Колку Вашето форумско име Ве отсликува како личност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Freedom2say
  • Време на започнување Време на започнување
Нели мислите дека ако требаше темава да се спои со постоечка веќе ќе беше споена?
Не прочитавте на прва страна што напишав?

Во однос на темата...

Од каде ми дојде идејата за Гладиус имам кажано мислам... Ама еве... Кога си го купив телефонот барав некое латинско зборче за да си го сменам името на блутотот и гладиус ми се виде доста интересно.
Дали ме отсликува... Мислам да. Сакам кога работите се решаваат на смирен начин, со ладна глава (гладиус е сепак ладно оружје). Сакам кога помагам во спроведување на правда и се борам за истата. Знам да бидам и доста остар на јазик многу често (како што напомена Freedom2say). Највеќе од се ме отсликува поради тоа што гладиусот како предмет бил едно од најкористените оружја при борбите за освојување, што можам да го поврзам со моето целење кон поголеми успеси и желбата за нови и непознати работи.
 
Моето име и мојот надимак(иако немаат врска едно со друго).
 
Нит сум вампир (чудно), нит сум опседната со нив (иако следам таква серија). Имам светол тен и лесно горам на сонце, па по некоја логика знаат да ме наречат вака. Кога се регистрирав не сакав име да пишам и ова прво ми падна на памет. Креативност на нивоу :pos:. Така да изгледа покажува колку сум (не)креативна.
 
александар тоа се знае , али реал и тоа мора да се знае до коска за реал :)ете како настана мојот ник:pos:
 
Па, мислам доволно....девојка сум, тоа точно а и кратенката "Ch" ме отсликува, мада само ја си знам што ми значи!
 
Mad_Coko.Епа многу ми беше интересен филмот Mad Max со Мел Гипсон,а прекар ми е Цоко и така исапдна мојот ник :ojea:
 
Никот, воопшто.
Ликот и делото на GoD.HateUSaLL, хм, делумно...

На GoD. у глобала му е досадно, па забавата си ја наоѓа малтретирајќи непознати и нови членови за него со дрско критикување на нивниот став, не оставајќи простор за дискусија. У глобала, темата на муабет треба доста да го испровоцира за да се укључи, а кога ќе се укључи, најчесто е краток и јас.. саракастичен. Делува негативно и непријателски настроено.

Гордон, од друга страна, си држи статус на badasѕ, фин момак.
Секогаш пријателски настроен и коректен со штотуку запознаени фаци.
Во теми се укључува кога соговорниците стануваат досадни.
Наивно добар.
Скромен.
И ужасно секси.
 
Пааааа гледав хентаи & one thing lead to another ... нема везе ај :icon_redf
:pos:
 
Затоа што имам 45 килограми а сум 167 сантиметри висока. И имам 23 години :kesa:
 
Затоа што имам 45 килограми а сум 167 сантиметри висока. И имам 23 години :kesa:

Јади девојче, што правиш по цел ден???
Инаку, никот ме отсликува доволно. Отсекогаш сум била малку повеќе дама од другите, иако имам моменти кога ич не сум:) ама многу ретко. Пазам на гардероба, на однесување, на бон тон, на гримаси. она д, прво беше the, ама не затоа што се мислев за единствена дама, туку оти дама беше зафатено:( Мислам дека има далеку поголеми дами околу мене.
И да, кога играв кантер на мрежата, така ми беше никот, за да можам да ги јадам дека девојче ги отепало....Ех убави денови со кантер, call of duty 2, и сличните...
 
Па...делумно.Обожавам компјутери, па за тоа ми е таков.Ама на нова година ке си го менам, уште не сум смислила како да ми е нареднио никнејм.
 
Saladin... Шо знам, коа на времето играв Age of mythology... Ахх не. Беше тоа empires II ката ептен филм ми беше типацов па си го присвоив. Имаше и други алтернативи па дури и идеја за преминување на нов идентитет (нормално за време пред Нова Година) но после тоа си викам шо ако го сменам нешо со ников? као боље ќе се осеќам или ќе ми се намести поубаво круната на капата? И така останав на овој.

Патем колку ме отсликува, не можам да кажам. Едино може да се рече дека сум крајно толерантен кон луѓето со различна верска определеност.
 
па ме отсликува 20 %, со тоа што докажува дека имам љубов кон врапчињата =) и да нормално avant-gard-от
 
Нема никаква врска со мене,ја уствари сум перфект ама не знам зашо пишав тогаш вака.Ги лажам луѓето...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom