Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.630
Поени од реакции
59.547
Како прво,фактот што јас не сум кошаркар не игра никаква улога во тоа дали имам право на критицизам,особено кога тој е на место.Само типови со мала интелегенција го употребуваат тој аргумент.

Тој не е пратен таму затоа што е убав или паметен,пратен е да игра максимално а не да игра со страв...да се плашеа сите,тоа ќе држи,кога се плаши само еден,критицизамот е неизбежен особено кога се работи за најважниот натпревар во историјата на Македонскиот екипен спорт.

Факт е дека 4-то е историски,легендарен успех ама тоа не игра никаква улога во тоа што се случуваше денес.

Ова е прв тим што отиде да се НАТПРЕВАРУВА,да не се плаши,тим што покажа дека имаме квалитет за повеќе од морални победи,имаме квалитет за медали.

Фактот што денес изгубивме поради тоа што некои играчи ја заборавија самодовербата во соблекувална е тоа што најмногу ме нервира.

.
Друже бе, секој има право да критикува, ама едно е нашата критика, друго е критика на постручни од нас. Секое мислење си има тежина. Критиката треба да е поткрепена со некакви факти. Не е факт дека играчите изгубиле самодоверба, тоа е само твое мислење. Факти има поинакви и тие можат да се проверат: факт е дека дечките беа исцрпени, дека играа со последни сили. Факт е дека некои од нив игра под инфузии. Факт е дека Русија е повисока екипа и не надскока. Факт е и дека е поквалитетна екипа. Факт е дека има повеќе играчи на располагање. Сите тие се факти зошто лесно можат да се проверат и потврдат.

Ти немаш факти, имаш претпоставки врз кои го градиш своето мислење и после ни го наметнуваш овде на сите.
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Како прво, те молам не си врти филмови "сам против сите". Спомнав некаде дека си непатриот? Не.

Јас ти реков да бидеш кошаркар бар на еден ден, да осетиш притисок па тогаш да збориш. Во тие пола секунда кои ти сега ќе земеш да ги анализираш како и што можел Дамјан, за тебе поминуваат поспоро отколку за него. Ако си бил некогаш во официјален кошаркарски натпревар ќе сфатиш како идат тие работи.

Ти реков, лесно ти е да збориш за самодоверба како од Најки реклами, али дечкиве играат против Кириленко и Гасол. Што мислиш ти, зашто е Кириленко у НБА, а не е Антиќ или Самарџиски, ради лепи очи?

Јас ги бранам дечките од кошаркарски аспект, а секој кој тренирал кошарка и учествувал на утакмици ќе ме поддржи. Аналитичари имаме колку сакаш, али играчи имаме толку колку што пративме во Литванија. А јас сега да земам и да анализирам вечерва ќе најдам милион грешки и во играта на Шпанија, до тој степен што и Гасол ќе биде најголемо дрво на планетава...ама работите не идат по тој принцип, тоа пробувам да ти го објаснам.
Самодоверба како од Најк е едно...неговото промашување е сосема друго.Никој не бара од него да преземе одговорност,да ја носи Македонија,требаше да го погоди тоа што беше потешко да се промаши.

Од друга страна барање ситници на Гасол којшто е играч од светски калибар и Дамјан па и Чековски се две сосема различни работи...зошто не го критикувам Антич?Или Бо или Илиевски?

И тие губеа топки,правеа грешки ама 4-те лични и промашувањето на крај не чинат медал којшто никогаш не сме го имале.Не е ова прво коло или меч за 7- мо место па било што било.

И не е само послениот шут...дечкото игра уплашено цело првенство,за разлика од брат му.Тоа дека нема искуство не држи вода кога неговиот брат близнак играше фантастично и самоуверено цело првенство.Или имаш мадиња или немаш.
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Друже бе, секој има право да критикува, ама едно е нашата критика, друго е критика на постручни од нас. Секое мислење си има тежина. Критиката треба да е поткрепена со некакви факти. Не е факт дека играчите изгубиле самодоверба, тоа е само твое мислење. Факти има поинакви и тие можат да се проверат: факт е дека дечките беа исцрпени, дека играа со последни сили. Факт е дека некои од нив игра под инфузии. Факт е дека Русија е повисока екипа и не надскока. Факт е и дека е поквалитетна екипа. Факт е дека има повеќе играчи на располагање. Сите тие се факти зошто лесно можат да се проверат и потврдат.

Ти немаш факти, имаш претпоставки врз кои го градиш своето мислење и после ни го наметнуваш овде на сите.
Јас не наметнувам мислење на никого...ниту ме интересира дали некој се согласува или не.Ти си имаш твое и јас го почитувам ама ако мислиш дека Дамјан и Чековски којшто сам правеше бунари за тројка и фрлаше топки на другиот крај на терен играа самоуверено и сигурно тогаш немам што да ти кажам освен дека немаш некое познавање од човечката психологија.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Доста со тоа, ФАКТ Е ДЕКА БЕВМЕ ЕДИНСТВЕНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КОЈА ИГРАШЕ СО СРЦЕ НА ЕВРОПСКОВО!
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.371
Поени од реакции
5.461
Повторно среќата беше на нивна страна !!!
"Нече лопта поштеног човека"
Овие Русите големи тртлаци се !!! Во последните 3 натпревари 2 пати изгубивме со по 2 поени, а еднаш со 4 поени разлика....
Се виде голем замор кај нас, не е мала работа во 15 дена да изиграш 11 утакмици СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА НАШИТЕ МОМЦИ !!! За вакво нешто пред се треба физички да си спремен, а после психички :D
Ако се земи воглавно цел натпревар ќе видите дека бевме КАТАСТРОФАЛНИ за скок, тука изгубивме многу поени така да не е вината само на Дамјан...
Неќам да плукам по никој, сите за заслужни за овој успех, секој дал свој придонес на некоја утакмица, но Чековски мислам ја претера со тројките, кога гледаш дека не оди додавај само, последните натпревари Чековски е ист како Антич шо беше на онај турнирот во Словенија пред Европското, тогаш само Антич си шутираше за 3 поени, а реализацијата беше катастрофална...
Треба да сме горди на овој успех, заслуживме медал ама то е...
Цело Европско време игравме со 7 играчи, за разлика кај другите репрезентации добиваа шанса скоро сите, јас незнам зошто воопшто беа земени Симоновски и Димчевски кога немавме никаква корист од нив...
За следното Европско во Словенија, мислам треба да си ја задржиме истата репрезентација само на местото од Симоновски и Димчевски да се земат центри Николовски и Аврамовски или Симич. Тогаш сигурно ќе имаме медал...

ЈАС СУМ ПРЕЗАДОВОЛЕН ОД ПРИКАЖАНОТО НА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА !!! ПОКАЖАЈА КАКО СЕ ИГРА СО СРЦЕ !!! РЕСПЕКТ МОМЦИ !!!
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Треба да бидеме реални и задоволни со постигнатото. Секоја чест до Марин и дечките -- се бореа и играа најдобро што можеа. Заслужуваат да бидат дочекани како победниници. Има место за критика само откако на македонските кошаркари ќе им се признае огромниот успех и радост која ни ја приредија на Евробаскетот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.630
Поени од реакции
59.547
Јас не наметнувам мислење на никого...ниту ме интересира дали некој се согласува или не.Ти си имаш твое и јас го почитувам ама ако мислиш дека Дамјан и Чековски којшто сам правеше бунари за тројка и фрлаше топки на другиот крај на терен играа самоуверено и сигурно тогаш немам што да ти кажам освен дека немаш некое познавање од човечката психологија.
Уште една претпоставка.
Молим те кажи ми само ова: дали тоа што Чековски фрлаше бунари и Дамјан промаши зицер може и мора да се протолкува како губење самодоверба? Дали не може да се протолкува и како губење концентрација поради претеран замор?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.245
немаа никаква подршка пред европсково ни од нас ни од медиумите, отидоа како обични кошаркари кои се молеа да победат барем 3 од 5 селекции во првиот круг и здравје боже да влеземе само во втор, па и без победа да е. А они дојдоа до последниот ден на ова европско, и се бореа машки за бронза!

Затоа се херои за мене, затоа капа им симињам.
Да ни се здрави и живи, да добиваат се појаки договори од најдобрите тимови, да не почнат од славава да се занесуваат како сите други играчи на европсково и игурна сум дека за 2 години ќе играме пак последниот ден во Словенија, со уште поголем инат, похрабро, со лавовско срце, за цела нација :love:
За првиот болд,имаше и такви кои не ги имаа однапред прежалено или не беа доволно сигурни.Ова е од темата http://forum.kajgana.com/threads/Кошаркарски-турнир-меѓу-шест-држави-од-Екс-Југославија.52923/ моето мислење.Се надевам и другите ќе си ги напишат мислењата од тогаш.

Да не плукаме предвреме ,ќе видиме таму каква ќе е ситуацијата.Ама остана една грда слика после турниров,особено од Марин дека е слаб мотиватор.А во играчиве (поголемиот дел) имам верба.Без разлика на се ,посериозен пристап мораше на цел турнир!Се надевам (или сум голем оптимист) дека беше само некое испробување на варијанти и замисли, во смисла дека многу нови играчи се извртеа.
Ќе видиме во Литванија како сме вистински спремни,а дотогаш да не виткаме стакло.А ако им е играта ваква и таму Марин за јајца нек си се обесит.
И уште едно шо ми фати на око ,да не е само моето (добра прогноза Персеј (y)) :
На турниров ако сака и последни нека бидат. Најбитно е да се воиграат сите репрезентативци. Со оваа игра на објективно гледано нашата клупа против европски вицешампион кога ќе ја надодадеме нашата стартна петорка Бо Гечевски и Стефанов ќе идеме меѓу први пет репрезентации на еуробаскет.

За вториот болд само едно :cuc:!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.352
Поени од реакции
34.978
...неговото промашување е сосема друго.Никој не бара од него да преземе одговорност,да ја носи Македонија,требаше да го погоди тоа што беше потешко да се промаши...
Погледни ја снимката повнимателно и ќе видиш дека едноставно му се лизна топката. Не знам дали и колку играш кошарка, ама тоа едноставно се случува.

Ако веќе мораш да најдеш виновник, најлесно ќе го најдеш во тренерот. Се согласувам дека треба да очекуваме и поголеми резултати, ама биди реален и не претерувај со критиките. Конструктивна критика е добра работа, ама да кажеш дека на Дамјан не му е местото во репрезентацијата... тоа веќе не ти е на место. Можеби не е добар како брат му Војдан, ама не треба да го судиш заради еден лош натпревар, сите можат да имаат лош ден. Впрочем за него ми е најмногу жал, господ знае колку ќе го мачи тој момент... Колку пати ќе се буди навечер размислувајќи што би било кога би го дадел тој кош.

Искрено се надевам дека Дамјан еден ден ќе биде дел од репрезентација која ќе направи поголем успех од овој денес. Ништо помалку нема да му ја намали болката.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе го убивте Дамјан, ко божем вие да бевте од пола терен без коски ќе даевте кош... Видовте ли колку се разочараа, не треба да читаат и вакви коментари, треба да им покажеме колку ги почитуваме и колку ги сакаме! Они се лавови, херои, ѕверови! Они се нашата гордост и секогаш ќе бидат!
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
И што дека победи најголемата држава на светот?
Кога одвај го наоѓаше кошот клето
Слепците незаслужено го добија секој лош кош
Кога сите треба да му препишат на наш непријател-судија-лош
Срами се РУСИЈО! Земјо ко ниедна друга!
Кога за наш пораз се потпре на некогашен беден слуга
Не е важно што бронзата твојот терен скржаво ја брои
Светот ќе ги помни само нашите херои
Македонијо земјо по која другите обично газат
радувај се во кошарката великите по тебе лазат !!! ♥


 
M

Moon Child

Гостин
А јас мислам и да престанеме да плукаме по Русите и по Шпанците и да го поднесеме поразот достоинствено и спортски! Веќе гледам и по демотивација се прават демотиватори за Кириленко, а овде песни сте постирале. Колку и да ве боли, сепак и Русите беа феноменални со само еден пораз. Нема потреба од скокање безврска и плукање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom