Скопје се гради. Добро ли е тоа?

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Компензираат за нешто...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин


THIS IS IT!:icon_eek:
Вау ова е огромно, дури и постаментот ми делува ситно наспрема чудово, се надевам дека нема да се деси некое срање. За статиката на постаментот колку што знам гарантира ИЗИС додека за статиката на спомеников гарантира италијанската фирма во која што беше леен.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571


............

Иако сум ЗА , морам да речам,претераа со димензиите.. дебело претераа
Јас пак напротив. Подобро ќе беше само Аце да се направи отколку толку многу споменици и небитни капии и вселенски лавови...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ако оваа грдосија не ја тргнат


ќе изгледа многу гадно (оно и онака триумф-ална порта не е нешто складно ниту симболично, него више ми личи на нафрлена мега легокоцка среде град)




ма и други градби и улици има за тргање...и за проширување, за олеснување на скопскиот метеж...али јбг, доџоше пилци.

 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ми се свиѓа што ќе има нови споменици.. Ама што е многу многу е.. Ама за инат на Грците нека го Удрат Александар.. Нека баботи на Сред Трговски..
Ми се смачи веќе Александар ова она.. Има да грми хаха
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Од целиот проект кој ми се допаѓа како една прекрасна идеја која се реализира, единствено за мене дискутабилно е реализирањето и лоцирањето на триумфалната порта. Сите други елементи и по амбиентално лоцирање и тематски се одлични!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ако оваа грдосија не ја тргнат


ќе изгледа многу гадно (оно и онака триумф-ална порта не е нешто складно ниту симболично, него више ми личи на нафрлена мега легокоцка среде град)




ма и други градби и улици има за тргање...и за проширување, за олеснување на скопскиот метеж...али јбг, доџоше пилци.


A ако ја преправат зградава, во нео-класичен стил , па може и ќе личи :pos:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ако оваа грдосија не ја тргнат



[/LEFT]
Предлагам да му ја дадат на Зуко и да биде најголемата семкарница во светот ...
прв спрат семки ,па сончоглед ,кикирики,сусамки ,костени ...а на кров леблебија и неколку бали сено ,ако им се пријаде на Аце и на Буки да си зобнат малку...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891


kaко би изгледал од камени ...

билд.мк
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037


kaко би изгледал од камени ...

билд.мк
Па споменикот на оваа слика и излеаниот на погорната не се баш исти... Дошло до некакви измени ваљда ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Па споменикот на оваа слика и излеаниот на погорната не се баш исти... Дошло до некакви измени ваљда ?
Абе ова е у скеч ап правено, за да одприлика се долови големината во просторот..не навлегуј ти толку у детали :poss:
 
Член од
22 октомври 2010
Мислења
256
Поени од реакции
144
Попладнево загина градежен работник

Градежен работник попладнево загина откако падна од скеле , извршувајќи градежни работи во објектот на Музејот на ВМРО. Како што се дознава,се работи за Горан Т., на возраст од околу 40тина години, ангажиран од фирма подизведувач на градежните работи на објектот.

На местото на несреќата увид врши инспектор од Трудовиот инспекторат,околу тоа како се случил падот и дали биле исполнети сите услови за безбедност. Од Инспекторатот и од МВР повеќе детали најавуваат за утре./Е.И.


Извор

Сите овие зданија изгледаат фасцинантно, тука нема збор. Но кога ќе ги видам сите овие градби, гледам ликови на целиот оној сиромашен народ кој нема пари да обезбеди корка леб за себе и својата фамилија, на работниците кои го "дадоа" својот живот за да се изградат овие зданија, како што е погорниов случај, а и претходниот при изградбата на северната трибина на стадионот. Зарем толку градежните работници не се обезбедени? Кој ќе ја преземе одговорноста или ова ќе се сокрие, заборави како и претходниот случај.

Кога клипот за Скопје 2014 им го покажав на роднини од Америка, нивниот коментар беше "во многу градови во светот има вакви обележја како триумфалната капија, тоа е сосема нормално", но тука е прашањето за неговото историско значење. Реално, Македонија во историјата и немала можност да изгради на своја земја објекти од ваков тип кои сега би имале историско значење за македонскиот народ, а сите ја знаеме причината, каква била нашата историја. Сепак нивниот коментар беше дека целиот проект изгледа прекрасно и би дошле како туристи да го посетат градот.

Не може да се каже дека невработеноста е резултат на тоа што народот чека на готово да добие нешто од државата. Во Скопје, реално, можете да се вработите каде сакате, во Гевгелија исто така, но што е со другите помали градови. Зарем треба сите од таму да се иселат, да изумрат тие градови за да можат граѓаните да најдат работа во Скопје? Имам роднини, пријатели од Радовиш, Берово, Кратово, и знам какви се условите таму, едвај закрпуваат крај со крај, пробуваат било што да сработат за минимален надомест. Градовите остануваат на старите, младите се иселуваат во странство и животот на тие градови зависи од парите што ќе ги донесат од печалба. Едноставно нема работа таму, и да барате, џабе, зар секој може да отвори свој бизнис.

Реално, го поддржувам градењето во Скопје, но дали е тоа вистинскиот момент, дали е тоа вистинската намена за која тие пари се користат, се што би кажал за ова, само ќе се повторувам со другите. Ако чекаме на вистинскиот момент, тој никогаш нема ни да дојде, а градот би останал само една обична паланка.

Тука би застанал, затоа што за се што ќе кажам понатаму, ќе добијм етикета дека сум од оваа или онаа политичка партија. Немам намера да се убедувам со некого.

Аце изгледа прекрасно, ама многу бе голем, ни во апарат нема да ми го збере:). Од Кале ќе мораме да сликаме. Ми се свиѓа, баш да видиме како сето тоа че изгледа кога ќе се постави на плоштад. Еее Аце која чест ја имаш. Да ни јавнеш на плоштадот, во толкави димензии не е мала работа.
 
С

сашенко

Гостин
У право си друже тотално...

--- надополнето ---

 

Kajgana Shop

На врв Bottom