Пинк 15 - Македонија

На програмата ќе има и турска серија

Па кај може нешто кај нас во последно време да пројде без турска серија... *сипукавоколено*
 
Пресреќен сум што Тијана ќе води емисија баш ја обожавам ,конечно во Македонија да ја видиме на тв екраните
 
Боки 13 официјално е директор на Pink MK каналот!Боки 13 ќе биде ѕвездата која ќе ја води Pink MK..
 
Боки 13 официјално е директор на Pink MK каналот!Боки 13 ќе биде ѕвездата која ќе ја води Pink MK..

Teлевизијата ќе „стартува“ во петок, а нема логика да е Боки 13 директор кога тој моментално и сигурно до недела е на Фарма.
 
Боки 13 официјално е директор на Pink MK каналот!Боки 13 ќе биде ѕвездата која ќе ја води Pink MK..

Одлично, барем на едно место ќе биде и нема секаде да го има, ова е полн погодок барем на раат ќе може да си смениме само еден канал
 
нема да му биде лесно на Боки како директор ќе му прсне главата од работа:smir:
 
Боки наказата колку само го сметаат паметен у србија ццц
 
Боки наказата колку само го сметаат паметен у србија ццц

абе Боки е попаметен и од нас остај ти тоа што се облака во женски работи и се шминка ,ама он за директор не е пошо нема познавања од таа работа како ја сега да бидам директор а уствари немам учено за таа работа епа тоа не бидува
 
изгледа ке ја има низ сите кабловски , вклучувајки и ја и Макс ТВ и Бом ТВ.Сепак К-15 има национална сателитска концесија.
 
Еве денешната пресконференција што донесе

Пинк 15 од петок стартува со работа

“Пинк 15“ или поранешна К-15 телевизија, која пред само неколку дена ја купи “Пинк медиа група“ на српскиот медиски магнат Жељко Митровиќ, од петок ќе почне со новиот концепт на програма. “Во суштина ќе биде забавна програма, но тоа не значи дека нема да ги имаме ис останатите столбови како информативна и документарна. Но, во суштина главниот стриминг ќе биде кон пред се’ забавна програма. Не мислам тука дека ќе имаме само реални шоуа, тоа е сезонска работа, она со што можам да ве израдувам е дека потпишавме договор со 20 Сентчури Фокс и некои големи компании“, вели сопственикот на “Пинк медиа груп“.
Митровиќ најави дека во првите два месеци од стартот на Пинк 15 ќе бидат емитувани програми кои веќе се изработени од продукцијата на “Пинк медиа груп" како Сити, Сити кидс, Фарма, Гранд шоу и ќе бидат синхронизирана на македонски јазик. Митровиќ најавува екипирање во наредните 60 –тина дена и старт со програма која ќе се гледа во речиси сите делови од земјава. а потоа ќе се почне и со продукција само за “Пинк 15“ на македонски јазик.
“Пинк 15 ќе биде телевизија во која е предвидена инвестиција од пет до осум милиони евра во првите 18 месеци. Тоа ќе биде македонска телевизија, на македонски јазик која ќе се грижи за сите нациолни, културни особини на македонските граѓани“, истакнува Митровиќ.
На Пинк 15 можеме да очекуваме да ги гледаме познати Гранд шоу, Фарма и некои други популарни програми.
Митровиќ велејќи дека се работи за деловна тајна не откри за колкава сума ја купи телевизијата К-15, ниту пак сакаше да зборува зошто во последен момент се откажаа од купување на Алфа Тв. Вели дека во Македонија исто времено преговарале со четири телевизии, но накрајот се одлучиле за К-15.

--- надополнето ---

Петок во 20:00 часот стартува

Пинк 15 стартува од петок

Поранешната телевизија К-15, или сегашна Пинк 15 која од неоддамна е продадена на "Pink Media Group", од петок ќе започне со новиот концепт на програмата. Еве што изјави нејзиниот нов сопственик: "Во суштина ќе биде забавна програма, но тоа не значи дека нема да ги имаме и останатите столбови како информативна и документарна. Но, во суштина главниот стриминг ќе биде кон пред се’ забавна програма. Не мислам тука дека ќе имаме само реални шоуа, тоа е сезонска работа, она со што можам да ве израдувам е дека потпишавме договор со 20 Сентчури Фокс и некои големи компании“. Во првите два месеци од стартот на оваа телевизија ќе бидат емитувани програми кои веќе се изработени од продукцијата на "Pink Media Group", но потоа ќе се продуцираат проекти само за Пинк 15, на македонски јазик се разбира. За оваа нова македонска телевизија е предвидена инвестиција од пет до осум милиони евра во првите 18 месеци. На неа можеме да очекуваме да гледаме шоуа од типот на Гранд, Фарма, како и некои други популарни програми. Одговорните не сакаат да откријат за колкава сума беше продадена К-15, велејќи дека тоа е деловна тајна. Преговарале со четири телевизии истовремено, меѓу кои и Алфа, но на крајот се одлучиле за К-15. Името кое го доби Пинк 15 нема никаква врска со поранешната К-15. Сопственикот се изјаснува дека оваа телевизија е петнаесетта по ред од неговата групација, бројката е само случајно поклопена.

Покрај веќе постоечките проекти, најавено е и нешто ново. Тие велат дека се работи за нов телевизиски проект, реално шоу кое според очекувањата може да ги надмине досегашните слични формати, како што се Големиот Брат и Фарма. Шоуто ќе се води под името Дворец, а ќе биде базирано на животот на натпреварувачите во една куќа, или поточно во дворец. Тоа подразбира дека ќе се бираат крал и кралица, а се разбира ќе постои и дворски шут за да дворецот функционира како што треба.



Најавена е и нова емисија со Тијана Дапчевич
pink%20mkkk%20600.jpg

Поп пејачката отсега ќе ја гледаме и како водителка токму на оваа телевизија. Ќе води забавно шоу кое ќе се емитува три пати во неделата, во емисијата таа ќе се дружи со ѕвездите од регионот. Тијана со својата емисија стартува наредната недела, открива дека ќе ја води на македонски јазик и верува дека концептот ќе им се допадне на гостите и пред се на гледачите. За себе вели дека има трема бидејќи 10 години не се занимавала со оваа професија која за неа е вистински предизвик.

http://www.tvpaket.com.mk/index.php...:-15-&catid=70:2010-03-31-05-46-38&Itemid=110
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom