Што ни продаваат авто-дилерите и импортерите во Македонија?

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ако се работи за резервни делови (нови) сигурно ќе има разлика. Имаш различни добавувачи. Пример компанија ACME која произведува делови за Renault и ги прави грешни. Тоа е секогаш така. Јас Голфот кога го реставрирав, купив крила за него, па мораше да се виткаат во долниот дел за да легнат на шасија. Новото крило имаше зјај од каросерија добри 2-3cm. Па со загревање, ладење блаблабал се испегла како што треба и легна на шасија.

Е сега, што се однесува до користени делови (да речиме кола носена од Германија да се користи како донор) и да не пасуваат на возила од наш пазар тоа е веќе друга мистерија.

Но МОЖЕБИ тоа слупано возило што е тука има извитоперена шасија и сите геометрии се пореметија, па испаѓа дека не се легнати добро деловите (ова само теорија,...не велам дека можно да е вистина тоа).

Немам одговор на тоа...ама како и да е...ние...крајните корисници (сопственици)...we are fucked :D
Врти-сучи, доаѓаме на еден од муабетите на почетокот на темава. Испаѓа дека Daewoo-то кое си го купил поодамна како ново речиси нема мана. Истото го слушам и за Kia и Hyndai. Испаѓа дека корејците не ги селектираат пазарите според социјална категорија туку секаде испраќаат квалитет. За тоа и реков, поарно ќе купам корејско возило кое btw ќе го платам и поевтино во иста класа со некое француско или италијанско кое е произведено на пр. во Турција или Романија и припаѓа на производна серија во која нема категории туку сите возила кои излегуваат од произвотство на пазарот се со исти контролни параметри.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Врти-сучи, доаѓаме на еден од муабетите на почетокот на темава. Испаѓа дека Daewoo-то кое си го купил поодамна како ново речиси нема мана. Истото го слушам и за Kia и Hyndai. Испаѓа дека корејците не ги селектираат пазарите според социјална категорија туку секаде испраќаат квалитет. За тоа и реков, поарно ќе купам корејско возило кое btw ќе го платам и поевтино во иста класа со некое француско или италијанско кое е произведено на пр. во Турција или Романија и припаѓа на производна серија во која нема категории туку сите возила кои излегуваат од произвотство на пазарот се со исти контролни параметри.
Корејски и јапонски...то е то...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Не рекол џабе народот „да му се погоди среќата“ (На колата...т.е на газдата)

Знаете што е проблемот? Проблемот е во тоа што овде се прават најголемите измами. Секој оди во салон да купи кола бидејќи не сака да се грижи за квалитетот на возилото. Се знае, ново си е ново. Од она што имам читано како мислења, статии по весници, еминентни новинари, се повеќе се доведувам до заклучок дека големите производители (Citroen, Peugeot, VW, Opel, Ford...) потфрлуваат со квалитетот. Пластики почнуваат да крцкаат, ветерот се слуша при високи брзини, моторот чудно се однесува пример: Сред возење се уклучува сијаличката Check Engine, застануваш, ја гасиш колата, повторно ја палиш, сијаличката не свети. Ако свети пак значи нешто не е во ред и/или треба колата на сервис да оди. Тебе те фаќа паника и не знаеш што да правиш а тоа е некој куршлуз во електорниката.

Што се однесува до французите, ептен потфрлуваат од 1998 година навака. Пример Citroen имаат невидено лоша електроника и електрика. Да не претерам ама 80% од сите купени Xsara,C2,C3,C4 имаат проблем со електриката и електрониката. Откажуваат најчесто фарови, централни брави итн.
Механички се супер, но ваквите ситници знаат ите како да те изнервираат и да ти скршат филм.

Наровучение: Гледам дека се повеќе и повеќе занемарените (кај нас) марки од типот Skoda, Seat, Chevrolet, Kia, Hyndai, Dacia, ваѓаат даааааалеку поквалитетни и поиздржливи возила од нивните сестрински компании. Дали сакаат да се пробијат на пазарот со квалитет и ниска цена за да можат да опстојат, не знам, ама очигледно им успева.
1. Еве ќе ти кажам,не е само до Ситроен,мене исто ме зеза Лагуната 1.9 DCi од 2003,кога ја возиш повеќе од 100 км/ч,или под напор(на угорница),одма се пали една сијаличка која означува присуство на вода во моторот(што си нема блага веза со реалната ситуација) и после тоа CPU-то ти ја намалува брзината на колата на максимум 70 км/ч.После солидно мое истражување на интернет и по форуми,открив дека проблемот е всушност во грешни кодови во CPU на колата(а кои се трупаат и кога ставаш лошо гориво,го збунуваат компјутерот во правењето на смесата),и кои се поправаат со ресетирање на CPU-то.
2. Одам кај еден колега од работа,еве го син му со истата кола и мотор,и кога гледам и нему му откажал подигачот на десниот прозор(исто и кај мене,случајно?,не би рекол,мислам дека е пак вообичаена сериска грешка.
3.
Исто така,ја носев на еден добар сервисер,ми кажа дека тоа е вообичена електронска грешка за Лагуните произведени до 2005,со редизајнот и со подобрувањата во електрониката кои настапија после доаѓањето на нов шеф на Рено во 2005,тие грешки се исправени.За механиката можам да кажам дека е одлична,исто пали од прва на -8(проверено повеќепати).Така да народе,би ве советувал да земате половни коли кои се сериски последни произведувани и кај кои се прележани детските болести,поздрав :smir:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Малку оф топик ама сакам да го прашам onak зошто прочитав дека реставрирал рено 4 колку пари би ме чинело реставрирањето пошо су голем фан на рено 4 GTl
и еве едно видео за тоа шо го збореше onak за крилата на реното
друже... јас зборев за предни крила... не за задни... а ова што така е изведен трапот на рено 4 е големо за објаснување... на сите четворки што ке ги видиш во животот свој, да го измериш задно десно со задно лево крило се појавува разликата од 5,5 сантими. да не објаснувам како и зашто е така направено, на долго ке биде, меѓутоа тоа и ден денес е кај многу коли, задното лево тркало (возачкото) е понапред за некој сантим во однос на десното задно (сувозачко)... едина глупост е што на времето тоа го направиле да се познава преку крилата, па ги скратиле и нив, т.е. го продолжиле едното... и на моето рено 19 задното лево е понаред за 3 сантими од задното десно.. и на двете 19-ки што ги имам така е направено... нека не ве чуди не е тоа ништо ново, се работи за одредени пресметки на тракција при движење. светскиот стандард за патишта вели дека патот по кој се движиш праволиниски не е рамен водорамно туку е со мал нагиб кон надвор, т.е. десната страна е пониска (отпадни води, дожд и слично) освен во кривините, кога нагибот е соодветен према правецот на вртење. затоа и има разлика помеѓу тркалата гледано и мерено од задно до предно тркало осовински.


за реставрацијата... зависи што подразбираш под реставрација... некој реставрација подразбира да го улепша возилото и да го врати во некој првобитна состојба од фабрика така што ке го светне од надвор. според други а и според мене, реставрација е комплетно растурање до последен штраф, вклучувајки го тука и моторот да се растури комплетно и составување од почеток. узпат се што не чини да се смени со ново. се што се “подрасипало ама ке тера“ се мења исто со ново...

инаку за цена на реставрација на рено 4 гтл не би можел да ти кажам затоа што тоа одамна беше, пред едно 6-7 години. плус јас реставрирав 4 тл иако се многу слични сепак не се исти, во моторите. а богами и во крилата, вратите, хладњаците, и гепекот... задните крила се исти меѓу 4 тл и 4 гтл... ама како и да е, со сопствена заложба, и многу работа (саати, денови, недели и месеци) поминати над колата ке добиеш продукт кој ке биде целосно реставриран, со променети делови, и како од фабрика излезено за нај малку 1000 евра + возилото... дури и подобро ке биде лимарски средено отколку од фабрика, бидејки на времето не шприцале грундови, прајмери и останати хемикалии и заштити на лимовите пред да се фарбаат. понатака кобити и подлоги за патос како заштити од корозии и сол исто така не ставале сега ги има колку сакаш и не се скапи.

за делови некои работи ги има на претек, некои работи се тешки за наоѓање, ама дел од нив се заменски со други коли... тука упаѓа у муабет нај често застава... слободно прашај кога ке запнеш на нешто ке се обидеме да ти помогнеме и јас и другите автомобилисти на форумов...

и извести не кога ке почнеш со реставрирање, можеш и фотки да туриш од набавеното возило да видиме од која појдовна точка ке работиш.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Очите 5 банки отворени коа купувате коли увезени од Словенија. Озгоре гланцано, оздоле скапано. :tapp:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
A so mislese ti deka za tie pari od tamo nosat kolista :). pocnaa poleka poleka da se zaebuvaat i uste ke ima golemi cirkuzi
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
A so mislese ti deka za tie pari od tamo nosat kolista :). pocnaa poleka poleka da se zaebuvaat i uste ke ima golemi cirkuzi
За кои пари збориме подетално !? Не спомнав скапи колишта, за евтини пари тука ќе најдеш поасална кола него од тие увезените скапаници. Работата е што сакаат да те заебат, таму ги купиле по 500 евра, а тебе ти ги даваат по 2000-3000.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
A so mislese ti deka za tie pari od tamo nosat kolista :). pocnaa poleka poleka da se zaebuvaat i uste ke ima golemi cirkuzi
да да... еве во гараже детално се смени возниот парк за сервисирање... работата иде напред... до пред неполна година, воглавном т.е. околу 70% од возилата на сервис беа застави, лади, пезетки, бмв над 20 години и слично... сега односот е сменет... од мерцедеси, фолксвагени, понови бмв-иња, реновци и слично... влагаат коли со лаковани бои, енетриери лудило, изглед феноманеален... ама кога ке отвориш хауба те чека еден голем интересен ЗАПЛЕТ ОД ХАОС... цвичат лагери, затегачи, каиши, тропаат вентили, хилзни, чадат низ ауспух и низ издуви-одишаци... башка крчат мењачи, проебани предници, амортизери, лагери на тркала, луфти на јабучици, летви, рамења, зглобови... и нај јакото е тоа што ниеден дефект не е под 50 евра дел... а има такви и до 500 евра за банала... на пример еден мерцедес од кратките, неможевме да му отштрафиме штраф на радилица... механички затворен и залепен... во сервис на мерцедес наплатија 200 евра за отштрафување на истиот со се транспорт од кај нас до кај нив и назад...

фино... има и ке има работа а со тоа и пари... јас реков на самиот почеток од акцијата дека залетувањето за увоз на овие коли за само 500-600 евра разлика да ги купиш од тука е голема грешка и единствено нај јако фајде ке има буџетот на државата... целиот авто отпад од словенија, бугарија, германија стигна кај нас во МК... ама ако... јас предлагам следните избори да им дадат по еден пластичен чекан на пратенициве и да шетаат низ народов па да го лупаат по глава со зборовите БЛАГОСЛОВЕНИ ДА СТЕ ОД ВЛАСТА....:vozbud:
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
На втората страна мислам дека имаше поголема расправа за тоа дали постојат 3-4 класи на возила од еден производител. Јас работев во автомобилска индустрија, во одделение за развој на нови призводи, како конструктор на производи. Кога ќе се симнев долу во халата, производите кои сум ги конструирал неможам да ги препознаам :D За Русија, најквалитетните (прва вградба), потоа за Германија, Полска, Белорусија, Јужна Африка, Турција...а останатото, кое е за фрлање иде на балканските пазари, највеќе во Србија. Цените на производите беа обратно пропорционални со квалитетот. Истиот дел за Русија чини 300€, а за Србија 850€. Според ова, јас верувам дека и те како постојат повеќе класи за различни пазари, не само на деловите, туку и на целиот склоп (автомобил/камион).
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Што мислите за Опел Корса? Нова. Има некој со искуство? Разбрав некои проблеми со електрониката имале.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.553
Поени од реакции
7.279
Како и секој Опел
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Не знам оти ама се ми мириса дека пријателот на Мандрак има поголема фантазија и муабетот е правен од кога ќе фрлат по две - три жолти во кафана.
Мое лично мислење за ова.
Цитроен (и секоја друга посериозна компанија без разлика дали е поврзана со автомобилизмот) нема возила или производи од 2,3 и 4 класа. Ако производот не помини на квалитативна проверка НЕ МОЖЕ да се пушти во употреба, ако сака нека оди на пазар во Конго.
Друг е муабетот за квалитетот на изработката во Турција, Индија, Мексико или Германија на еден Форд но сепак не е некоја енормна разлика во секој случај токму заради таа квалитативна проверка.(сепак секоја компанија се труди да го задржи реномето)
Не сум тесно поврзан со автомобилската индустрија но мислам дека не може технички салонот да набави Цитроен 2 класа или пак некое друго возило.
Xaxaxa

Секоја компанија има 2ра,3та и 4та класа според дефекти на производот.Еднаш отидов по сијалица после 2 саати и 3-4 враќања во продавницата заклучивме со продавачот дека скоро секоја сијалица на General Electric ( најголемата корпорација од својот сектор ) е дефектна.Имено кај делот за навртување при правење на жлебовите машините им засекувале подлабоко на некој места и со тоа го пробушувале алуминиумот и автоматски нема вакум.И сега место да ги исфрлат сите овие сијалици како фабрички грешки овие зарезите ги пополниле со некој тип на силикон и после неколку дена од топлината силиконот ќе се стопи и сијалицата ќе прегори па ај по нова.

Знам дека не вреди за глупа сијалица али типов имаше посебна сталажа за електроника од General Electric мислиш бренд продава.

Имам вакви уште 100 примери.Впрочем од Полска и Чешка се жалеа во ЕУ дека им се праќа целото ѓубре али после некое време го повлекоа барањето.

-Прва класа роба иде во Америка , Јапан ,Англија ,Франција ,Германија ,Канада,Холандија ,Русија...
-Втора класа иде во Шпанија,Грција,Австралија,Кина...

Меѓу првата и втората класа многу е и важно дали има пазар во кој се борат повеќе компании.Дека ако нема за пазарот борба и нема домашно производство тогаш се во втора категорија ако има домашно производство ( тогаш се прва или втора зависно од
квалитетот на компанијата )

-Трета класа иде во Источна Европа,Јужна Америка

Ова ние што го добиваме е или трета класа или ептен огромна фабричка грешка.



,
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Risto_PoP_Trajanov_VIII

Не спорам во нешто што не сум директно инволвиран само дадов мое мислење базирано на некаква логичка интрепретација кое и можеби не е точно.
Пак ќе кажам мое мислење е дека корпарациите имаат солидна контрола на квалитет (ово со сигурност бидејќи сум работел во една).
Друга работа е што многу го потценувате источниот пазар, железниот зид падна уште во 90тите и сега само Русија, Украина односно источнот блок има поголем пазар од цела ЕУ и таму е поголемо конзумерско општество од кога било.
И ако некој автомобилски бренд го изгуби пазарот во Русија од причина што праќа автомобили од втора класа ќе го погоди повеќе од тоа да го изгуби пазарот во една Холандија со смешен број на жители.
Друга работа на која го темалам моето тврдење е цената на автомобилите и нивните оригиналнио делови.
Цената на една Ц3 е идентична или поскапа кај нас заради поголемата маржа на трговците, него ли во Германија, Холандија, да не земам да споредам со САД каде цените се 20% поефтини.
Па според тоа интерпретирам дека тоа се истите возила, веќе спомнав погоре дека квалитетот може да варира од фабриката на производство. Пример Цитроенот произведен во Унгарија, да е поквалитетен од Цитроенот произведен во Индија од причина што контролата на квалитет работи поодговорно во Унгарија.
Ако ти овде купиш унгарски Цитроен и некој Штраус во Германија купи унгарски Цитроен претпоставувам дека тоа е иста кола.

Не знам што мисли miki002 кога спомнува толкави драстични разлики во цените.
Па оригиналните делови на автомобили се поефтини на запад, споредбено со нашите.
Не знам колку пати сме оделе по делови во Грција од причина што кај нас се поскапи, истото може да се спореди и на ибеј сега.
Според мене тука нема никаква логика..
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Разликите во цените се тие, верувал или не, од прва рака информација. Само за пример, еден дел кој достигнива до 900€ цена, има производна цена од 65€, од која за материјали се 28€. Се работи за спојки и менувачи да бидам малку појасен. Ова малку забегува од темата, па да се исправам во тој поглед ќе кажам дека на нашите „импортери“, „дилери“ и слични називи од фирми, баш и не им се нуди преголем избор за тоа што ќе увезат и продадат, барем не на помалите од нив, светот на бизнисот е суров, и воопшто не ме чуди случката со Цитроенот да е тотално француско масло. Еве во нашите сервиси се вградуваат германски делови, од ZF Sachs кои чинат поефтино, но секогаш се репарирани, односно втора употреба, а самиот ZF ги продава како нови. Она што производителот ќе ти понуди, тоа можеш да го купиш и подоцна препродадеш, друго не дека нема, само нема да заработиш од тоа.
едит: Зборувам за наша компанија, каде што јас работев.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom