Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Само ја се израдував што Самарџиски во последниве две утакмици изгледаше тотално ОПУШТЕН и почна да игра као ПРАВ центар ???

САМО НЕКА ПРОДОЛЖИ ВАКА !!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кај Самарџиски напедокот во последните 2 утакмици беше очигледен.Како друг играч да беше...играч кој што не се плаши да шутне кога е во напад и играч кој што не се плаши да се постави и да блокира во одбрана.Доста млад играч е Самарџиски има 25години сега потпиша договор во Литванија така да очекувајте напредок кај него.Напредок очекувам и од Војдан кој што потпиша за Украинска екипа,а голема е веројатноста да игра и во Италијанска екипа ...Илиевски,Антич,МекКејлеб ќе бидат тука и за наредното европско да не заборавиме и на играчите кој што поради повреда не беа во можност да пристигнат во Литванија и никако да не се заборави на двајцата малди кој што беа на клупа и кој што ич не влегоа.За наредното европско би требало да имаме одлична екипа,екипа која што во најмала рака ќе треба да го повтори овој успех.
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Абе уствари па сеа што се праиме сите стратези некои јаки!! Докузовски извади максимум од играчите и заслужено освоивме 4-то место. Неверојатен успех!! Сега треба да ги испочитуваме играчите и да ги поздравиме за успехот се друго ке биде многу кретенски од нас! И више се исклучувам од форумов пошо ми прекурчија експерти!! Можело она можело ова- па и русите можеа подобро да одиграат па не одиграа...
Место сеа се најубаво да збориме за кошаркарите ние ке лаеме по нив... еб... дебилите!!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
епа џену затоа сум толку исфрустриран, сакав нашиве да ја земат бронзата, никој не ја заслужуваше повеќе од нас, затоа бев изнервиран до даска и реагирав така, бев нервозен до оној момент кога го видов Бо со знамето наше, тогаш ко голем товар да ми падна од срце, и се потсмирив малку,
Точно, се бореа и плус игравме без Тоше :( На Војдан сигурно му е најтешко што го утна тоа, ни Перо денес не беше на висина на задачата ама од мене простено им е се. За нив сакав да освојат, да имаат нешто како спомен на ова херојство :( За Бо немам што да кажам, арно ми искоментираа на мојот ФБ - Поголем Македонец од некои друго Македонци.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Дамјан утна, да се разбереме. Војдан е про. :)
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Овој успех мора да е поттик за инвестиции и работа со младите категории ако сакаме да одржиме некаков континуитет за идните првенства или да се надеваме на медал. Кога со само 6. 7 играчи го извадивме ова, не знам кај ќе ни беше крајот да имавме поквалитетна клупа.
Сепак има квалификации за олимпијада, европските првенства се на 2 години, репрезентацијата ќе биде горе долу иста, со повеќе искуство и се надевам со повеќе играчи кои ќе можат да изиграат квалитетно..се надевам ќе можат нашите да ни дадат уште вакви радосни моменти на овие 2 турнири и ако не борба за медал барем приближен успех како овој би бил одличен барем за мене.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Tој аргумент не држи ама баш воопшто вода...никој не ја негира фантастичната игра против Шпанија,ниту против Литванија,итн...но денес,во веројатно единствената шанса во кариерата на Влатко Илиевски и Гечевски да освојат медал на големо натпреварување целиот тим освен Бо и Илиевски потфрли.

Не е проблем кај Дамјан што не знае да даде кош од едно метро,да одиграше добар меч,ке се прости...затоа на крај требаше да шутнат или Бо или Владо затоа што ја заслужија таа одговорност.
Проблемот е што Дамјан не погоди ништо,направи 3 фаули кои не ставија во бонус за 1 минута,заради кои директно не водевме по 3-та четвртина и направи 4-ти фаул на 4 секунди пред крај на истата,фаул без топка,со кој им подари уште два поени на Русите со кои водеа 52-50 наместо да влеземе во последната со нерешен резултат.Колку пати во текот на првенството правеше такви фаули?Фаул за 3 во последна секунда,фаул-кош,итн.
Една работа е умор а друга 3 фаули на Самарџиски за 2-3 минути,надвор од рекет,бунари и изгубени топки на Чековски,итн.
Јас сум прегорд на играчите и затоа ми е толку криво што не се враќаат со медал...не за мене,за нив.Уште повеќе ми е криво кога ќе видам дека немаме младина.Па луѓе мои играме со 5(со Гечевски 6)
играчи цело првенство.Освен 2-3 тројки против Грција,Чековски,Дамјан и Соколов тотално потфрлија и Докузовски не можеше да ги одмори првите 5 ни минута без да падне резултатот.
Срамота е да се ставаат Соколов,Чековски и Дамјан во исти пакет со Бо и Илиевски...тоа е реалноста,а ако сакаме да се мериме кој е поголем патриот ти можеш слободно и Симоновски да кажеш дека имал придонес во играта.
Како и да е,не знам за другите ама по 20 години спортска беда не можам да го игнорирам фактот дека изгубивме ваков меч,боли и нема утеха.
Пред 2 денови напишав пост по мечот со Шпанија,дека најмногу сум горд на фактот што овој тим игра со самодоверба,верба и без страв...Дамјан денес покажа дека сеуште треба да јаде вреќи леб за да има таков менталитет,затоа што немаше никаква верба во самиот себе,слика што ја гледаме 20 години наназад.
Верувај нејќам да ти реплицирам ,не сакам да бидам баниран.Мислам дека ми го читаш мислењето.Те поздрави секуловска!
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.159
Поени од реакции
28.932
Не боли сите бе друже и нас и нив.
Единствено што фали во овој тим е висок играч што ќе фаќа топки, и Шпанците и Русите не добија на офанзивни скокови а не дека беа нешто подобри. Али тој проблем ќе биде решен со здрав Тоше и Кирил.
 
M

Moon Child

Гостин
Сепак треба да покажеме разбирање, не е мала работа да одлучува во последниот миг. Притисокот и тремата се преголеми, психата го јаде. Па јас да бев на негово место ќе престанев да функционирам од сета таа возбуда. Немам забелешки и мислам дека не е во ред да седнеме и да плукаме затоа што промашил, лесно е да збориме ние одстрана, но да сме му биле во кожата друго е.
Денес се изиритирав од Антич, искрено ако сакате ставете ме на бесилка, ама човекот на почетокот од натпреварот за ништо не го биваше!
Сега се надевам за Европското во ракомет, мислам дека свеста е колку-толку подигната и дека после овие денови и ракометарите ќе дадат се од себе :) Дај Боже.

Сите што ќе одат утре да ги пречекаат убаво да си поминат, нека слават и за мене, за жал не сум во можност да присуствувам, терминот е тиње.:(
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
За да сфатиме за каков успех се работи, помислете што би било Македонија да беше четврта во Европа во фудбал.

Мене искрено, најмногу ми значи победата против Хрватска. Јас прв пат од кога гледам Македонски репрезентации, значи прв пат, имавме случај ние да бидеме екипата со победнички менталитет. Им се вратимве на Хрватите од -11, за мене тоа е фантастичен успех. Имавме и многу среќа на овој турнир, Литванците ни подарија шут за победа, но среќата не само што ги прати храбрите, ги прати и оние кои се спремни да се изборат за ситуација во која среќата може да ти заврши работа. Ако губемве десетина коша разлика, никаква среќа немаше да може да ни помогне...

Сега треба да градиме врз овој успех, не само во кошарката, туку во сите екипни спортови. Единствено во фудабал не можеме ништо да направиме, се додека Хари не го стрефи нешто...
 
K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Абе ја те сфаќам тебе, лесно ти е позади тестатура да си типкаш теории, фантазии и перфектен плеј од нашиве играчи, па уз сокче/кафе/цигара, милина. :)

Кога ќе отидеш ти таму, да се тепаш со руски говеда од 2 метри, да парираш на пик енд рол тактики од Литванија кои носат 80+ поени на натпревар и да играш против НБА шпанска петорка, тогаш ќе ти дадеме простор да анализираш околу Дамјан, Чековски и сите други кои "грешеле".
А за Дамјан, дечкото имаше кош во рака за трето место, медаља еј...па 99% од вас ќе се здркаат кога ќе треба да шутнат за победа во маалски баскет, не па ваков ранг на натпреварување.
Како прво,фактот што јас не сум кошаркар не игра никаква улога во тоа дали имам право на критицизам,особено кога тој е на место.Само типови со мала интелегенција го употребуваат тој аргумент.

Тој не е пратен таму затоа што е убав или паметен,пратен е да игра максимално а не да игра со страв...да се плашеа сите,тоа ќе држи,кога се плаши само еден,критицизамот е неизбежен особено кога се работи за најважниот натпревар во историјата на Македонскиот екипен спорт.

Многу ми се занимливи сега сите патриоти кои се гордеат со фактот дека ако се каже лош збор за некого тогаш,тие како чувари на државата ќе го навредуваат и ќе им ја бранат честа како да зборуваме за 12 годишни девојчиња а не за возрасни мажи.

Колку сте само малодушни кога се радувате на 4-то место,кое беше освоено уште пред 4 денови а фактот што златни играчи како Илиевски ќе останат без медал го третирате како никаков затоа што вашиот патриотски менталитет е задоволен.

Факт е дека 4-то е историски,легендарен успех ама тоа не игра никаква улога во тоа што се случуваше денес.Медал е медал...не случајно има само 3 екипи на подиум...да,нашите ќе останат вечно запаметени од нас,ама ако победеа дека ќе беа вечно пишани во историјата на Европската кошарка.Преку глава ми е од таа проклета потчинетост и ужасно иритирачка скромност што ја имаме кога е во прашање Македонија...секогаш ние сме ''морални'' победници,секогаш ние играме за се освен за титула/трофеј/медал.Секогаш само одиме да учествуваме и толку.

Ова е прв тим што отиде да се НАТПРЕВАРУВА,да не се плаши,тим што покажа дека имаме квалитет за повеќе од морални победи,имаме квалитет за медали.

Доста беше од само-потценување и сомнеж во нашите вредности...кога ќе прочитам сега некој како пак само тоа упорно го цитира дека освоивме 4-то место како да тоа е нашиот максимум,ми оди да го фрлам компјутерот од прозор.Фактот што денес изгубивме поради тоа што некои играчи ја заборавија самодовербата во соблекувална е тоа што најмногу ме нервира.

Се додека немаме дрскост да бидеме најдобри,никогаш нема да бидеме најдобри.Ова првенство покажа дека 90% е во главата и срцето...со 5 играчи им париравме на сите...така што одстранете ја таа малодушност и прифатете веќе еднаш дека тоа што сме Македонци не значи дека во било која смисла послаби од било кој друг...тука едноставно секогаш се плашевме да провериме дали е така.И откако ја победивме Грција,Литванија,и се држевме на Шпанија како никој да гледам како се плаши да шутне...епа не можам да се помирам со тоа па макар ме правело и непатриот.
 
Како прво, те молам не си врти филмови "сам против сите". Спомнав некаде дека си непатриот? Не.

Јас ти реков да бидеш кошаркар бар на еден ден, да осетиш притисок па тогаш да збориш. Во тие пола секунда кои ти сега ќе земеш да ги анализираш како и што можел Дамјан, за тебе поминуваат поспоро отколку за него. Ако си бил некогаш во официјален кошаркарски натпревар ќе сфатиш како идат тие работи.

Ти реков, лесно ти е да збориш за самодоверба како од Најки реклами, али дечкиве играат против Кириленко и Гасол. Што мислиш ти, зашто е Кириленко у НБА, а не е Антиќ или Самарџиски, ради лепи очи?

Јас ги бранам дечките од кошаркарски аспект, а секој кој тренирал кошарка и учествувал на утакмици ќе ме поддржи. Аналитичари имаме колку сакаш, али играчи имаме толку колку што пративме во Литванија. А јас сега да земам и да анализирам вечерва ќе најдам милион грешки и во играта на Шпанија, до тој степен што и Гасол ќе биде најголемо дрво на планетава...ама работите не идат по тој принцип, тоа пробувам да ти го објаснам.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Ова е прв тим што отиде да се НАТПРЕВАРУВА,да не се плаши,тим што покажа дека имаме квалитет за повеќе од морални победи,имаме квалитет за медали.

Доста беше од само-потценување и сомнеж во нашите вредности...кога ќе прочитам сега некој како пак само тоа упорно го цитира дека освоивме 4-то место како да тоа е нашиот максимум,ми оди да го фрлам компјутерот од прозор.Фактот што денес изгубивме поради тоа што некои играчи ја заборавија самодовербата во соблекувална е тоа што најмногу ме нервира.

Се додека немаме дрскост да бидеме најдобри,никогаш нема да бидеме најдобри.Ова првенство покажа дека 90% е во главата и срцето...со 5 играчи им париравме на сите...така што одстранете ја таа малодушност и прифатете веќе еднаш дека тоа што сме Македонци не значи дека во било која смисла послаби од било кој друг...тука едноставно секогаш се плашевме да провериме дали е така.И откако ја победивме Грција,Литванија,и се држевме на Шпанија како никој да гледам како се плаши да шутне...епа не можам да се помирам со тоа па макар ме правело и непатриот.
Е ова веќе ти е на место!

А мене ми е многу мило дека кошаркарите придонесоа за вакви слики:

Кошаркарите си го сторија своето ,ги навлекоа младите...
Очекувам сега од МКФ посериозен пристап со младите категории за да не ни е ова четврто место само моментален блесок!
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Добро бе како може да има разочарани луѓе од пласманов?!

Па пред нас се само Русија, Франција и Шпанија...тие имаат играчи вредни милиони, нба и европски ѕвезди, многу титули и медали. Имаат совршени подготовки, сали, припреми уште од најмали нозе.
Нашиве се деца на јуниор, мзт, работнички, балканстил... деца што тренирале на бетон во Скопје, Кавадарци, Струмица... Што имаа припреми на 40 степени во Борис, нема државава за нив пари за дресови резервни а не па за нешто друго да им плаќа, не ни ги испративме ние, немаа никаква подршка пред европсково ни од нас ни од медиумите, отидоа како обични кошаркари кои се молеа да победат барем 3 од 5 селекции во првиот круг и здравје боже да влеземе само во втор, па и без победа да е. А они дојдоа до последниот ден на ова европско, и се бореа машки за бронза!

Затоа се херои за мене, затоа капа им симињам.
Да ни се здрави и живи, да добиваат се појаки договори од најдобрите тимови, да не почнат од славава да се занесуваат како сите други играчи на европсково и игурна сум дека за 2 години ќе играме пак последниот ден во Словенија, со уште поголем инат, похрабро, со лавовско срце, за цела нација :love:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom