Охридски Пиво Фест - 29-31.07.2011

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
S

StormRage

Гостин
да и заборајв... кој катанги само ги стајле за обезбедување... некој фрлаше чаши овие 5-6 души го размаваа и го извлечкаа надвор... не е во ред и тој шо фрлаше ама не е во ред да го разбоксаат... можеа да го предупредат само...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Остајте тоа, кој охриѓани ќе бидите утре вечер излезени, да се видиме ова она. :)
 
S

StormRage

Гостин
гужва ненормална, тони фен малешана и малолетнички боооо порно да глеаш санкир се разлетале цицки на сите страни... страшно...
чорба ко чорба истите глупости истите песни само шо годинава имаше некој не знам могуче и дрогирани да беа ко на немој сречо немој да нас се шуткаа o_O али беше забавно... туш од пиво стандардна работа се на се беше океј ама со ланскиот неможе :)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.029
Поени од реакции
12.705
Абе тој диџејот после Чорба ке пушташе ко џо The best of Rock.....шипки со расол, 15 минути и го снема.
Иначе годинава не ми се свиѓат ич, јесте да со штандојте се малце поорганизирани за разлика од лани, ама пак програмава им е катастрофа. И обезбедувањето, фрустрации си лечет на кого ќе стигнет.
 
S

StormRage

Гостин
Абе тој диџејот после Чорба ке пушташе ко џо The best of Rock.....шипки со расол, 15 минути и го снема.
Иначе годинава не ми се свиѓат ич, јесте да со штандојте се малце поорганизирани за разлика од лани, ама пак програмава им е катастрофа. И обезбедувањето, фрустрации си лечет на кого ќе стигнет.
дури мене ме најдое најпоштениот чоек ондека :D добив 2 шамара ради шутка тибам то рекетари бе мамичето мамино...
иначе... Connect распалија фино малку ги слушав ама бе океј нешо диџејов ги зезаше мање више ама беа добри... Поздрав Азри беа пред Суперхикс (ради шо сите ги чекаа суперхикс логично дека после нив ќе си заминеа луѓето) и старците отпалија добро, знам само една песна од азра ама беа многу добри чак ме изненадија ама најмногу кога покажаа респект према суперхикс со то: Ние им сме предгрупа! значит стварно алал да им е ... диџејот славе од суперхикс искина измеѓу како опали 4-5 песни абе се крена народот...
Суперхикс... PUTA MADRE! шутка непрестана, кршење кичми на сите страни се изубивме начисто, она беше неверојатно! :D
за утре не ви пишам нишо пошо го бојкотирам пивофестот :D
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.029
Поени од реакции
12.705
Леее стварно каква журка напраја Суперхикс еј, ѕвероооооооој! Ми се чинит после овај настапов можам слободно да си умрам, врв.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.451
Поени од реакции
6.139
Добро е шо преживеав(и се вратив дома со се што тргнав на пивофест) после она вчера ... шутка разбирам ,али сосема непотребната тепачка во која замалце ќе ја изгубев патиката ...дебилишта.
А Суперхикс ѕверови ! Ако пред 3 месеци во парк направија лом пред помала публика , тоа вчера(т.е. сабајлево) беше врв ! Едноставно момциве си ја знаат работата веќе 17 години и се пре-пре-предобри во тоа што го прават.
На Оптимиска сум се наежал како оргазам да иам , едноставно прејако !
 
П

Пепси_

Гостин
дури мене ме најдое најпоштениот чоек ондека :D добив 2 шамара ради шутка тибам то рекетари бе мамичето мамино...
иначе... Connect распалија фино малку ги слушав ама бе океј нешо диџејов ги зезаше мање више ама беа добри... Поздрав Азри беа пред Суперхикс (ради шо сите ги чекаа суперхикс логично дека после нив ќе си заминеа луѓето) и старците отпалија добро, знам само една песна од азра ама беа многу добри чак ме изненадија ама најмногу кога покажаа респект према суперхикс со то: Ние им сме предгрупа! значит стварно алал да им е ... диџејот славе од суперхикс искина измеѓу како опали 4-5 песни абе се крена народот...
Суперхикс... PUTA MADRE! шутка непрестана, кршење кичми на сите страни се изубивме начисто, она беше неверојатно! :D
за утре не ви пишам нишо пошо го бојкотирам пивофестот :D
Ти ли беше тој што не туркаше бе а а ? :pos:
Со другариве бевме на одмор и онака глеам сите натаки идат ајде и ние и шо да видам пифо фест имало.И ај си стоиме пифце ова она и шо да видам тони зен,па рибља чорба и то супер до кај 1-2 теравме и што е нај јакото си заминавме бањати со пиво цели ! Утре дента ајде пак ќе идеме и се направивме лом па посебно супер хикс момците беа страшни а имаше и пичиња цициња (ќе го кркавме од едни албанки биле брееееее) :icon_lol: и теравме до кај 3-4 и пак нај јако беше шо си заминавме ЛОМ бањати со пиво !

Поминав многу кул само кретените што маваа пиво нека си го пикнат у гз средниот прст озбилно ! :icon_mrgr:
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
[sarcasm]Организација одлична. Потопеност на алиштата со пиво 0,35%. Идиоти присутни. Немаше. [/sarcasm]

Сепак, саботата вредеше. И поздивени луѓе во толкав број на едно место немам видено. Суперхикс невозможно ама секој пат се надминват се поќе.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не мораа да ми кажат да клекнам - сам ќе клекнев и ќе им се клањав на Суперхикс. Фантастични се. Најдобрите за атмосфера. Вредеше што ги чекавме 3 саати и ги трпевме метузалемите на осакатениот бенд Азра, по 100 тип последен пат во Македонија. Пива избор - 0. Си пиев една чаша Марфи Ред, за повеќе не ми се трошеше пари. Од овој пивофест имам само еден збор - Суперхикс.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
СУПЕРХИКС
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.526
Поени од реакции
2.380
Како што гледам сите сме најзадоволни од СУПЕРХИКС....Дефинитивно бенд кој вреди во Македонија,само што на пивофестов имаше многу клошари кои беа дојдени само да ја расипат атмосферата....Тоа се виде најдобро кога се качи тој дечкото на бандерата а тие личности кои ги споменав погоре го гаѓаа со пиво (ВОШКАРАНА) а и на Африка имаше еден слепец што не сакаше да клекне....Само без разлика на тоа направија предобра журка и би одел пак уште илјада пати....Од сите три дена на пиво фест дефинитивно саботата беше врв...
 
В

Вори

Гостин
Ајде малце јас да резимирам,како си поминав на годинашниов пиво-фест.

Во Четвртокот беше онака добро.Пиев чоколадно пиво Марфис и баш беше јако.На почетокот немаше многу луѓе но покасно се полнеше просторот.Видео концертот на Мадона и општо сите видео концерти беа промашена работа.Никој не беше заинтересиран,ниту пак никој застана пред бимчето да загледа бар некоја минута.
Еволушн беа онака океј.На моменти напнуваа со некои приглупи песни,али добри беа за загревање.А и тој пејачот па,пола текстови не ги знаеше јеботе,нека земе нека ги запишува во тетратка ако толку не може да ги запамти.
Бета Хаус беа прилично добри.Пејачот беше ѕверка!Интересно човече со уште поинтересен и поспецифичен глас.И баш добра атмосфера направија.
И после ко на крај демек ѕвездите Партибрејкерс.И искрен да бидам ама ич не ми беа по ќеф.И со нивниов настпап го потврдив моето мислење дека не ги бива ни за ташак.
Единствено што приметив беше дека пејачот нивни има сличен глас на Џуле од Ван Гог,или обратно како и да е.
А пак сите присутни ја чекаа ''Крени према мени''на другите песни седеа ко мулиња.Освен две српски фамилии кои беа дојдени со децата и го знаеја скоро цел нивни репертоар.
Се на се,океј беше во четвртокот како за загревање...

Петок...знаев дека ќе има сељачишта да ги ринеш со лопата.Една група на такви дојдени заради Тони Зен,една група на такви дојдени за Чорба.
На овој Зен,со другарите се зафркававме,кревавме 4 прсти горе демек го илустрираме тоа нивното''Чекерауц''и изигрававме рапери и тоа од оние најголемите.
И да,додека пееше Зен искористив прилика 3 пати да појдам да мочам.
После дојдоа конечно Рибља Чорба и ни едно ни две,Бора одма направи кикс на кој се помочав од смеење.Наместо ''Добро вечер Охрид''тој рече ''Добро вечер Скопје''и после се ваѓаше,али битно не изнасмеа.Али не му замеравам на чоекот,беше накокан.
И почнаа со свирење све беше супер на почеток и после публиката го извади сељачкото од нив.
Добро сеа,им кажал ли некој на децата дека ШУТКА не се прави на секоја песна?Им кажал ли некој дека шутка не се прави на ''Погледај дом свој анџеле'',на ''Два динара друже'' и останати балади или нормални песни?
Дали уопште знаат зошто се прави шутката,на какви песни се прави,и дали знаат дека шутката не е бокс-арена и дека не треба да се затепаат ако овој другиот го турнал третиот лошо,при што овој четвртиот паднал на земја и се удрил?
Значи сељаци за на постер.Ај што ме изнервираа со тоа,ама ми го пукнаа филмот со тоа што повторно како и лани,фрлаа флаши со пиво,лименки,камења,стаклени шишенца од сокови и останати работи.
На еден другар го погодија право во глава,фала Богу што не беше ништо посериозно.
Па дали тие дебили размислуваат дека некој е дојден со девојка,дека некој е дојден со фамилија,дека некој е дојден со мали деца и со сопруги и дали размислуваат дека некого можат да повредат?
Настрана тоа,битно се израдував на ''Кад ходаш'' и ''Где си у овом глупом хотелу''и си заминав дома,многу изреволтиран и изнервиран поради сите случувања.
И сум заклучил дека моја нога веќе на пиво-фест не стапнува,па макар и AC/DC биле не одам таму.
Затоа постојат златни концерти,каде што ретко го има тие таквите и каде што одат луѓе што имаат памет в глава.
Значи отприлика петокот беше тапа!

Сабота,е за сабота искрено и го чекав пиво фестот.Дојдовме кога настапуваа Конект,али за тоа време 2-3 пати уринирав во вецеата,кои рака на срце за разлика од лани беа добри,внатре мирисаше фино,и све то.
Поздрав Азри беа добри.Онака си ги исвиреа сите песни на Азра,мислам оние попознатите и беа фино загревање за тоа што следеше подоцна.А и пејачот ми беше симпатичен,многу ми заличуваше на Џони Штулиќ.
После тоа настапија кралевите,Суперхикс.Не да беа јаки,беа прејаки.Најјаки,најдобри..не знам веќе како да ги опишам.
Каква атмосфера направија,алал им вера.Додека ги гледав и слушав свршавав едно три-четири пати сигурно.
Јака фора им беше тоа кога клекнаа сите доле,за да на три-четири станат сите на нозе и продолжат со играње и скокање на ''Африка''.Само ме нервираше тој опинокот што се праеше паметен и што не сакаше да клекне,али го натераа и него после.
Исто така беше добар и дечкото што се качи на бандера.Ако случајно чита на форумов палец горе за него!
Па уште Пеце му вика''Симни се бе,не дај Боже ќе паднеш па утре не ќе можеш да пливаш на плажа'' :pos:
Како и да е,саботата беше најдобро и уште ме држат импресиите.Сега барам по интернетов клипчиња,зошто стварно ме интересира како изгледаше сето тоа.

Тоа е тоа укратко,ме мрзи подолго да пишувам.

Заклучок:Не се вакви манифестации за нас.Ние сме неандарталци,нецивилизовани и не знам уште какви луѓе.Или барем ако се прават вакви работи,да се наплаќа барем карта за да не дојдат и тие што треба и тие што не треба.
Пример еден го заглеав,допре со камионот за дрва и си слезе фино поштено,си влезе внатре си зеде пиво и после тоа го фрли некаде напред.Таков ни е менталитетот,јебига па и ја се чудам.
Битно ми беше интересно на моменти,тоа што сакав да го видам го видов,а го видов и тоа што не сакав да го видам,за жал.
Наредна година ако одам,ќе одам специјално за тоа да влезам во безвезна шутка и со боксирач да им ги скршам забите на пола од учесниците и да си заминам.
Фала и кај вас.
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
A да, вцњата беа некако посебни. Камо моето вц така да ми мирисаше.

<3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom