Вака сеа, на наградна игра на фејсбук добив утешна награда бесплатен апартман за во Ипсос Крф преку агенцијата Јупитер ... за 6 дена... можам да земам со мене до 6 луѓе и за нив е исто смештајот бесплатен, а сликите од апартманите што ги видов се стварно топ... е сеа, треба да платам 147 евра, а во тие ми се вклучени: превозот, туристичка такса, пријава, патничко осигурање и Јупитер алка во која ќе ми бидат вклучени гратис влезници за дискотеки и други забави за секој ден, гратис пијачка секој ден у нивниот бар, бесплатен превоз со програма до некои топ плажи, прошетка низ градот Крф и попусти за маркети, таверни и сл. како и попусти за во аквапарк, грчка вечер и крстарење со журка...
Мене ова некако ми изгледа нереално за тие пари да добиеш толку многу.. па ај ве молам ваше мислење...