ги ставив само првите букви од имињата на актерите од оваа љубовна приказна, за да се обидеш да ги погодиш кој се О. и Л. и да ти биде поинтересно. Ако ти или некој друг кој ќе го прочита овој пост, ги погоди овие имиња, следи награда - ќе раскажам еден добар виц. Во секој случај, утре, ќе ги напишам нивните имиња.
За останатото, мислам дека премногу ги упростуваш работите. „ Изневерување “, е поим кој бара поширока опсервација. „ Работење зад грб “ е неморално, јас никогаш не сум работел нешто зад грб не само во љубовна врска, туку во секој поглед. За овие и за другите поими, ќе испратам мислење во следните постови.
--- надополнето: Sep 30, 2011 6:47 AM ---
Машко коа ќе засака губи глава тоа е тоа. машко како што знае силно да сака, жена не може ни да замисли.
Секој маж или жена има свесна или подсвесна представа какви особини треба да ги има посакуваниот партнерот. Мене не ми одговара секоја жена. Но тоа не е доволно. И јас треба да ги поседувам особините кој му се потребни на партнер. Да се совпаднат овие допаѓања е многу ретко, на пример еден спрема десет илјади. Зато сите ние, после неколку обиди и разочарувања да го најдеме идеалниот партнер, сваќаме дека мораме да се задоволиме со компромис.
И тука настануваат проблемите, ако после тоа го сретнеме идеалнит партнер, нормално се руши се и настанува она што ти го нарекуваш „ губење глава “.