:nesvest::nesvest:Јас сакав да верувам дека ќе остане во Реал...Многу го сакам човекот.Не е фер..Неговата кариера започна и требаше да заврши во Реал..Со Зидан какви игри имаат се изиграно..Ќе ми фали многу во тимот дефинитивно
Кака: Имаме добри шанси да ја освоиме Ла Лига
Бразилскиот интернационалец, Рикардо Кака е среќен што повторно може да му помогне на својот тим и верува дека Реал Мадрид има добри шанси за триумф во Ла Лига
Кака поради повреда паузираше од 10 март но се врати во тимот на Реал за саботниот натпревар со Сарагоса, каде што го постигна победоносниот погодок за својот тим.
Бразилскиот интернационалец денес се појави на прес-конеференција пред новинарите (за прв пат по 8 февруари) и вели дека очекува допрва да дојде неговото време во Реал Мадрид.
“Не сум задоволен со мојот придонес до сега но имав проблем со повредите кои многу ми ја отежнуваа работата.” – рече Кака.
“Кога сум во добра здравствена состојба, можам да ги подобрувам перформансите и мислам дека фановите ќе бидат среќни. Порано или подоцна ќе дојде моето време во Мадрид.”
“Јас не се повредив на дуелот со Лион во Лигата на Шампионите. Се повредив неколку дена подоцна кога на еден од тренинзите почувствував болка при еден удар.”
“Оваа повреда нема врска со препоните. Не можев да трчам, не можев да тренирам. Работев напорно за да се опоравам. Дома доаѓав во девет или десет часот навечер, мојаа сопруга знае колку страва, но сега се чувствувам добро и тоа е најважно.”
“Среќен сум со погодокот што го постигнав и што имав одлучувачка улога за мојот тим.”
“Сега се чувствувам многу подобро. Работам напорно за да се вратам во топ форма. Од самиот старт на авантурата во Реал страдам многу поради повредите, но сега се надевам дека ќе можам да ги направам фановите среќни.“
Кака беше критикуван за долгото отсуство од терените и некои фанови го обвинија дека се чува за Светското Првенство.
“Ме болеше тоа што бев обвинуван и критикуван. Но тоа не е проблем. Луѓето кои работеа со мене знаеа колку се трудев и каков е мојот професионализам. Навикнат сум на притисокот.”
Кака верува дека тие ќе можат да ја освојат титулата во Ла Лига.
“Имаме добри шанси да ја освоиме Ла Лига. Составот верува дека може да ја освоиме титулата. Еден бод предност не е многу и мораме да веруваме дека можеме да ја надминеме Барселона доколку победиме на последните четири натпревари.”
Доколку Кралевите не успеат да триумфираат оваа сезона, Бразилецот е убеден дека следната сезона тие ќе освојат трофеј.
“Доколку не освоиме ништо навистина ќе би биде тешко но сигурно ќе освоиме титула следната сезона.”
“На нов тим му треба време и колку повеќе сме заедно работите ќе бидат подобри.”
Кака исто така ’се надева’ дека Раул и Ван дер Варт ’ќе се вратат на терените што е можно побрзо’ и додаде дека воопшто ’не се грижи кој ќе се плсира во финалето од Лигата на Шампионите’ од дуелот помеѓу Барселона и Интер.