Џиш јас тоа кажувам импортерот, дилерот или увозникот НЕ МОЖЕ да набави возила од втора класа затоа што не постојат. Ако не ги задоволува критериумите оде под преса уште во Цитроен фабриката, ако е пронајден баг подоцна (Тојота пример) се повлекува цела серија.
може да сонувате за тоа дека нема возила од втора и трета класа... има и тоа уште во производство со деловите се прави поделба... и тие се поделени уште на сам старт која за кој пазар иде... и уште се познаваат по сериските броеви... и нај на крај, тоа е нешто што функционира веке 25 години, не е вчерашен муабетов... некои до душта лошите произведени делови (втора и трета класа) ги бутаат за резервни делови а четврта класа иде на топење.. пример има многу... од лична дискусија и проверка ми е докажано дека сите делови што ги произведува фолксваген, првата класа иде во нивните возила, т.е. во фолксвагенови возила, втора класа иде за резервни делови а трета класа иде во шкода.. и затоа моторите на шкода тераат максимум до 200.000 пред ремонт (а има такви што и пред 100.000 откажуваат) додека истиот тој мотор на гоЉф иде и по 500.000 па сега видете си сами, имате доказ... прашајте било кој што набил километража на шкода, колку сервиси имал, можеби ситни можеби не, ама во главном ги имал во голема количина... парадоксот е во тоа што резервните делови се поквалитетни од оригиналните... за шкода збориме нели...
така и за цитроен јас го имам чуено истиот муабет, и за рено исто, и фијатите исто, дека возилата од прва класа се за земји со висок криетериум, втора класа се за земји со низок критериум, а трета класа се возила ки се дистрибуираат директно кај овластените сервиси во земјите со висок криетериум... значи готов продукт, кој не прошол на тестот за исправност за прва и втора класа иде во сервис за резервни делови, на расклапање... е сега от таму па натака, што се мучка со нив е друг муабет... а на светско ниво се мучка и те како... знам и точно по кој пат може да се леглизира такво возило, да стане легално увезено во македонија, бугарија, србија... нема да верувате ама многу е просто... само не би за ова да зборам... не е мој домен више тоа...