Друже бе, секој има право да критикува, ама едно е нашата критика, друго е критика на постручни од нас. Секое мислење си има тежина. Критиката треба да е поткрепена со некакви факти. Не е факт дека играчите изгубиле самодоверба, тоа е само твое мислење. Факти има поинакви и тие можат да се проверат: факт е дека дечките беа исцрпени, дека играа со последни сили. Факт е дека некои од нив игра под инфузии. Факт е дека Русија е повисока екипа и не надскока. Факт е и дека е поквалитетна екипа. Факт е дека има повеќе играчи на располагање. Сите тие се факти зошто лесно можат да се проверат и потврдат.
Ти немаш факти, имаш претпоставки врз кои го градиш своето мислење и после ни го наметнуваш овде на сите.
ФАКТ е дека ти не го разбираш изгледа значењето на зборот ФАКТ и покрај тоа што си го употребил 20 пати во 3 реченици. Се надевам од следниве примери ќе ти стане појасно..........преку примери со ФАКТИ !!!
==========================================================================================================================
ФАКТ е дека Македонија пропушти шанса да ЛАПНЕ медал на првото европско првенство од 24 тима (уште еден голем плус како и би не памтеле полесно во историјата на европските првенства, како репрезентација која на само свое 3 учество (или кажано "од вчера") освоила медал и тоа на првото еуро во Литванија далечна 2011 година, за првпат со 24 тима, покрај тоа што го издувала и домаќинот во 1/4 финале (му ги скратила маките рано) !!!!!!!! (да знаше дека дека таква репрезентација нема во историјата !!)
ФАКТ е дека заморот (за кој сите кажуваат сега ) не може и не треба да се става на преден план, главна причина за поразот со Русија !!!! (пример Франција го играше 1/4 и 1/2 со Грција и Русија два дена, едноподруго - 15 и 16 Сеп. и ги издува и двете - ние имавме цели 48ч. пред мечот за медал - факт е дека Франција, која имаше исто така 2 дена пауза до мечот со Шпанија не изгуби ради заморот, туку затоа што бананите на IBAKA им се сладија мноооооогу во втората четвртина !!!!!!!!
ФАКТ е дека оваа шанса (да се игра за МЕДАЛ !!!!) нема да ја имаме на секое првенство (независно од случувањата и просперитетот/иднината на кошарката во МК). Во ситуација ако остане форматот од 24 тима факт е дека тоа ќе биде многу тешко. ФАКТ е дека и многу од појаките репрезентации се засегнати од ФАКТОТ што денес секој игра кошарка во Европа и дека тоа што го направи Македонија во Литванија може ќе го направи една Британија во Словенија итн...........или факт е дека нема натпревари и медали добиени на стара слава.........за ниедна репрезентација...........туку многу КРВ на терен
ФАКТ е и дека имавме веќе еден меч со Русија од ова првенство одиграно и снимката од тој меч требаше да послужи и помогне како лекција за мечот за МЕДАЛ, и фактот што загубивме 2 меча од ист противник на првенствово на ист начин (тесно, во последните минута две) МНОООООГУ БОЛИ........ПОСЕБНО ОНАА ЗА МЕДАЛ !!!!!
ФАКТ е дека најдобрата игра на првенството ја покажавме против Шпанија (со максимална/рамномерна ангажираност од сите играчи......секој колку може), не затоа што сега Шпанија е злато и најдобрата реп на првнеството туку затоа што им начукавме дури 80 поени и цели 3 четвртини го играа орото Шпанците по темпо кое ние го диктиравме ........што секако е голем успех...........(ние сме втора реп на првенството која им начука на Шпанија најмногу поени ( 80), покрај оние 85 на Франција од финалето !!!!!!!)
ФАКТ е дека двата меча со Русија ги одлучија скоковите !!!!!!!............двата меча со Русија идентични во тој поглед со доминација на Русите............22 о 21 д =43 за Русија и 14 о 11д =25 МК во вториов меч.........а првиот меч Русија 14о 31д = 45 и МК = 28= 6 о 22 д........................бројките говорат за себе. ТОЧКА
ФАКТ е дека Самарџиски е "мајстор" да направи еден куп фаули за многу кратко време и да не осакати САГЛАМ (да не се чудиме после зошто толкава разлика во скокови во ситуација кога играме со Русија и тоа без центар поголемиов дел од играта...........особено битно за вторава утакмица )
ФАКТ е дека квалификацискиот турнир за ЛОНДОН ќе биде пекол и нема гаранција за успех (дури и сите кај нас да бидат здрави и прави) - едноставно за Олимпијада се работи и ќе биде кланица - а репрезентациите кои ќе учествуваат не се заебанција............т.е сите ќе го дадат максимумот........или ФАКТ Е ДЕКА ПРЕДИЗВИКОТ НАРЕЧЕН ОЛИМПИЈАДА НЕ НИ Е НАЈДРАГ САМО НАС !!!!!!!!!!!
ФАКТ е дека ЌЕ БЕШЕ фантазија ДА СИ ДОЈДЕМЕ СО БРОНЗА...........огромен БОНУС........2nd ORGASM - CLIMAX..........и во ситуација дека кога си да играш за медал (си стасал до таму) а не си го освоил, едноставно тоа е неуспех - пропуштена шанса - како сакаш кажи го - не само за Македонија.....ЗА било која реп. независно кој спорт и како истата стасала во таа ситуација да игра за медал - на среќа или со многу пот и труд.......ДА НЕ СЕ ТЕШИМЕ НАПРАЗНО ................ !!!!!!!!!!
ФАКТ е дека бевме најголема сензација/изненадување на ова еуро и дека секој трет пост/колумна на ФИБА беше за нас...........делата говорат сами за себе.....им годело или не тоа на душманите и нашето опкружувањето и пошироко !!!!!!!!!!!
ФАКТ е дека BO заслужува една биста/споменик/моментум да го обележи овој период од кошарката во нашата држава и пред се како благодарност за она што тој го направи за НАС...........(искрено се изнафрлаа еден куп пари на магариња, коњи ......нека биде И нешто поскромно...........може и на пример името на некоја нова МОДЕРНА спортска сала во изградба - да го носи неговото име !)
ФАКТ е дека ми е криво за бронзата...............УШТЕ !!!!!!!