кој ќе рече дека не оговара лаже
Е да си ми жив и здрав.
Сите оговараме. Ако некој рече дека не оговара, или лаже или не го знае значењето на поимот оговарање. Оговарањето не опфаќа лажење, туку пренесување “сочни“ информации за други луѓе. Е сега, постојат трачарки што си ги филуваат работите, тогаш и се кажуваат невистини, ама не е тоа пример секогаш.
Јас на пример, си имам женско (па море и машко) друштво со кое редовно практикувам трач-партии. Онака, за забава. Како рекламна пауза меѓу муабетите за нас самите, трачевите се лежерната нишка во муабетот.
Оговарам само меѓу 4-5 луѓе, за кои знам дека ако не сакам нешто да биде после истрачарено на други луѓе, дека нема ни да биде. Не трачарам пред било кој. И не измислувам трачеви, тоа ми е веќе премногу ниско, затоа што знам колку е грдо кога ќе чуеш некоја лага за себе.
Трачевите се нормална појава се додека не се измислици. Трачевите се уствари и добра појава. Барем ти покажуваат како тајните се откриваат и се пренесуваат со брзина на светлината, и ти укажуваат дека постојат бедни луѓе на кои не треба да им се верува. Мразам кога некои луѓе со кои имам два реда муабет, некогаш случајно ќе се најдат со мене и почнуваат да раскажуваат приказни за некои трети луѓе, тоа е прв знак за некултура и простотилак.