ЛеоЛе07
Не биди трол
- Член од
- 8 октомври 2010
- Мислења
- 879
- Поени од реакции
- 375
Народот го изгради и изгради се што е државно и што некогаш било. Но, народот е државата, државата е на народот. Народот избира кој ја води државата и народот може да избере дали ќе прифати одредена одлука на тие што ја водат државата или не. На секој од нас паѓа одговорноста за тоа во каква состојба е државата, вклучувајќи ги и Бранко, Љубчо и Грујо, зашто и тие се народ.
И порано имаше извршување на судски одлуки, но тогаш тие беа извршувани од државна администрација. Затоа тие не се ни извршуваа или се чекаше со години за извршување. Денес тоа го прават приватни извршители кои мораат да ја извршат пресудата за да земат плата. Ова може да не им одговара само на тие што должат, затоа што обезбедува побрзо извршување.
Следно што би требало да се приватизира е судството. Прво за граѓански спорови, па потоа и за стопански. Тоа е веќе почнато затоа што има Закон за медијација, но не знам колку е познато тоа, а и колку обучени медијатори постојат во Македонија.