Колку Вашето форумско име Ве отсликува како личност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Freedom2say
  • Време на започнување Време на започнување

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Релативно скоро (пред некој ден) за прв пат се зачленив во форум. Тука, на Кајгана. Многу ми се допадна тоа што има многу и најразлични теми за кои човек може да се произнесе. Притоа, да биде свој, а сепак мистериозен. Да се „открие“, а сепак да биде „скриен“. Кога требаше да си измислам име размислував за тоа што најмногу ми значи.
Најголемите проблеми во животот ми излегле од потребата да мислам на глас кога на многумина тоа не им одговарало. Се обидувале да ме замолчат. Затоа и „се крстив“ freedom2say. Тука имам слобода да кажам што мислам и тоа ја отсликува суштината на мојата личност.
Ме интересира што другите членови на форумот сакаат да кажат во поглед на своето форумско име.
Како и зошто го избравте?
Колку тоа зборува за вас?
 
За мене нема никаква врска никот. Сум го одбрал случајно што се вели. И мора да се знае дека многумина на нет имаат повеќе идентитети пример на различни форуми се претставуваат на различни никови што на некој начин во реалноста е синдром таквата појава ама не и на нет.
 
Дамјан ,очигледно моето име.
_ значи праг ,бидејќи без број сум го удрил малиот прст и од дамнешни времиња им имам објавено војна на праговите...
 
И за двете финални прашања има теми - посебни. За второто особено интересна во Философија и Психологија.

Он... топик ти или си новинар или кај да е ќе станеш ...таков :)

Не сум новинар (а не ќе беше грешка да станев) :icon_bigg
Кажи ми (пошто уште ги учам алаткиве на форумов и заглавувам чат-пат) кога читам „проверете дали темва постои“, дали тоа значи прелистување на 100-тина страни на сите претходни теми? :ija:
И во превод... сега ова тема ќе пее hit the bin jack.... ???? :toe:
 
Погрешно е што сум роден и живеам во Скопје,јас сум само за во Баварија(Минхен)
Баварецот - ме отсликува тотално дури и визуелно(повеќето така ми викаат) страствен навивач на Баерн Минхен и Германија(во секој спорт).Ја чувствувам како втора татковина,а немам никаква допирна точка(не сум ни бил до сега...ама ќе биде)
 
Никот го мислевме порано со една другарка кога седевме по четови....нон стоп тој ник го користевме. Кога се регистрирав прво ми текна на овој и остана.
 
Ivan-моето име
sv-Свети Николе
 
Делев картони и ќе делам уште ако темите ги сфаќате сеирџиски веднаш...

Она што остана во темава нека ви биде урнек за тоа што треба да пишувате.

Продолжете како што треба.
 
Дарко, моето име.
ме мрзеше да мислам ник, го напишав моето име и сега пишувам (по темиве) исто како што би реагирал и во реалниов, вистинскиов свет.
 
Сите ми викаат дека имево многу ми одговара, а и самата се чувствувам така. Убаво ми е си го сакам, симболизира убави работи :)
А на форумов дали ми одговара тоа треба другите членови да кажат.
 
Сите ми викаат дека имево многу ми одговара, а и самата се чувствувам така. Убаво ми е си го сакам, симболизира убави работи :)
А на форумов дали ми одговара тоа треба другите членови да кажат.

А и лавчето ти одговара од аватарот, се вклопува во целосната слика која те опишува.. :)

Форумското име Пиповски е презиме кое не постои. :devil3:
 
Мими Симоновска бе:pos:...
Ко што се приметува од мојот прв и горенаведен ник, од секогаш сум била транспарентна, значи никогаш не сум ги користела социјалните мрежи за да се кријам, туку за да се промовирам под вистинскиот идентитет. Мојот ник на форумов не ми донесе никакво добро, (Новинарка), меѓутоа позитивно е што од него се забележува барем еден сегмент од мојот живот и животната професионална определба.
 
green apple моето секојдневие и моето омилено овошје :). Најпрво пробав со моето име ама беше зафатено, правев кратенки од него ама ништо многу имењачки си имам тука (или љубители на моето име :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom