Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе што ви е ќе го пратат на позајмица 100%, посебно ако дојде некој од Силва или Рибери.
Па нормално дека ќе го пратат доколку дојдат нови,а зависи и колку ќе продадеме,неможе во тимот да имаме повеќе од 10 играчи од средниот ред.
@djmanga-да не се повредеше најпрво Роналдо и сега Кака,плус тоа што ВдВ и Гути формата им одеше во нагорна линија незнам колку ќе играше Гранеро.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.618
Поени од реакции
14.491
@djmanga-да не се повредеше најпрво Роналдо и сега Кака,плус тоа што ВдВ и Гути формата им одеше во нагорна линија незнам колку ќе играше Гранеро.
Епа тоа е лошото, треба да чекаме некој да се повреди за да го видиме потенцијалот на Каналес. А Гранеро си играше стандард, од некаде петто-шесто коло секогаш беше прв избор за таа позиција. ВДВ ја искористи повредата на Кака и докажа дека уште на почеток на сезона требаше тој да биде првиот избор таму..
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Granero e TRUP od 20 akcii od 19 useruvase a 1 davase dobra topka:kesa:
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Извинете,али морам да напишам:Од кого ние испаднавме во ЛШ?:kesa:
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Гути заминува од Мадрид и ја продолжува кариерата во...Дубаи


Има 33 години, а во Реал Мадрид е од 1995-та година.
За „кралскиот клуб“ досега одиграл 382 натпревари и притоа постигнувал 45 погодоци. Но, како што стојат работите дојде и моментот за разделба со клубот во кој постигна најголем успех во својата кариера.

Искусниот среден фудбалер на мадридски Реал, Хозе Мариа Гутиерез, познат како Гути, ќе го напушти „кралскиот клуб“ на крајот од сезоната, а кариерата наводно ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати, тврди шпанското радио „Ондо Керо“.

Според оваа радио станица, Гути веќе потпишал раскинување на соработката со Реал, која ќе стапи на сила по крајот на сезоната, а во Дубаи ќе остане 2 сезони, каде ќе заработува по 5 милиони евра годишно.
:nesvest::nesvest:Јас сакав да верувам дека ќе остане во Реал...Многу го сакам човекот.Не е фер..Неговата кариера започна и требаше да заврши во Реал..Со Зидан какви игри имаат се изиграно..Ќе ми фали многу во тимот дефинитивно:tapp::tapp:
Кака: Имаме добри шанси да ја освоиме Ла Лига

Бразилскиот интернационалец, Рикардо Кака е среќен што повторно може да му помогне на својот тим и верува дека Реал Мадрид има добри шанси за триумф во Ла Лига
Кака поради повреда паузираше од 10 март но се врати во тимот на Реал за саботниот натпревар со Сарагоса, каде што го постигна победоносниот погодок за својот тим.
Бразилскиот интернационалец денес се појави на прес-конеференција пред новинарите (за прв пат по 8 февруари) и вели дека очекува допрва да дојде неговото време во Реал Мадрид.

“Не сум задоволен со мојот придонес до сега но имав проблем со повредите кои многу ми ја отежнуваа работата.” – рече Кака.

“Кога сум во добра здравствена состојба, можам да ги подобрувам перформансите и мислам дека фановите ќе бидат среќни. Порано или подоцна ќе дојде моето време во Мадрид.”

“Јас не се повредив на дуелот со Лион во Лигата на Шампионите. Се повредив неколку дена подоцна кога на еден од тренинзите почувствував болка при еден удар.”

“Оваа повреда нема врска со препоните. Не можев да трчам, не можев да тренирам. Работев напорно за да се опоравам. Дома доаѓав во девет или десет часот навечер, мојаа сопруга знае колку страва, но сега се чувствувам добро и тоа е најважно.”

“Среќен сум со погодокот што го постигнав и што имав одлучувачка улога за мојот тим.”

“Сега се чувствувам многу подобро. Работам напорно за да се вратам во топ форма. Од самиот старт на авантурата во Реал страдам многу поради повредите, но сега се надевам дека ќе можам да ги направам фановите среќни.“

Кака беше критикуван за долгото отсуство од терените и некои фанови го обвинија дека се чува за Светското Првенство.

“Ме болеше тоа што бев обвинуван и критикуван. Но тоа не е проблем. Луѓето кои работеа со мене знаеа колку се трудев и каков е мојот професионализам. Навикнат сум на притисокот.”

Кака верува дека тие ќе можат да ја освојат титулата во Ла Лига.

“Имаме добри шанси да ја освоиме Ла Лига. Составот верува дека може да ја освоиме титулата. Еден бод предност не е многу и мораме да веруваме дека можеме да ја надминеме Барселона доколку победиме на последните четири натпревари.”

Доколку Кралевите не успеат да триумфираат оваа сезона, Бразилецот е убеден дека следната сезона тие ќе освојат трофеј.

“Доколку не освоиме ништо навистина ќе би биде тешко но сигурно ќе освоиме титула следната сезона.”

“На нов тим му треба време и колку повеќе сме заедно работите ќе бидат подобри.”

Кака исто така ’се надева’ дека Раул и Ван дер Варт ’ќе се вратат на терените што е можно побрзо’ и додаде дека воопшто ’не се грижи кој ќе се плсира во финалето од Лигата на Шампионите’ од дуелот помеѓу Барселона и Интер.



 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
@Емилиија-за твое добро ти велам,престани да читаш спортденес,сите изјави се лажни.На 2 саата пред утакмицата изјавуваат дека Ван Бомел ќе игра централен дефанзивец...брука:tapp:
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
@Емилиија-за твое добро ти велам,престани да читаш спортденес,сите изјави се лажни.На 2 саата пред утакмицата изјавуваат дека Ван Бомел ќе игра централен дефанзивец...брука:tapp:
Па ку.тони се понекогаш и се заебаваат, а и еден фан од Барса на форумов е во Спортденес исто:uvo:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Прочитав во Спортденес дека Бати и Бензема биле втори братучеди...Бензема несакал да му даде дрес на Бати од овие новиве и Бати го саботира тука на форумов сака и ние да го замразиме....епа небива!:pos2:
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
@Емилиија-за твое добро ти велам,престани да читаш спортденес,сите изјави се лажни.На 2 саата пред утакмицата изјавуваат дека Ван Бомел ќе игра централен дефанзивец...брука:tapp:
Знам дека не е точно.Милион луѓе ми кажале..Имаа доста шпекулации уште одамна за многу др.фудбалери,ама не знам зошто но ги читам..Исто така имаат и доста текстуални грешки...Инаку оваа вест ја имаше на една страна за Рикардо на фејсбук,и беше на шпански,па вајда ја превеле..овие од спортденес..:pipi::pipi:
Едит-Еве тука..има http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/es/1330003929191/noticia/GaleriadeVideos/1330003929191.htm
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom