Ај што не се согласувам со тебе за нашите трансфери ама ај и така нека е, подобро такви трансфери отколку никакви. (или еден/два, колку има Арсенал?)
И рака на срце јас воопшто не правев разлика или споредба меѓу Ливерпул и Арсенал во моето прво мислење кое толку ве погоди сите. Едноставна моја констатација. Да бидеш слеп и полн со омраза ќе сватиш дека Ливерпул направи многу голем напредок од полусезоната лани и без овие сегашните трансфери, а пак (кога веќе правиме споредби) Арсенал испадна од борбата за титула, падна дури и под Сити, а за сега што сте 6 пати по заклани да не спомнуваме.
Како тоа Хозе Енрике ти е подобар трансфер од Чарли Адам никако не сваќам и нема да можам никогаш да сватам. Со Фримпонг и Вилшер можете да правите добар бизнис за 4-5 години. Сега вие ем самите во фан-клубот го зборите тоа што јас овде го спомнав и пак од мене не чини затоа што сум бил фан на Ливерпул. Боже сачувај. Исто како и ние што се правевме наудрени кога си отиде Алонсо дека као демек немало тоа да биде голем фактор сега и вие исто. Ак се лажеме може ќе е така.
На крај краева, како што ме цитираше Че, таквата констатација повеќе не одговара за Тотенхем отколку за Арсенал.
А и кога ја спомна утакмицата од саботата. Јас и самиот реков дека не изиграл Ливерпул на ниво ама потсети се дека ние гостувавме на Емирати, каде што немавме триумф, а Арсенал играше како што ние лани одигравме на Стемфорд Бриџ (мислам на стил на игра). Без шанси, без конкретни обиди за напад. Да беше на Енфилд мислам дека ќе беше мноооогу поразличен резултатот.
Заборави го тоа мислење, не ме повреди, само си дадов мислење исто како и ти.
Не ги мразам Ливерпул па да лажам дека не направиле напредок само што тој Ливерпул пред јануари кога ќе направи напредок ќе дојде на нивото на кое се наоѓаше Арсенал, а доколку Арсенал направи напредот од тогаш ќе освои титула. Тоа е разликата.
Вас ви требаше многу зајакнување уште од јануари со што го направивте тоа, нас без заминувањета на Цеск и Насри(кој уште не е заминат) не ни требаше многу. Пред да си замине Цеск се донесе Жервињо, а уште од тогаш Венгер кажа дека ќе се донесе и стопер. Насри е одличен фудбалер и важен фудбалер на Арсенал ама од 3 сезони покажа само една полусезона зошто е важен фудбалер. Втората полусезона од минатата сезона според формата не заслужуваше да игра ни прв тим. Фабрегас е големата загуба на Арсенал, ама таков играч не може да се замени. Како што кажа Топче, ако влеземе Лш верувам дека ќе се зајакнеме во средината и повторно ќе се вратиме на истото ниво. Како и да е, Вилшер беше најважниот фудбалер во Арсенал за минатата сезона и не знам зошто викаш би правеле добар бизнис за 4-5 години кога уште сезонава си зацементира место и во англиската репрезентација.
За утакмицата, игравме со тројца дебитанти во премиер лига и со крпен тим и пак имавме исто толку шанси колку што и вие. Ливерпул играше типично англиски со еден куп нафрлувања за џабе. Керол не му зема дуел на Вермален иако две глави е повисок.
Али те разбирам, сигурно мислиш дека сите стопери ви се подобри од Вермален, сигурно мислиш дека Даунинг е подобар од Жервињо, сигурно мислиш дека имате подобар играч од Вилшер па затоа ти е вака оформено мислењето. Си ветив уште пред 1 месец дека не ни пробувам да убедувам некој во нешто, па затоа само ќе си чекам да поминуваат утакмиците.
П.С. Уште од минатата сезона кога играше во Њукасл го ценев Хозе Енрике многу како играч зошто е одличен и во напад и во одбрана. Не дека Адам не го сметам за добар играч, ама што знам, мислам дека не е за врвен тим.