Ништо подобро од лани. Само што ќе има видео концерти оваа година (колку што се сеќавам лани немаше), и изгледа тој од Роби Вилијамс (ако го пуштат тој во Ројал Алберт Хал) ќе е интересно, онака. Лани на Рибља Чорба се испотепаја минимум 50 луѓе и минимум 500 испофрлија чаши пиво низ публикава. Не сфаќам, не им е жал барем за парите што ги дадоја на мизерната понуда. На крајот на краиштата, пивото е за пиење.
Да не зборувам за "скарата". Катастрофа невидена. Лајбици од пред 3 дена и плескавици со месо од куче.
И плус организаторите направија многу голема глупост. Сите бендови кои не стигнаа да настапат во нивниот термин (на пример имале термин во четврток, тоа мислам беа Beta House), не е битно, ги ставија во последната вечер кога во 11 по програма беа Ареа, а почнаа тек во 1. Се изначекав ради нив и дослушав едвај 2-3 песни пошо ми беше смачено.
Оваа година изгледа ќе одам до на Тони Зен малку, па и на Суперхикс, чисто спортски.