Инаку, нема теми со иста цел?
Има тема за инспирацијата на никовите, но не и колку не отсликуваат тие. Макар што е многу слично.
Инаку, walker girl (девојката што пешачи) - на почеток немав некаква претстава дека никот има некаква врска со мене, многумина можеби ќе помислат дека е заради Johnny Walker или нешто слично, но дојде онака спонтано.
Сега, познавајќи се себеси се гледам како авантурист и жедна за знаење во повеќе области и минувам, „шетам“ низ тоа некако без да се задлабочам доволно, макар што сè ме интересира, некако наоѓам изговор дека немам време да го проучам длабински и темелно затоа што тоа би значело предолго задржување во истата област и на истото место.