Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???

  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
Колку смешни дискусии за тоа дека Веб ќе го судел дербито. Абе чекајте, ќе гледаме што ќе се случи, па ќе дискутираме после натпреварот. Доста сигурен дека ќе нема многу "такви" моменти, па ваљда ќе се поклоните и ќе признаете после мечот. Ама сите знаат како изгледа гостување на ОТ, па судиите одма се мешаат.
 
skopje11

И ја би тата , ово радио!!
Член од
3 јуни 2011
Мислења
147
Поени од реакции
36
Катастрофа сме на лев бек. Во одлуката да се остави Гибс да биде првотимец сигурно имаше влијание и тоа што е англичанец и дека неколку пати е викан за репрезентација. Баш сакав Бејнс или Енрике да дојде кај нас. Вермален и Кошелни се одлични како пар, а Џуру на клупа не е лош како резерва. Плус ако го исполни тоа Венгер да донесе уште еден стопер ќе биде повеќе од доволно. Сања е одличен како десен бек.
Одлични се Вермален и Кошелни! но ногу ногу лесно се повредуваат и затоа се доведувате во ситуации да немате ни штопер во тимот! овие двајца се некој вид на нашиот АГЕР. агер е најдобар во тимот но од 30 утакмици во пракса 20 е повреден , да се надеваме дека оваа сезона ке ги изигра сите.

лев бек Бејнс незнам колку имате шанса да го донесите а и колку е спремен Венгер да плати 20милиони!!!!
 
В

Вори

Гостин
Приватно кога ќе си бидете на состанок, зошто гледам многу геј работи почнавте да фаворизирате па и дркате на мажи :D, таму нема да ви се умешувам, а на тема за премиер лига ти најмалку можеш да ми кажеш каде да се умешувам. ;) Патем, гледам дека си ја прифатил поентата зошто во спротивност би искоментирал нешто конструктивно. ;)

П.С. Мило ми е што не го заборавате гуруто. Порано те поткаруваше малку кога ќе кажеше некое поразлично мислење, ама сега не знам како е. :D
Кој дркал на мажи бе гревче?Или сакаш паметен да испаднеш одма со првата реченица.
Немој да бидеш патетичен како некои други членови овде.Порано беше добар,едно време ја хејтавме заедно Барселона,али сега гледам дека си станал за греота.
Уствари ја знам што ти е поентата.Да го спомнеш Фантом во постот,да ме нападнеш мене и да го исплукаш Челзи,за да ти стават лајк сите кои го мразат Челзи и кои не се во добри односи со мене.

Ех бре,порасните веќе.
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
Многу работи се менуваат во Премиер Лига и стварно ми е жал што никогаш повеќе нема да е исто. Искочија некои нови клубови со многу пари кои го диктираат темпото на купување играчи и многу ќе биде тешко на тимови како Арсенал да се носат со тоа доколку не ја променат политиката на водење на клубот. Арсен Венгер ја промовираше идејата за self-sustainable клуб но таа идеја пред 7-8 години престана да важи со доаѓањето на Абрамович. На Јунајтед му требаше година две да се приспособи и од тогаш секое лето носи по еден - два играчи кои се исплатат вистински (играчи од типот на Нани, Андерсон, Хернандез, Јанг, Смалинг, Џонс) се се тоа млади играчи кои наводно и Арсенал постојано сака да ги земе но никако не успева и тогаш прави трансфери од типот на Чембрлен или Џенкинсон кој го донесоа од Чарлтон за 1 милион фунти wow. Арсенал е меѓу првите најбогати клубови во Англија по годишна заработувачка и мора да има пари за подобро од ова. Се додека одат на таа карта дека со инвестиции од 1 милион можат да направат тим за титула се лажат. Точно е и дека во последниве години цената на играчите достигнаа фрапантни големини и дека не се исплати да се брка секој играч, но дефинитивно може да се приуштат 30ина милиони фунти за да се земе еден или двајца стварно квалитетни млади играчи кои ќе играат и ќе се исплатат во наредната година или две а не по пет или шест како што е случајот кај Арсенал. Голем навивач сум на Манчестер Јунајтед и стварно ќе ми биде жал ако утакмицата Манчестер Арсенал се сведе на она што беше вчера Манчестер Тотенхем.
 
skopje11

И ја би тата , ово радио!!
Член од
3 јуни 2011
Мислења
147
Поени од реакции
36
Време е да се размислува да се стави нешто слично ко во НБА да има ограничивања на бичетот за плати во тимовите!
Оваа веке не е нормално со надавање и платени фудбалери по 30 милиони а реално невредат 10 милиони!

Точно е дека Челси прв го почна тој тренд со трошење на големи сретства за да створат екипа! Но кога денес ги гледам ПСГ ,Сити ,Малага или Анжи си викам дека Челси е далеку од нив!!!

Вака се расипува фудбалот ДЕФЕНИТИВНО!
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Кој дркал на мажи бе гревче?Или сакаш паметен да испаднеш одма со првата реченица.
Немој да бидеш патетичен како некои други членови овде.Порано беше добар,едно време ја хејтавме заедно Барселона,али сега гледам дека си станал за греота.
Уствари ја знам што ти е поентата.Да го спомнеш Фантом во постот,да ме нападнеш мене и да го исплукаш Челзи,за да ти стават лајк сите кои го мразат Челзи и кои не се во добри односи со мене.

Ех бре,порасните веќе.
Ахахаххаха абе човек да не знае дали да плаче или да се смее на твоите постови. :D Фала ти што ми го подобри расположението денов. :D

Море слепче, во ниту еден пост не беше исхејтан Челзи, ама те сфаќам, не ти е лесно . ;) А и групно никогаш не сум ја хејтал Барселона, тоа може само ти си мислел така. :D

Изгради свој личен став и дојди да разговараме во врска со премиер лигата и општо за фудбалот. ;)
 
В

Вори

Гостин
Во фаза на градење е ставот,кога ќе го изградам радо ќе те викнам да разговараме за фудбалот.
Не биди прост,јас си имам свој став и секогаш сум го имал.За разлика од тебе.
И чек сеа да ти стегнам еден лајк,зошто греота е еден ваков добар пост да остане без тоа :D
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Време е да се размислува да се стави нешто слично ко во НБА да има ограничивања на бичетот за плати во тимовите!
Оваа веке не е нормално со надавање и платени фудбалери по 30 милиони а реално невредат 10 милиони!

Точно е дека Челси прв го почна тој тренд со трошење на големи сретства за да створат екипа! Но кога денес ги гледам ПСГ ,Сити ,Малага или Анжи си викам дека Челси е далеку од нив!!!

Вака се расипува фудбалот ДЕФЕНИТИВНО!
Не е проблем да се купи некој играч за 30-40 милиони, ќе се издвои пари за тоа. Проблем во клубовите како Арсенал и помалите клубови е платата. Аналогно на цената од трансферот и на платите во другите екипи, новото засилување ќе си бара плата од 150000+ фунти неделно, а тоа ретко кој може да си го дозволи. Може за еден играч и ќе си го дозволи, ама кога ќе дојде време на продолжување на договорите на другите играчи и тие истото ќе го бараат(не дека нема да бараат ако не дојде засилување, ама сепак, има разлика). Убаво е да има некое ограничување на плати зошто колку толку ќе се израмни ама тешко такво нешто.
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245

Мора нешто како во НБА што е да се преземи, треба во цела Европа да се среди со платите, зошто на пример во Шпанија и Италија данокот е помал и сите сакаат таму да одат! Мора да има некакви израмнувања, да се знае буџет и се и тогаш да видиме кој е кој :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не одат во Шпанија заради данок, некој со осмо ко Роналдо што и онака зема вагон пари, мислиш му е гајле за 2 проценти повисок данок (колку сака нека е).
Прво, да бев јас фудбалер што ке ме бара цела Шпанија и цела Британија (освен Ливерпул), ќе размислев дали сакам english rain по цел ден и нагони за самоубиство, или sunset beach во Малага пример.
Настрана тоа што секој сака да игра за Реал или барса. Ама радо би играл за валенсија и за помала плата.
Подобро то него смогот во северен Лондон.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Значи, заедно со Јунајтед и Ливерпул, ги впишувам и Сити во битка за титулата. Озбилно.
Па што озбилно, и без Насри имаа подобар тим од сите. :) Таму единствен знак прашалник е Манчини иначе другото се е одлично.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom