Вечерва е натпреварот, но тоа не е обичен натпревар. Вечерва е финалето во Ла Лига, во тие 90 минути се одлучува за новиот шампион, но во случај на реми сите карти остануваат отворени. Едно е сигурно, реми нема да има, затоа што и двата тима жестоко ја посакуваат победата, со која би ја ставиле едната рака на трофејот.
Синоќа слабо спиев, некои 5 саати, но тоа не беше она право спиење, цело време се превртував затоа што главата ми е полна со прашања, а за тие прашања одговор нема. Нервозата ме спука во текот на денот, живеам за овој натпревар, но не можам да ги поднесам нервозата и чекањето, тоа ме убива, и би сакал уште сега да започне натпреварот.
Цела ден се обидувам да размислувам за победата, како тоа ќе го прославам, како ќе рипам до кров кога ќе постигнеме гол, но размислував и за пораз, како ќе излезам пред другарите во наредните 10 дена. Не знам.. Само можам да кажам дека уште сега ми се тресат нозете, а кога ќе почне натпреварот ќе доживеам нервен слом.
Имаме добар тренер, фини играчи, Бернабе, мотивацијата е на највисоко ниво. Се е во рацете на фудбалерите.. Ајде вечерва израдувајте не сите !
Hala Madrid !