Scream Music Festival @ Метрополис Арена - 18.02.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Во знак на добра воља, и позитивни вибрации на подфорумов престанувам да коментирам. Патем 60 мислења за два дена во Ноќен ѓивот не памтам од кога се случиле последен пат, и дали се имаат случено досега. Подобра промоција на тема од тоа, здравје.

Патем да го замолам ГадХејтАсОл да не ја прави циганската :) И да ми прави друштво на Кинетик у Кастро.

Чао, пријатно, шо би рекол клаберот.
 
Зашо мислиш дека на него, или на мене, или на било кој тука на кој не му се свиѓа евентов, му е гајле што тебе ќе ти ги лапнат парите, или уште повеќе, му е гајле што ти слушаш?
Ти даваш позитивна критика за евентот, ја негативна.
За ова стана збор пред некое време можеш да си провериш таму а и верувај не знаеш колку сум радосен кога ми дава совети некој толку едуциран како тебе....Искрено да ти кажам премногу се замислуваш паметен ама ако мора да има и такви по форумиве...
 
Tonchie и останатите што напаѓаат.

Вие подобра музика слушате, вие сте најдобрите слушатели ебаве на целиот свет. Дивлје Јагоде е светски бенд, се пеееле на секаде и имаат искуствно многу а и нивната музика е врв, па можат да се рамнат со секого. Во Штутгард беа предгрупа на WhiteSnake, незнам што да кажам, освен на вас да ви се обратам дека само под инает дека говорите.

Жалам.
Катастрофа сте.


Инаку одам 100%, само за Дивлје Јагоде и Прљаво.


 
Локација еве ти стадион има за отворено, затворено Метрополис мада не е нешто којзнае што голема... Популација? Ќе има еден куп гости од соседните земји, нема да сме само ние.

Ондак зошто Авалон ги донесе Ајрон Мејден во Белград наместо во Скопје?

За да организираш концерт на стадион треба минимално да имаш 30 000+ народ, популација со која доколку ангажираш некоја популарна група, не би добил никаков приход. Колку и да е голема и популарна групата во Македонија е премногу тешко да собереш над 30 000 народ. Број еден фактор ти е немаштијата на народов, број два популацијата...

Така да исфрлете го од мозок доаѓањето на големи бендови во Македонија, моментално за едни (пример) Кингс оф Леон можеме да сонуваме...

Он Топик: Глупо е што ги симнавте едни Дивлје Јагоде на толку ниско ниво, се слагам дека се веќе досадни и се туркаат на стара слава, ама кога на сцена не се нуди нешто друго, добри се...
 
Добро, КОГА, ЌЕ, СФАТИШ, ДЕКА, СЕКАДЕ, КАДЕ, ШТО, ИМА, ПОЗИЦИЈА, ИМА, И, ОПОЗИЦИЈА.
Што, ТУКА, НЕ, ТИ/ВИ, Е, ЈАСНО?
Дали ВАКА треба да пишувам како дете неизживеано за основни социолошки закони на природата да скапираш?
Тебе ти се свиѓа, Мене НЕ ми се свиѓа. Имам ПОТОПОЛНО право да КАЖАМ ДЕКА НЕ МИ СЕ СВИЃА, И ЗОШТО НЕ МИ СЕ СВИЃА, исто како што имаш и ти потполно право да го фалиш. Искрено, ми е гајле дали го слушаш слаткар и дали влагаш во во негови теми.
Во темава влегов затоа што сум ЗАИНТЕРЕСИРАН - Can you blame me for being interested?
Настанов не ми се свиѓа затоа што сум ЕДУЦИРАН - Can you blame me for being educated?

Со што си толку едуциран ај кажи?

Ах, да, и уште една работа.
Ужасно ме иритира коа во вакви дискусии ми мешате муабети "за вкусови не се дискутира".
Ало, сине, не станува збор за вкусови.
Знаеш коа станува збор за вкусови? Коа едниот преферира Patek Philippe а другиот Rolex. Тоаш станува збор за вкусови и тоаш не се дискутира.
А коа едниот преферира Patek Philippe а другиот Casio од битпазар, тоаш сине станува збор за квалитет, не за вкус, и тука и те како има муабет за праење. Али наравно, како и секоја ваква дебата, оној со малце повеќе знаење и разбирање во областа искача по глуп што воопшто пробувал да му објасни нешто на дечкото, пошо момакот си преферира Casio од битпазар пошо може да си го купи за 300 денари и на него да си глеа колку е саат исто како и на Patek Philippe, бренд за кој патем, не ни чул.

Дечко ако не примети темава е во Ноќен живот, а не во Музика. Во Музика се дискутира за музичари. Таму ќе зборуваш како ти слушаш андерграунд и си најопасен од сите, а јас слушам Негатив, Ван Гог и Беи д Фиш и не можам со тебе да се мерам. Значи овде се дискутира за фестивалот. И ај објасни ми ја целта на твојот пост жити се, сакаш да ме разубедиш да не одам на настапов или да не ги слушам овие погоре? До толку си глуп? Не се извињавам зошто ти прв почна со навреди.

П.С. И нареден пат шест пати да ме цитираш, не ми се доволни трите пораки што ми стигнаа во инбокс за еден цитат.
 
Срцеее, исклучи ја опцијата за цитати :)

И постот на ГадХејтАсОл беше баш за Ноќен живот, во Музика ако има тема за Дивље Јагоде, само фановите ќе пишуваат таму.

Додуша постов беше многу општ, се однесува на концертните случувања во земјава. Од време на време се случува во една тема да се направи сублимат на концертната (не)култура кај нас.
 
Јас ќе одам, па кој што сака нека мрчи. Вам и Deep Purple да ви ги донесат ќе кажете на стара слава штекаат пари ... па нормално е на стара слава ... да не се славни и докажани нема да ги видат моите пари.
За квалитетот на свирката што е понудена не сакам да коментирам, има премногу искусни музичари кои верувам ќе понудат добра свирка.
Негатив и Ван Гог би ги слушал без разлика на сите ваши коментари, јбг, сакам таков тип на музика. А неможам да не се изначудам за поддршката што ја давате на Bei the fish ... па они се тотална утка во дадениот настан. Не, не ги коментирам како група, ниту пак нивниот квалитет, но факт е дека нема што да бараат во група со останатите поради звукот кој го носат и поради тоа мислам дека наместо нив требале да улетат други „фосили“ од тип на Ареа.
 
Ондак зошто Авалон ги донесе Ајрон Мејден во Белград наместо во Скопје?

За да организираш концерт на стадион треба минимално да имаш 30 000+ народ, популација со која доколку ангажираш некоја популарна група, не би добил никаков приход. Колку и да е голема и популарна групата во Македонија е премногу тешко да собереш над 30 000 народ. Број еден фактор ти е немаштијата на народов, број два популацијата...

Така да исфрлете го од мозок доаѓањето на големи бендови во Македонија, моментално за едни (пример) Кингс оф Леон можеме да сонуваме...

Он Топик: Глупо е што ги симнавте едни Дивлје Јагоде на толку ниско ниво, се слагам дека се веќе досадни и се туркаат на стара слава, ама кога на сцена не се нуди нешто друго, добри се...


Од збор до збор!

Кога не можат да дојдат овде Kiss,AC/DC,Whitesnake,Foo Fighters,Muse,тогаш ќе мораме да се задоволуваме со екс-ју групиве...
 
Јас ќе одам, па кој што сака нека мрчи. Вам и Deep Purple да ви ги донесат ќе кажете на стара слава штекаат пари ... па нормално е на стара слава ... да не се славни и докажани нема да ги видат моите пари.
За квалитетот на свирката што е понудена не сакам да коментирам, има премногу искусни музичари кои верувам ќе понудат добра свирка.
Негатив и Ван Гог би ги слушал без разлика на сите ваши коментари, јбг, сакам таков тип на музика. А неможам да не се изначудам за поддршката што ја давате на Bei the fish ... па они се тотална утка во дадениот настан. Не, не ги коментирам како група, ниту пак нивниот квалитет, но факт е дека нема што да бараат во група со останатите поради звукот кој го носат и поради тоа мислам дека наместо нив требале да улетат други „фосили“ од тип на Ареа.

Ареа се ексклузивци на Авалон, а Бобо е стар волк и во никој случај нема да дозволи Ареа да свират на настан организиран од страна на продукција која се обидува да им биде конкуренција.
Беи д Фиш ги поддржуваме затоа што ќе ја одбележат декадата која претстои, иако јас ги слушав уште 2006та или 2007ма, не сум сигурен.
Кај Негатив има потенцијал да се држат уште една деценија.
Јагодите и театарот се од минатиот век, да не идеме офтопик :)

--- надополнето ---

Од збор до збор!

Кога не можат да дојдат овде Kiss,AC/DC,Whitesnake,Foo Fighters,Muse,тогаш ќе мораме да се задоволуваме со екс-ју групиве...

А можеме да се задоволиме и со Продиџи (бев вториот пат), Ману Чао (2 пати), Гуано Ејпс, Били Ајдол, Џентлмен.... вака на прв клик што ми паднаа на памет бендови на кои сум бил. Да не продолжувам со Пласибо, Боб Дилан.... и останати на кои не сум бил.
 
Колку пари толку музика и оф топик да не знаете дали има нешто организирано за Роџер Вотерс во Загреб ха?

Ја вака ја правам математиката

-Пари за карта - 450 денари
-Три фамилијарни пивца дома Крали Марко - 240 денари
-Да ги видам школските од пред 20 години здебелени ко крофни - Непроценливо
 
Зеле бе. Кој му го дал тоа име и кај се потпишува? :/

Ако Дивље Јагоде биле ѕверови на Екс-Ју музиката тогаш не знам што останува на ЕКВ, Хаустор, Идоли, Шарло Акробата и уше пар други бендови од тоа време? Ако Ти си га упознала може да се мери со Она се буди, Шејн, Ена, Срце, Круг, Синхро, Маљчики, Малена и уште милион други ондак све отишло у курац тука.
 
Мајко мила.... Се осеќам како 12 годишно детенце кога некој ќе го убедува дека не е убаво да се прави нешто.
И со кој памет улетуваат некои 18 годишни деца со пубертетски бркови и зборат за музика и ни кажуваат што е добро а што е лошо.
Ај убаво сите ви викаат, ако не ви се слушаат не ги слушајте и не ја трујте темава.
 
Ареа се ексклузивци на Авалон, а Бобо е стар волк и во никој случај нема да дозволи Ареа да свират на настан организиран од страна на продукција која се обидува да им биде конкуренција.
Беи д Фиш ги поддржуваме затоа што ќе ја одбележат декадата која претстои, иако јас ги слушав уште 2006та или 2007ма, не сум сигурен.
Кај Негатив има потенцијал да се држат уште една деценија.
Јагодите и театарот се од минатиот век, да не идеме офтопик :)

--- надополнето ---



А можеме да се задоволиме и со Продиџи (бев вториот пат), Ману Чао (2 пати), Гуано Ејпс, Били Ајдол, Џентлмен.... вака на прв клик што ми паднаа на памет бендови на кои сум бил. Да не продолжувам со Пласибо, Боб Дилан.... и останати на кои не сум бил.


На Ајдол бев,на Дилан исто бев,на Пласибо не.Другото не ме интересира,зошто само рок слушам.Така да..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom