Група А (Јужна Африка, Мексико, Уругвај, Франција)

Статус
Затворена за нови мислења.

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Ајде, добро е сега за сега. Уште утре да се надеваме дека Франција ќе изгуби, неможам да ги гледам ( поготово Доменеж, карикатурата од човек)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Браво Форлан немам зборови. Ја имаме и првата репрезентација што испадна тоа е домаќинот што е реткост во последните светски првенства. Утре се надевам и Франција ќе биде втора.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Браво Форлан немам зборови. Ја имаме и првата репрезентација што испадна тоа е домаќинот што е реткост во последните светски првенства. Утре се надевам и Франција ќе биде втора.
Убаво си реков на почетокот...џабе се домаќини коа ќе испаднат, а и најверојатно да бидат последни. Не се гледа секогаш домаќинот, како може со овие играчи да направат нешто?! нема никаква логика:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
Аххх, непосакуван резултат за мене. Сега шансите да влезат моите две најомилени екипи се сведени на минимум. Ќе треба утре да ремизираат и во последното коло да победат и двете. Како фан на Мексико, посакувам победа во утрешниот меч. Додуша кој и да слави утре со една нога ќе биде во осминафиналето. Ако тепа Мексико скоро сигурно ќе отиде понатаму, плус можат да си истактизираат со Уругвај во последното коло. Ако не победи, тогаш пак ја има судбината во свои раце и ќе мора да триумфира со некоја разлика во последното коло. Во секој случај ќе биде доста тешко. Дури и ако ремизираат, пак ќе мора да победуваат во последното коло, бидејќи Франција би требало лесно да ја совлада ЈАР, особено што домаќините се скоро надвор, плус нема да им играат некои играчи...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Полоши домаќини може беа само Австрија на ЕП... Или тука накаде... Жал ми е за ЈАР ама како што пишав и во горната тема со играчи од Орландо Пајратс и Кајзер Чифс ништо не правиш на едено СП...
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Не се сеуште теоретски излезени, утре да ремизираат овие и во последниот меч победи на ЈАР и Уругвај и они идат.
него тоа сигурно нема да се случи, поверојатно е утре да го сркнат Французите и да се гонат... иако мислам дека ќе продужат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.745
Мексико сеуште нема победа над Франција. На мундијалите се сретнале во 1854 година кога Франција славела со 3-2, а првиот гол за Мексико на тој меч го постигнал дедо му на младиот Чичарито или како и да се чита :)
Се надевам дека и внукот ќе тргне по стапките на својот дедо но овој пат резултатот ќе биде обратен :)
Не очекувам да стартува Чичарито туку Гиљермо Франко и сакам да постигне барем еден гол. Одбраната мора да изигра подобро особено на бековските позиции, а да не заборавиме дека одтаму сега ќе напаѓа Рибери :)
Сакам од почетокот на лево да го видам Гвардадо, а Вела да влезе по потреба :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.769
Поени од реакции
9.889
Ako утре слави Франција , Уругвај и они ќе одат натаму ( се надевам дека ќе ги скинеме Мехиканиве) а ако заврши реми ќе се замрси ептен ситуацијата,Уругвај скоро сигурно би се пласирал..за пораз не сакам н да размислувам :) Ваљда нема да си дозволат да им се деси бруката од 2002
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Ужасен резултат за мене... поради тоа што Франција моментално со 4те поени на Уругвај паѓа ... мора победа утре против добрите Мексико... тврд орев се тие!
Па со среќа Les Bleus !!!!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Мексико сеуште нема победа над Франција. На мундијалите се сретнале во 1854 година кога Франција славела со 3-2, а првиот гол за Мексико на тој меч го постигнал дедо му на младиот Чичарито или како и да се чита :)
А кој ли е тој мундијал во 1854? :pos2:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Мексико сеуште нема победа над Франција. На мундијалите се сретнале во 1854 година кога Франција славела со 3-2, а првиот гол за Мексико на тој меч го постигнал дедо му на младиот Чичарито или како и да се чита :)
Се надевам дека и внукот ќе тргне по стапките на својот дедо но овој пат резултатот ќе биде обратен :)
Ги долови возбудливите коментатори/водители на МТВ во целост :smir:

Вечер сум за Мексико... Speedy Gonzales per Viva la Revolution con mi Casa e tu casa! Или нешто слично... важно Мексико да победи :toe:
 
Н

'Никола'

Гостин
Баш ме интересира Рибери како ќе се покаже денес.
А иначе, Мексико сакам да тепа, од причина што ме импресионираа со играта во првиот натпревар, посебно Дос Сантос.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.756
Поени од реакции
11.723
Можат Мексико вечер со Франција, искрено највеќе ги сакам од групава, и многу би ми било мило доколку поминат понатаму со Уругвај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom