Преживеан како реално шоу е интересен концепт и очигледно доста популарно шоу. Од учесниците се бара многу и пред и се има спортски натпреварувачки карактер.
Како претставник од Македонија Тони Зен одлично си се представи, пред се себеси, многумина го сменија мислењето (вклучувајки ме е мене) за него по ова шоу. А воедно и во многу голема мера ја промовираше и Македонија и оправдани му беа споредбите со разните спортисти кои на меѓународен план ја претставуваат и промовираат својата татковина.
Одличен и за мене неочекуван беше муабетот на Весна за тоа дека тој е херој и така и треба да биде пречекан односно подржан во Македонија.
Околу крајот и гласањето.
Во ваквата поставеност, состав на финалистите, во голема мера изрежиран од продукцијата, очекувано беше да победи Андреј.
По поделбата на племиња на почетокот од старт се виде дека Касуко се ЛУЗЕРИ односно имаа тројца незаинтересирани натпреварувачи (Весна, Милош и Биљана) и петорица со голема желба за победа и спремни на се (измами, подметнувања, поткупување...) ама сепак недоволно способни да победат во фер борба.
Баханди предводени од Тони, Марко и Катарина се покажаа далеку поспособни и поквалитетни и пред се натпреварувачки дух од “преварантската“ петорка на Касуко.
Сите знаеме како поради мешање на продукцијата а во има на тоа да се направи интересно шоуто ги “начнаа“ Баханди и на крај во обединетото племе се сведе составот на 5-5 од двете племиња.
Баханди во таа ситуација играше логично се до последниот племенски каде се гласаше за исфрлање, кога се изнесоа сите валкани работи од Касуко (и Гоца од Баханди) на виделина.
Баш поради “поквареноста“ на Гоца (се плашеше од среќата што ја следи Бојана) Баханди згрешија и наместо Андреј ја исфрлија Бојана.
После тоа во финалните борби му се замерува на Тони дека не ја пуштил катарина но Тони уште на почетокот се изјасни дека е дојден да се натпреварува спортски и не е заитересиран за математики и сплетки. Ако се сеќавате на моментот кога Кнез почна да заговара да изгубат намерно (ќе имале повеќе храна
) Тони отсечно му врати дека тој секогаш ќе иде да победи во борбите ако може.
Вториот многу битен момент каде се умеша продукцијата е кога на последниот завршен племенски убација игра во која ја воведоа и Катарина во финалистите. Не дека не заслужуваше Катарина да влезе во финалето туку се направи ситуација да се поделат гласовите што евентуално би ги добил Тони. Истово важи и наместо Катарина да влезеше Марко или Јелена.
И во така изрежирана ситуација од продукцијата шансите да победи Тони беа сведени на минимум. Многу логично повеќето од Касуко, (кои што поради повлекувањето на Николија беа и побројни) да гласаат за Андреј а ете донекаде објективната Весна да гласа за Катарина и докрај исфрустрираната Гоца (без ниеден глас :pos2
демек да се држи до толку спомнуваниот женски “клан“.
По ваквата “режија“ и сплет на околности воопшто не спорна победата на Андреј но далку од тоа да тој реално и поштено си ја освои наградата.
Како прво за мене лично како личност многу падна со дознавањето на фактот дека си го променил името. (Ми се лоши кога ќе слушнам „промена на име“ :uvo
Второ скоро од сите па дури и од неговото племе беше исмеван за неговите “идеи“ и многу добро беше прашањето од Милош кон него. Со тоа мачетата го претера и во многу ситуации си ја покажа својата неителигенција, да не речам идиотизам.
Неговата физичка спремност е неспорна но цело време како кутре ги следеше Един и Александра и баш поради тоа што сите го сметаа за глуп, не гледаа опасност во него и тој успеа да се провлече до финалето.
Моја субјективо-објективна оценка и рангирање на учесниците во преживеан според прикажанато.
1, Тони - не само поради тоа што е од македонија туку и поради комплетниот негов настап како искрен. издржлив и најспорски настроен натпреварувач.
2, Катарина - освен што добро изгледа се покажа жилава и со многу енергија и желба за бобеда.
3, Марко - исто одличен борец но само има проблем со поднесување на пораз за разлика од Катарина која како одличен спортист “машки“ се носеше и со поразите.
4, Милош (Глумецот) - иако недовлно физички спремен сепак даваше се од себе во борбите и не се вмеша во шеми на местенки и завери.
5, Андреј - само поради неговата сурова сила и издржливост.
Останатите немаат никаков рејтинг како натпреварувачи за мене.
За крај. Воопшто не е битно што не победи Тони и не ги освои тие 50 К , многу поважно за него е што добро си се изгрекламира и си освои нови фанови и подржувачи и пошироко од Македонија. Секоја чест за него и му посакувам многу успех и во иднина.
ПС. И Тони во една прилика мислам дека спомна нешто како „Не е дека тој не зборел пред камерите, но најверојатно од режија ги мрзи да го титлуваат па затоа не го давале многу.