Скопје се гради. Добро ли е тоа?

Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
http://depts.washington.edu/open2100/pdf/2_OpenSpaceTypes/Open_Space_Types/pedestrian_bike_streets.pdf

Еве во кој правец треба да оди Скопје.

Јас сум, на пример, заколнат пешак. Сакам да пешачам, повеќе отколку да се туткам во автобус или да возам кола. Сакам да пешачам и покрај тоа што пешачењето во Скопје е опасно од многу аспекти. Радо би возела и велосипед. За поздравување е секој напор за усмерување на активностите кон оформување на вакви зони во Скопје, иако некои обиди испаднаа смешни и глупави-на пример, обележување на велосипедска патека која ПОМИНУВА т.е УДИРА во билборд. Колку да ја има. Или проектот со изнајмување на велосипеди. Со нив испаѓа дека некој ти дава некаква алатка а ти немаш на што да ја примениш. Колку да го има. Башка и нашата (скопска) култура падна на овој "изнајми си велосипед" тест. Ај еве, некој ќе рече дака лажам и се злобам, но самата велосипедска станица си кажува низ што поминала. А велосипедските патеки сите си ги гледаме.

Еве уште некои прашања:

Знае некој што е тоа зеленило?
Знае некој како изгледа полна линија (или испрекината, макар)? Можда некој видел пешачки премин негде, мислам саглам нацртан?
Застанува некој на знак СТОП?
Знае некој како изгледа улица без дупки?
Пристапни рампи за инвалиди, можеби?

И претходно сум рекла дека не е важно само да се гради. Треба добро да се размисли што ќе се гради и како. Но, за да направиш нешто како треба, потребен е памет. Образуван соодветно. Паметна глава, многу веројатно е дека ќе се држи исправено, ќе се мучка од време на време, ќе трпи прст на чело, и секако повеќе ќе го користи паметот отколку јазикот.
Но, македонската глава повеќе го користи јазикот. И тоа не за зборење!

Ја се извињавам за ЛИНКОТ, ама нема друг начин за да покажам добар пример. Ама тоа баш и не е грев, бидејќи успеав да склепам и некој збор. ;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мислам дека овде ќа ја прекинам дискусијата со тебе.Ќе одам да се помолам да дојде нов премиер кој ќе ми го смени животот.Сама ништо не работам,ниту заработувам,чекам на нив. Тоа ми е суштината на живеењето,на утро и на вечер палам по едно кандило во надеж некој политичар да ми го покаже патот. :(
Ironijata i sarkazmot, draga moja, se inferiornii oblici na komunikacija. Obicno covek posegnuva po niv koga ke se najde vo nebrano. Ako sakas da ja prekines diskusijata so mene, toa e tvoj izbor...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Во Македонија последниве 2 години сите станаа експерти за барок,а претходно мислеа дека барок е вид француски леб.Страшно.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ironijata i sarkazmot, draga moja, se inferiornii oblici na komunikacija. Obicno covek posegnuva po niv koga ke se najde vo nebrano. Ako sakas da ja prekines diskusijata so mene, toa e tvoj izbor...
Секако драг мој,во небрано сум,незнам што да ви одговорам.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.772
Поени од реакции
9.892
Погрешно паркирање беше 1500 сега 15 000
трактор без возачка беше 4000 сега 18 000
првенство на минуваењ беше 4000 сега 18 000
прекршоци за ддв беше 2000 сега 60 000

да не спомнувам, ако плукнеш 50 евра, чкрипење со гуми 45 евра.
1.не сум баш сигурен дека е толку
2.дојди у Куманово да видиш трактори низ центар + плугови..толку голема некултура,ја да сум би им забранил пешки да одат, не трактор да возат
3.сегде у свет се високи казните за сообраќајни прекршоци..толку голема сообраќајна некултура,мора некако да се спречи
4. во Америка ако не платиш данок ќе изгниеш у затвор.. потешко дело дури и од човек да убиеш

5-6 Па ние чобани ли сме некои од планина, или граѓани кои се стремат кон ЕУ.. што имаш потреба да чкрипиш со гуми, или сакаш фраер да се направиш пред риби ?.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Цитро не го р’чкај за чкрипките, како на друг начин ќе ги покаже лиените 18 инчни бандажи :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
абе немаме услови со 12 000 толкави казни не се нормални. Јас сум за урбанизација на сељачизмот, ама ова е претерано, и целта на цел муабет ми беше дека нека се полни буџетот ама да биде за продуктивни работи, патиштата ни се лом по лом, подобро инфраструктура да се направи, гасификација ова она него да шминкаме.

Ова ти е исто ко во една стара куќа целата со дупли ЛЦД телевизор да рокниш, познавам една таква фамилија сите им се смеат.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Цитро не го р’чкај за чкрипките, како на друг начин ќе ги покаже лиените 18 инчни бандажи :)
Тончи незнам шо се рчкаш со моите 18инчни фелни, коа тие се заработени во приватна фирма која работи 20 години за разлика од тебе шо црпиш од данокот шо го плаќам јас 20 години за фирмата.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Погрешно паркирање беше 1500 сега 15 000
трактор без возачка беше 4000 сега 18 000
првенство на минуваењ беше 4000 сега 18 000
прекршоци за ддв беше 2000 сега 60 000

да не спомнувам, ако плукнеш 50 евра, чкрипење со гуми 45 евра.
Да ти кажам право, ја би ги дуплирала. За плукање би сечела дел од тело, за шкрипки би додала клоца у газ и заушка :) Озбилно :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Др.Чејс, знам дека ти порано највеќе се лутеше за дупките, и оправдано, ама Почна реконструкцијата на пет сообраќајници во Скопје Така да, не е се така црно.
Објектите што се градат се за институциите кои сега се сместени под кирија во објекти расштракани низ цело Скопје.

Гасификацијата на Скопје не знам кој ја има сјебано. Памтам дека уште во 90тите на голема врата се најавуваше како проект кој во голема мера ќе реши проблеми околу енергетиката во Скопје, ама остана само на најави.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Аман не ми кажувај, често се движам по улициве гледам шо се прај како се прај, Илинденска во 5 години ја најавуваат како автопат 500 километри да се напрајле.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=74699 еве што се случува во Дебар, скоро бев и во Струга ситуацијата е иста, ова најсвежи спомени шо ми се останати. Јас секоаш викам ако дојде турист кај нас или транзит да помине нема шанси да му текне пак да дојде само ради патот, и десетици ривјуа од странци шо поминале низ македонија ја оценуваат како ...танзанија.
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Koga 50 godini nisto ne se izgradilo ni kamen na kamen se nema postaveno rednoe nekoj da pocni da gradi ne vo BAROK, tuku i vo kakov i da e drug stil, toa e ubavo.Skopje e glaven grad t.e liceto na Makedonija redno vreme e da zalici na toa, a ne kako dosega prazen prostor do nedogled i ulici koi po 10 pati bea, pa ne bea ednosmerni redno vreme e da se znae, a ke dojdi red i na drugite gradovi, ke se gradi sekade.
Ne e predizborna kampanja Skopje pocna da se gradi uste pred da se znae deka voopsto ke ima predvremeni izbori.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Koga 50 godini nisto ne se izgradilo ni kamen na kamen se nema postaveno rednoe nekoj da pocni da gradi ne vo BAROK, tuku i vo kakov i da e drug stil, toa e ubavo.Skopje e glaven grad t.e liceto na Makedonija redno vreme e da zalici na toa, a ne kako dosega prazen prostor do nedogled i ulici koi po 10 pati bea, pa ne bea ednosmerni redno vreme e da se znae, a ke dojdi red i na drugite gradovi, ke se gradi sekade.
Ne e predizborna kampanja Skopje pocna da se gradi uste pred da se znae deka voopsto ke ima predvremeni izbori.
Тебе изгледа ти се спие. Знаеш која година му доаѓа пред 50 години?
Не знам што пишувавме до сега. Слики, линкови. Се расправаме со страници и денови, очи си копаме... и сега-СЕ ПОЈАВУВАШ ТИ!

Си слушнал за Потемкиново село? Ај, побарај си, корисно е да знаеш што тоа значи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom