Евровизија 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се свиѓа да ти кажам право, добра е, не е лоша песничкава! Не е нешто спектакуларно, ама онака не е лоша, певлива е! Може да пројде! :)
 
За постот погоре, Молдавија на Евровизија во просек имаат секоја година добри песни. Мене една од најомилените песни од сите евровизии ми е од Наталија Барбу, моќна, оригинална песна, така да Молдавците се добри. А од оваа евровизија ми се свиѓа на Хрватска-Лако је све.
 
За Молдавија:
Интересна, певлива песна, брз ритам. За победа нема баш големи шанси, но мислам дека во финале сигурно влегува.

Оцена: 8/10
 
Не видех никаде песната на Бугариjа. Еве и ја неја. Чудно зашто има толку други песни како Армениjа и така , а не сте разбрали која песен е избрана во Бугариjа.
 
А зашо па мислиш дека ни е толку битно што песна има Бугарија? Ко боже сте многу добри на Евровизија па едвај чекаме да видиме што имате годинава, па се чудиш како никој до сега не ја постирал бугарската песна, лелеее чудо лол

И бтв, во форумов се пишува и зборува на Македонски не на Бугарски.

Него назад на темата: Ја ги преслушав песните од нашето полуфинале и искрено не ми се верува која катастрофа се сите лол Не дека нашава е нешто добра (ич не ми се свиѓа) ама незнам што толку на сите кладилници не ставаат последни и како тотални аутсајдери кога останативе не се ама БАШ НИШТО подобри од нас, дури мислам и во финале ќе влеземе, ставрно слаба конкуренција иаме!
 
Молдавија:
Не е многу впечатлива на прво слушање. Типична europop песна која би делувала за некои заразно, а во финале би поминала со впечатлив сценски настап.
Оцена: 6/10

Секако пофалби до иницијативава за анализа на песните. Бидејќи интересот сега е мал, предлагам анализата да продолжи со Екс-Ју земјите кои и онака се форсирани од нашиве медиуми. Подалечните земји може да ги анализираме кога ќе се зголеми еуфоријата, со тоа ќе ни бидат попознати. Да не заборавиме, ова е прва Евровизија во која ќе се гласа низ целото шоу.
 
коа ке видиш џоле нема лоша песна , песната е исплукана повеке од фановите на влатче од типот ЗАШТО ДА ИДЕ ЏОЛЕ ЗАШТО НЕ ВЛАТЧЕ или зашто не Влатко лозановски туку Џоле...

Ај искрено која песна би ја пратиле од сите песни што беа понудени да се избираат ?
 
песната е исплукана повеке од фановите на влатче од типот ЗАШТО ДА ИДЕ ЏОЛЕ ЗАШТО НЕ ВЛАТЧЕ или зашто не Влатко лозановски туку Џоле...
Песната е плукана од сите светски кладилници и на сите можни ранг листи е рангирана последна, нема блага врска тоа со фановите на Влатко.
 
Песната е плукана од сите светски кладилници и на сите можни ранг листи е рангирана последна, нема блага врска тоа со фановите на Влатко.

a кога македонија не била исплукана од "многу битните" светски кладилници ?
 
коа ке видиш џоле нема лоша песна , песната е исплукана повеке од фановите на влатче од типот ЗАШТО ДА ИДЕ ЏОЛЕ ЗАШТО НЕ ВЛАТЧЕ или зашто не Влатко лозановски туку Џоле...

Ај искрено која песна би ја пратиле од сите песни што беа понудени да се избираат ?

Нормално дека никоја од песните од последниов Скопјешит Фест не беа за таму. Музички најквалитетната песна која беше на В. Лозановски беше веќе преслушано за Евровизија (сетете се на Хрватска 2005) а исто и најфриковската „Џипси денс„ (Ерменија 2008).

Како и да е, со едно преслушување на сите песни може да се заклучи дека и главната Евровизија ќе биде најлошо досега, најлоша колекција на песни кои можело да се напишат.
 
a кога македонија не била исплукана од "многу битните" светски кладилници ?
Е освен годинава и лани, останатите години не сме биле слаби на прогнози. XXL беа уствари на врвот, Каролина во 2007 исто котираше од 5то до 15то место на сите топ листи и кладилници, така да не е дека секогаш не ставаат на дното... Ама од друга страна па многу пати се покажува колку се грешни сите тие прогнози така да немора ништо да значи... Баш затоа прокоментирав - коа ги слушнав другите песни од нашето полу финале не ми се веруваше зашто толку слабо не рангираат кога останатите не се ама баш ништо поасални, нема една ок песна у цело полуфинале.
 
Само боки 13 за на евровизија дајте еднаш нека оди и ќе видите што ќе направи таму :helou:

Па искрено да ти кажам, ако има некоја песна ко онаа што му беше со Биг Мама, ќе биде Бум.Кога веќе не успеавме со најквалитетното од македонската музичка сцена, зошто да не пробаме со нешто како него?

Ја обожавав песнава кога излезе, а и сега кога повторно ја пронајдов, се уште го знам текстот на памет, многу слатка и убава песничка, штета што не победи, 2 место беше... :)


Еее, и оваа песнааа ми беше ептен преголем најголем хит! :)


Имаме ист вкус Марија :) Преубави песни.И ден денес ги слушам.

Навали народе, на официјалниот спот за нашата песна:


Пхах.Работава како смо се надали, добро смо и прошли.Не ми е јасно зошто направија спот.Кога се собираа шефовите на делегации во Осло, и кога ги носеа официјалните материјали, Макеоднија отиде со снимка од националниот избор.Значи на сите телевизии низ Европа, ќе се пушта снимката од националниот избор, а спотот веројатно ќе биде само за домашна употреба.Го направија, онака, колку да се каже, имаме спот...

Македонија намерно ги мести домашните избори за Еурогејсонг бидејќи ако не ги местиме ќе пратиме многу јака песна и 100% ќе сме прво место.

А да бидеш прво место тоа е трошок, немаме пари да организираме Еурогејсонг инаку до сега ќе имавме 4 пати освоено посебно со XXL што беа.

Овоа ти нешто иронија употребуваш или сериозен си??!

А се знае на што јазик ќе пее?
Ако отидеме со англиска верзија Џоко Танески ќе пее I've got the powerrr:music3:
М?:toe:

На македонски ќе пее.Видела жабата коњот кова потковици, па и она по неа.Виде МТВ дека Србија без ни еден англиски збор, неколку години по ред, освојува високи места, па ајмооо и ние по нив...
 
од србија е најдобра според мене :pipi: значи стварно имаат осет за бирање на песна за евровизија, а не ко нас :toe:
 
од србија е најдобра според мене :pipi: значи стварно имаат осет за бирање на песна за евровизија, а не ко нас :toe:

Играш .!.?
Па Бреговиќ разочара комплетно,оваа му е најслаба песна досега во кариерата,сосема непотребно.Џабе срамење..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom