Пинк 15 - Македонија

Пинк 15 со ново лого,стандарно од десна страна стои 15,ништо посебно...
 
кај ја има телевизијава? на кој оператор

еве слика од прес конференцијата
C44EC9BCEC4BCA4E89A72D9B63DAAE6D.jpg
 
Пинк 15 со ново лого,стандарно од десна страна стои 15,ништо посебно...
Многу подобро ќе беше да си се викаше Пинк Македонија или Pink Macedonia, Pink MK..., по примерот на како што се Пинк М (Pink Montenegro), Pink BiH (Босна и Херцеговина), Pink Si (Словенија).
Барем ќе бевме препознатливи и името Македонија или Macedonia ќе беше како плус промоција на уставното име на нашата држава.
 
K-15 имаше 3 канали на Сателит,да видиме што ќе биде со К-15 Мјузик и БОМ,можда некоја од овие две ќе биде преименувана во ПИНК МК
 
има некој инфо за тоа дали ке биде на бум тв ????????
 
ја разбрав дека ќе имаат и уштеден канал на местото на К15 Мјузик и ќе се вика Пинк МК
 
ја разбрав дека ќе имаат и уштеден канал на местото на К15 Мјузик и ќе се вика Пинк МК
така и јас разбрав,а што ќе биде со БОМ,третиот канал што е под капата на К-15
 
Од најавата видов доста интересни и прилично нови филмови кои ќе одат, како и доса од постарите и веќе извртени филмови. Најавуваа многу филмови, јас мислам за цела година ги ставија од напред :)

Другото не планирам да го гледам, Гранд парада, Фарма и слично срање.
 
сега 2 месеци ќе биде 90% од српската Пинк програмата со мак превод така се додека не напраат емисии и реални шоуа а и не купат добра опрема ,затоа Жељко сакаше да ја купи Алфа бидејќи има добра опрема и добри студија за вести и утрински емисии
 
промотивно засега пуштен на Тотал тв а на другите оператори најверојатно во Петок 20 часот
еве слики да видите сега што даваат
dsc01664.jpg

dsc01658.jpg

dsc01674.jpg
 
Пинк ТВ ја купи К-15

Пинк телевизија ја купи К-15 и во Македонија новата телевизија ќе се вика Пинк 15, а програмата ќе почне да се емитува од петок. Содржините главно ќе бидат од забавен карактер, но исто така ќе има документарна, информативна и филмска програма. Најголем процент од програмата 60 отсто ќе биде произведен овде, а останатиот дел пак ќе биде титлуван и синхронизиран. Во првите осумнаесет месеци планирана е инвестиција од пет до осум милиони евра. Сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ очекува телевизијата за помалку од два месеци да постане моќна продукциска сила која ќе произведува програма на македонски јазик.Првите два месеци поради транзициониот период ќе се користат програми кои се произведуваат во Србија, но секојдневно ќе се работи на продукцијата овде.

„Постои конкуренција која не е наивна, ќе имаме алтернативен концепт ќе се обидеме да оствариме добар резултат. Македонија има креативен и духовит народ затоа не се сомневам дека ќе се направи интересна продукција за извоз. За К-15 се одлучивме бидејќи со сопствениците имам изградено пријателски однос, а цената воопшто не беше пресудна.

Таа е во доменот на деловна тајна и не можам да говорам за неа. Која и телевизија да ја купевме, моравме се да правиме од почеток. Не бевме подготвени нешто да претплатиме бидејќи имаме наш концепт, визија, политика и стратегија. К-15 имаше многу предности, а од друга страна не е развиен систем и оваа инвестиција ќе биде како гринфилд инвестиција, се ќе работиме од почеток. “

На прашањето на „Макфакс“ зошто пропаднаа преговорите со Алфа, Митровиќ одговори:

„Не преговаравме само со Алфа туку и со други четири телевизии, но со Алфа преговорите беа сериозни и морам да се забалгодарам на Штерјо Наков за топлото гостопримство бидејќи со денови бевме негови гости, коректно не прими и бевме топло дочекани.Не можам да кажам за деталите околу преговорите бидејќи се работи за деловна тајна. Она што можам да ви кажам дека како и во секој деловен дил го избравме она што најмногу ни договара. Имињата на телевизиите не можам да ги кажам, бидејќи не е фер.“

За топ- менаџментот односно главниот и одговорен уредник на Пинк-15 и неговите помошници ќе се одлучува наредните три дена, додека кадровското доекипирање ќе следува наредните два месеци.

Пинк медиа груп е најголема медиска групација на Балканот која има пет национални телевизии во пет различни држави, 15 сателитски програми, неколку продукции, 26 студиja, авиокомпанија со осум авионi, чартер компании со три бродови, Универзитет во кој се вклучени студии за веб дизајн, аудио-инжинеринг и видео-продукција, дискографска куќа Сити рекордс, фабрика за изработка на ди-ви-ди и цедеа.
Извор: Точка

Не ми се верува дека К-15 можеше ова да го направи. Сега ќе се*ат турбо фолк по цел ден.
 
Нека ја остаат Алфа, оти за Котон клуб, греота, има луѓе шо ги експонираат и заслужуваат да се експонирани, блуз, џез групи, страшни музичари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom