Мој совет (не знам од кој град си поточно, ама претпоставувам еве Скопје на пр.) е да одиш преку Гејција, 90% од патот го врвиш по автопат. Башка што е доживување само да го возиш овој новиот, Виа Егнација што е... Лани јас така тргнав (од Прилеп), за 5 саати бев Саранда.
Инаку точно дека плажите се прекрасни, поготово јужниот дел на Албанија (над Валона и не се нешто посебно). Ама некои работи не’ премислија да тргниме пак накај Валона нагоре. Ксамил, како прво, ти е на 10 километри отприлика јужно од Саранда, ама патот беше раскопан и послан со камења целиот. Годинава менив амортизери на колата, се кладам оти тоа малтретирање од 20 км во двата правци беше пресудно
Годинава дали е среден патот незнам, а Ксамил ми се виде како многу забаталено место. Има убави, нови апартмани за издавање, климатизирани... ама настрана нема ништо, апсолутно ништо. Неасфалтирани улици, немаше супермаркет кај да испазариш, ниту па некое нормално ресторанче кај да јадиш. Така да, не вредеше да се сместиме само ради убавите плажи, ако нема кај да мрдниш настрана освен плажа-соба-плажа, дури ни до Саранда идење не доаѓаше предвид само ради патот што беше катастрофален.
Оттука се вративме во Саранда да бараме сместување... таму такоџе огромно градилиште. Градежен шут, прашина, механизација, бучава. Само центарот немаше градилишта, ама таму се отепавме од барање на смештај и не најдовме (освен 2-3 апартмани кои што и беспари да ни ги дадеа не вредеше да се сместиме).
Јадевме пици знам, на тоа шеталиштето покрај море и цените не беа воопшто високи. Не се сеќавам сега точно колкави беа, ама знам оти во Скопје се прилично повисоки (за споредба: во Саранда беа повисоки отколку Валона).
И после тоа решивме да идиме накај Валона (ај си викаме 120-130 километри што се, за 2 саати максимум сме таму). Е тој пат, ако не си екстремен ентузијаст за возење, не ти препорачувам да го возиш. Сме умреле, со 30 км на час просечно возење... 6 саати ни требаа да стасаме Валона. Патот иначе, беше добар во смисла, без дупки, нов асфалт, рамен..... ама има едно 5-6 пати да те качи на 1500-2000 метри па да те спушти до морето, сето тоа за само 120 километри.
уффф ама сум се распишал... прашај уште нешто ако те интересира