Луѓе што ви е на вас бе? Сите место да се радувате на пласманот, вие во преден план ви е Браун, од уста не го вадите... Јесте да одигра доста слабо денеска, ама сетете се дека кога го немавме Рафаел и кога Невил беше повреден, дека беше незаменлив на десната бековска позиција... какви навивачи сте, кога во преден план ви е плукањето по играч, отколку пласманот во следна рунда во ЛШ... кој дефанзивец нема одиграно слабо, кој дефанзивец нема правено големи киксови, кој си нема дадено автогол? Фердинанд нема правено глупости? Си има постигнато можеби и најсмешен автогол (оној против Блекбурн) па сега ви недостасува... сетете се на неколку бледи настапи на Видиќ (посебно оној против Ливерпул на ОТ 1-4), па сега лепете усти... и да не набројувам други класа дефанзивци... погледнете денеска Лусио каква кардинална грешка направи за вториот гол на Баерн, а лани беше прогласен за најдобар дефанзивец... и мал милион други примери...
Место да ја цените неговата лојалност кон клубот, цела фудбалска кариера е во Манчестер Јунајтед, и во добри и во лоши моменти е во клубот, скоро цела кариера се бори со конкуренцијата во тимот, резерва е во поголемиот дел од кариерата, и никогаш не е изјавил нешто против тимот или да изрази незадоволство... ретки се тие фудбалери, 99% од фудбалерите би си заминале во послаб клуб, но за поголема минутажа, тој остана верен на клубот... и вие после еден автогол или после два-три одиграни мечеви плукате по него... не велам дека е класа играчиште, и јас гледам дека греши, но со сета почит што има направено до сега никогаш нема да изговорам лошо...
Битно е дека денеска победивме, игравме колку за победа, штета само што се повредија овие од одбраната, но Браун и Крис се тука
Чичарито се повеќе ме воодушевува, нема некоја посебна техника, но најважното за еден напаѓач го поседува - чувството за гол, односно да се најде на местото каде што ќе се одбие топката, тоа е најважно... Руни поповлечен денеска, исто како и против Арсенал, му годи оваа улога, ептен е корисен... средината добра, освен Нани кој ваљда беше потресен од случувањата во Јапонија
Евра капитенски, одличен и во фаза на напад и во одбрана, Браун и Крис малку несигурни, но ваљда не се уиграни заедно... иначе дека е Џони Еванс, не сум прочитал подолго време за него, некаква повреда или голема конкуренција?
Ќе завршам со ВДС, и денеска како и против Арсенал, маестрален, можеби со помалку работа денеска, но тоа што му беше задача, си ја изврши максимално...
Кој сака нека ни се падне, од никого не стравувам, јас лично како фан на Јунајтед, едино што посакувам е реваншот да е на ОТ... и ждрепката е овој Петок, така? И кога ќе се играат 1/4 финалните мечеви, доколку има распоред, да не тражам сега по нет?
Glory, Glory