1. Да се воведе шинтерска служба.
2. Да се вршат редовно масовни акции на стерилизација и вакцинација.
3. Да се воведат шинтерски патроли кои ќе вршат контроли низ населбите и ќе доаѓаат на повик и граѓаните да се поттикнат да пријавуваат случаи на необележани или агресивни кучиња.
4. Граѓаните кои ќе остават куче на улица да се казнуваат.
Со овие чекори проблемот за неколку години ќе биде решен. Но, ова е во некоја друга, нереална Македонија. Во оваа нашава Македонија, не се грижат ни за луѓе, па смешно е да имаме вакви предлози за кучиња. Наместо тоа, ние проблемот ќе го "решиме" на брутален, нехуман, и на крајно примитивен начин: ќе убиеме колку што можеме повеќе кучиња. Кога пак ќе се намножат, пак ќе ги убиеме, и така... И луѓето наместо да протестираат, како во секоја цивилизирана држава, тие дури и ќе ги поддржуваат ваквите идиотски акции. Милина

.