Аххх, непосакуван резултат за мене. Сега шансите да влезат моите две најомилени екипи се сведени на минимум. Ќе треба утре да ремизираат и во последното коло да победат и двете. Како фан на Мексико, посакувам победа во утрешниот меч. Додуша кој и да слави утре со една нога ќе биде во осминафиналето. Ако тепа Мексико скоро сигурно ќе отиде понатаму, плус можат да си истактизираат со Уругвај во последното коло. Ако не победи, тогаш пак ја има судбината во свои раце и ќе мора да триумфира со некоја разлика во последното коло. Во секој случај ќе биде доста тешко. Дури и ако ремизираат, пак ќе мора да победуваат во последното коло, бидејќи Франција би требало лесно да ја совлада ЈАР, особено што домаќините се скоро надвор, плус нема да им играат некои играчи...