LordDragonII
Dr.Strangelove
Леле а замисли виц да кажев, лошо ќе ти станеше од смеење. Ццц тоа ти е неизживеана раја што се сили по форуми. Кој е бе оригинален? Tokio Hotel оригинални се? Jonas Brothers оригинални се? Klaxons? The Kooks? Не се. Смеј се ти колку сакаш.
Абе смешки...
Инаку џабе и да ти зборувам за оригиналноста на музиката т.е. нејзиното потекло, корените дали се англо саксонски, ориентали , егзотични...
Требит познавање, пред се музичко (теорија и историја на модерната музика нешто кое се изучува во музички образовни установи), послем активно учество (дали како композитор, иструменталист или продукциско учество не е битно) нешто со кое се занимаваат професионалните музичари и како што реков мноогу слушање музика.
Нема што да се вреѓаме тука кој бил иживеан или не и кој се силел по форуми, здравје боже некогаш ќе те носиме на журка некоја ако сакаш па ќе видиш за што се работи.
Tokio Hotel (emo или според некои pop rock - teen pop: Германија), Jonas Brothers (pop music : САД), Klaxons (алтернативен рок, пост панк : Британија), The Kooks (инди рок - поп : Британија) се на некој начин оригинални.
Зошто така ?
Зошто правците или под жанровите (ако не си забележал) имаат потекло од нивната матична средина кои се својствени за истата бидејќи истите правци или под жанрови влечат потекло (длабоко) од нивната народна музика.
Сега ги знаеме како правци во модерната музика само затоа што инструменталната изведба е изведена на модерни иструменти (измислени или усовршени во последниот век), благодарение на науката и технологијата и усовршувањето на процесот (студиски) на компонирање и снимање на истата.
Исто така, ако може би сакал да кажам дека сега ги знаеме поради нивната експлоатација која се должи на феноменот наречен глобализација, преку мас медиумите кои создадоа различни суб култури на планетарно ниво.
Таа музика не е ништо поразлично од турбо фолкот (имаат многу, односно премногу допирни точки за кои планирам да отворам посебна тема) а за твоја, моја и наша информација и интерес турбо фолкот, првично како музика а потоа како суб култура е најоригиналната музичка форма на Балканскиот полуостров која се појавила во 80 -те години (под влијаније на поп фолкот).
На најоригинална мислам во последниот век наш пресушен...
За среќа ( yeeeee ! ) турбо фолкот не е наша музика туку ги има карактеристиките на народната Србска и Босанска музика.
Подоцна другите Балкански држави создадоа свои варијации на турбо фолкот каде што разликата е евидентна.
Така да има многу за зборување за музичката оригиналност (не е битно преку кој жарн се манифестира), но за тоа друг пат.
