Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
А татко му се јави на канал 5 мислам и апелираше да престанат протестите.. и што праиме сега
1. Ти одговорија пред мене, еве пак ќе го цитирам споменатото:

Со таа една реченица ти нас во еден пакет не ставаш бидејќи тврдиш дека нас не води партија и Сорос ко фондација, тие што се посочени дека се дел од Сорос сега ќе ги тужат Сител, бидејќи Сител изнесоа претпоставка и шпекулација а Латас на Наша ТВ за таквите новинари што шпекулираат и претпоставуваат рече дека поим немаат од новинарство и дека никогаш не посетиле школа за новинари ...
Многу добро знаеш и самиот што значи Сорос, многу добро знаеш и самиот што значи да те организира партија зашто имаш мал милиони примери и кај едните и кај другите ( контра протестот ) со што повеќе од јасна е разликата со нивниот начин на работа за протести и нашиот, разликата е (пре)евидентна.

А од семејството на Мартин се јави само таткото негов на Сител, за кого неговиот брат кажа, цитирам,

- Ова е крајно некоректно и безобразно што го прави Телевизија Сител и покрај тоа што знаат со кој човек имаат работа, дека е шизофреничар, го злоупотребуваат целиот случај, за нивни политички цели.
- Ги молам веднаш да престанат, затоа што ова е нечовечки“, изјави Александар Нешкоски, братот на Мартин.

Изгуглај и види што всушност претставува оваа болест, ова е уште еден класичен лешинарски потег кој ги надмина сите оние долни неморални и неетички работи кои ги направи Сител телевизија само за да учествуваат во прикривањето и заташкувањето на овој случај се со цел да си ја заштитат сопствената партија.
2. На канал 5 и сител толку гомна изнакажаа што стварно повлекоа нова линија, означија ново дно во новинарството.

3. Си бил на протест па што зборуваш толку убедено или само од скапаните наши медиуми (сител, канал 5, а1) дознаваш за информации?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Болно е за сеопштото македонско политичко полтронство, што и покрај пустите обиди да се окарактеризира протестот како политички, не им успева... Секој почеток е тежок, конечно младината почна да застанува на сопствени нозе. Сега, битно е да не се попушти пред притисоците!
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Ги заболе саботниот протест, штом латасоидите почнаа да џавкаат - а демек немаше веќе да известуваат за протестот...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Имате поздрав од CIA и ми кажаа да ви пренесам дека за секој доведен член на протест ќе добивате бонуси. :D
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.999
Поени од реакции
45.448
Уште еден Соросид, чичкото на Мартин

Чичкото на починатиот Мартин Нешкоски во интервју за програмата на македонски јазик на австралиското радио “Трипл зет“, побара одговорност од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за убиството на неговиот внук.

Во секоја демократска држава во светот, кога ќе се случи вакво грозоморно убиство секој чувствителен човек како министер од морални причини си дава оставка, што нема да биде случај кај нас“, вели чичкото на Мартин во интервјуто.

Понатака тој го објаснува текот на настаните, вечерта кога беше убиен Мартин Нешковски, истакнувајќи дека според неговите сознанија откако неговиот внук се качил на бината, настанала некаква турканица во која припадникот на “Тигрите“, Игор Спасов, го бркал Нешковски околу 30 – на метри се до почетокот на тревникот пред “Мепсо“, каде “бил масакриран од неговите раце“.

Тој вели дека според неговите сознанија од обдукцијата, смртта настанала од крварење во мозокот, по ударот во кој му била разнесена левата страна.

Сознанијата продолжуваат дека Мартин бил пренесен во тревникот и покриен со најлон со помош на уште еден колега на специјалецот, и кога очевидците побарале помош од униформираните полицајци тие им се обратиле со зборовите дека тие не можат ништо да сторат бидејќи тие се државно обезбедување.

На прашањето дали тој имал можност да поразговара со некој од очевидците, Петревски одговара дека имал таква можност, не откривајќи го нивниот идентитет.

- Дали имате сознанија зошто МВР и Министерката Јанкулоска два дена даваа паушални изјави и ја дезинформираа јавноста дека не знаеле за такво убиство ?

Временски, откога се случи убиството е почнато прикривањето на истото, и тоа свесно прекривање затоа што изјавата на портпаролот на министерката Иво Котевски, беше дека немаат никакво сознание за убиство и дека стојат на располагање ако некој има сознанија за такво нешто.

Петровски истакнува дека ја подржува младината која излезе на масовни протести и која ја бара правдата против полициската бруталност и реформи во полициските единици како и расветлување на случајот со Мартин до крај и оставка од Министерката Јанкулоска и нејзиниот портпарол.

- Дали вие сметате дека во вечерните часови кога ВМРО-ДПМНЕ прославуваше, СДСМ имаше време да намести едно вакво сценарио како што се шпекулира ?

Ние како семјство се оградивме од политичка инволвираност во овој случај поради тоа што политизирањето на овој случај нема да вроди со плод за иднината на младината во Македонија. Очигледно, се вмешуваат политичките партии кои не би сакал да ги именувам бидејќи јавноста знае кои се нивните намери а тоа се да ги растурат овие мирни протести.

Петровски вели дека во моментов нема што да се стори освен да се чека за да се види каков ќе биде резултатот од судењето на Спасов и каква казна ќе му биде доделена.

“Јас секогаш сум на страната на правдата и не би сакал да верувам во корумпираност, а она што останува е да видиме како ќе се движи процесот“, вели тој.

Петровски за крај вели дека ги поддржува протестите, и апелира истите да останат мирни, а младите да се изборат за правдата на мирен начин и протетсите да не се политизираат.

“Апелирам до политичките партии и Владата да не бараат организатори и водачи во таа младина затоа што водачот е Мартин, мојот внук“, вели Петровски.
линк

Тоа е тоа ...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Кој сака - наоѓа начин, кој не сака - наоѓа изговор за недоаѓање на протест! Изминативе денови доаѓаа луѓе во инвалидски колички, фамилијарни луѓе со бебиња , луѓе над 70 години, луѓе од Охрид, Велес, Куманово...
Виртуелна поддршка не е исто што и вистинска поддршка. На фб 10 000 атендинг, а на улица 1000 и после некој ќе праша Па добро што е тоа важно? ..................... С'ким ја делим ваздух :mad:
Не трескај зелени!
Кога ќе пораснаш малце повеќе, и кога ќе видиш повеќе во животот дојди да збориш.
Океј.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Супер е ова што се разбуди младината. Мислам дека и тоа е придобивка на власта- успеа да ги научи да размислуваат. До пред 5 години изгледа сите беа во длабок сон кога царинарниците се напунија пари, коа партиските моќници ни ја опустошија државата, коа сменивме и знамето и името, коа цајканите ги смачкаа од ќотек во Струга, коа исчезнуваше по 30 кила кокаин од полиција,коа бевме под ембарго, коа шверцот цветаше, коа локалните бандити маваа рекет на секој чекор, Среќен сум сега коа гледам дека имаме народ кој размислува со своја глава.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Супер е ова што се разбуди младината. Мислам дека и тоа е придобивка на власта- успеа да ги научи да размислуваат. До пред 5 години изгледа сите беа во длабок сон кога царинарниците се напунија пари, коа партиските моќници ни ја опустошија државата, коа сменивме и знамето и името, коа цајканите ги смачкаа од ќотек во Струга, коа исчезнуваше по 30 кила кокаин од полиција,коа бевме под ембарго, коа шверцот цветаше, коа локалните бандити маваа рекет на секој чекор, Среќен сум сега коа гледам дека имаме народ кој размислува со своја глава.
Ова очигледно (претпоставувам) ти е циничен пост па само ќе те прашам. Ти за што излезе до сега на било каков протест или гест на незадоволство? Или дали барем сега доаѓаш на овие протести со нас? Или па дека претходно немало не треба ни сега да има?! Јас исто сум среќна дека имаме народ кој размислува со своја глава, и сум сигурна дека штом сега се случи - за прв пат, понатаму и за помали работи ќе бидеме коректив на се‘ што не чини во нашава држава, без разлика која е власта. Нели, со единствена цел да ја направиме подобра, ако не за нас, за тие после нас!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Тоа на другар ти Јанко вмроидот да му го кажеш и по не знам кој пат повторувам НИКАКВИ СОРОСОИДИ НЕ СЕ ЛИДЕРИ НА ПРОТЕСТИТЕ!Да отидеше барем еднаш ќе знаеше, ама не, полесно е да се соли памет од пред монитор.
бев првите два дена ..така да прво прашај дали сум бил, па после дроби, ама ти обратно правиш
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
бев првите два дена ..така да прво прашај дали сум бил, па после дроби, ама ти обратно правиш
И?Кој соросоид бил лидер на протестите??? Не ти е срам така безобразно да лажеш?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Соросоиди другар кои со пари од фондацијата се обучувани за вакви работи,подлизурковци на Милчин и компанија,на кои единствена желба им е да се вратат на власт..ја не реков дека сите се соросоиди,него дека некои од водачите се они..истите кои протестираа против црква на плоштад,а нигде ги немаше да протестираат на кале..за нив зборам,финансирани од грчки и странски пари
Ама ЈАС ГАРАНТИРАМ дека сите знаат дека немаме никаква поврзаност со СОРОС ИЛИ СДСМ или што ти ја знам. И ти знаеш дека глупости збореш, даимаше Соросоиди многу лесно е доказливо тоа, они не им најдоа ништо, зошто нема ни што да се најде !!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom