На играва, на Мастер Лига не е исто да си домаќин или гостин. без разлика дали твојот тим е Челзи, Интер, Барса, или некои безвезе тимови.
Пуштив Мастер со Челзи. До сега изиграв само 7 натпревари, од кои дома 2 и на гости 5. Имам 2 победи и 5 порази, во изиграните натпревари, без разлика конкуренција. ПЛ, ЛШ или Купот.
Нивните Напаѓачи> Моите Дефанзивци
Нивните Дефанзивци > Дефанзивци Напаѓачи
Нивниот удар кон гол > Мојот удар кон гол.
Фаулите до сега добиени се 70% - 30% за противникот. Кога они се домаќини, процентот е 95% - 5%.
Еден противнички тим доби пенал, односно фаул што во живо е прашање дали би го добил, било кој. Старт направен врз топка, топката тргната, играчот паѓа. Фаул, Пенал. Пеналите за бранење се GG.
Како шлаг на сево ова, последниов натпревар го играв против Рома на гости, и го изгубив. Според шанси може требаше да тепам, но тоа е кога Тоти ќе ми дава гол од Офсајд.
Се прашувам, до кога на играва како франчиза домаќинот ќе биде фаворизиран, па макар и Вулверхемптон да се.
Друго не знам што да кажам.