Зошто Македонија тапка во место-наведете барем 3 причини!

A

amco2009

Гостин
1. Велика Британија , САД, Франција. Посамобендисан народ од нив нема, па пак некако се успешни.Проблемот со Македонците е тоа што дискутираме за работи од типот на дали сме Бугари или Грци, и дали името ни е Македонија или не. Ние не сме нарцисоидни како нација, туку повеќе би рекол искомплексирани и несигурни во себе.
2. Грешката е во тоа што има цело време компромис, тоа значи дека никој не е задоволен и сите се граѓани од втор ред. Јас како Македонец се чувствувам поугнетен од Албанец во државно кој ја добил работата заради 25% квота. Исто и он се чувствува угнетен заради нешто. Поедноставно кажано, никој не ја сака и чувствува државата како своја, и според тоа нема желба да ја развива или да вложува во истата освен ако не се работи за конкретен личен интерес.
3. Корпуција има секаде, таа е создавана од капитализмот и никогаш не можеш да ја уништиш. Проблемот во Македонија е во тоа што луѓето претпоставуваат дека има корпуција секаде, дури и каде што таа не постои. Тоа води кон помала доверба во државата, посебно во МВР и сличните организации кои треба да се борат против тоа (финансова полиција итн)
Македонија според мене не постои како некаква организирана независна форма на власт (држава) од таму некаде 1945-50 , кога луѓе како Ченто беа праќани во затвор, а беа ставани србомани и газољупци како Колишевски на власт. Подоцна пак, во 90тите, на власт дојдоа луѓе без никаков морал, без образ и срам, кои ја униптија економијата, и дел од нив сеуште се појавуваат по телевизии и солат памет како да вчера се појавиле на политичката сцена. Албанскиот фактор го искористи тоа за да зборува против Македонците (иако реално во Западна Македонија е инвестирано милион пати повеќе отколку во Источна Македонија) и се правдаше за својата сопствена неспособност со тоа дека Македонците ги мрзат Албанците. 2001 наместо да биде година во која се конечно ќе се реши, се покажа дека тие кои крадеа во 90тите, беа на плажи во Грција додека посиромашната класа умираше по планини, им беа вадени очите , половите органи им беа сечени и ставани во уста и слично. Иако сликите не излегоа во јавност, ги имам видено и можам слободно да кажам дека ако постои зло, тоа се бореше на страната на неколкуте муџахедини кои дојдоа тука да помагаат на Албанците да си ги остварат своите права. Во 2000тите, сите се трудеа да се преправаат дека 2001 не постоела никогаш, и се се ставаше под тепих. Комплетното уништување на се, од здравството, каде чекаш 6 месеци да те снимаат, па до образовниот систем каде имаш факултети како ФОН каде плаќаш и земаш диплома водат кон толкаво незадоволство на народот да помалку и заборава на 32 проценти невработеност. Македонија е пропадната проколната земја, никогаш нема да се живее убаво на овој простор, и цело време ќе бидеме на инфузија од големите сили, посебно од САД бидејќи на нивне им одговараат големи држави како Голема Бугарија/Албанија/Србија/Грција, туку сакаат да имаат кец во ракавот за евентуални натамошни балкански конфликти.Прилично едноставно објаснување за тоа зошто никогаш Македонија нема ни да оди понапред од тапкање во место. :toe:
Daj da ti odgovoram posto stvarno me poskokotka so replikava.

1. Tie zemji sto ti gi nabroja se uspesni i samobedisani, uspesni na voen , geopoliticki, ekonomski , sportski, vo site sveri se uspesni i vredi da bidat narcisoidni i samobendisani ednostavno Toa se golemi nacii so golem potencijal, se zavisi od niv a tie od nikogo ne zavisat dodeka kaj nas situacijata e obratna i toa e tragikomicno. Ili kako bese ona mototo koe vazi za nas bitno e da se ucestvuva a ne da se pobedi , a kaj niv e bitno da se bide najdobar i toa kako im dava za pravo da bidat gordi sami na sebe , posto imaat rezultati na site poljinja.

2.Spored odgovrov ispagja deka se slagas so mene t.e na pogresen nacin e formirana drzavava, namesto na Gragjanski e Formirana na nacionalen model i toa donesuva da nikoj ne ja saka, najdobro ke bese da prodolzjese po stapite na SFRJ gragjanskiot model bratstvo i ednistvo, crkvata i dzamijata da ne cepkaa vo drzavni raboti, premierot i presedatelot a i site prattenici pred se da se Gragjani a ne vernici posto toj e Premier i Presedatel na site bez razlika na etnicka, verska, rasna , politicka pripadnost toa koci Dodeka se delime na vasi i nasi, dodeka se zamisluvame deka ovaa drzjava e samo nasa a ne i nivna , dodeka drugite go imaat sprotivnoto mislenje deka isto taka ovaa drzjava ne e nivna do togas nema da ima ni U od Uspeh.

3. Kaj nas li korupcija pa nemoj ti se molam ja ima na sekoj cekor. Od obicen prevarant do vrhoven sud site se korumpirani. Dodeka ima abe ke mu se javam na ovoj onoj, ne mi pisuvaj kazna cickomi e inpektor, Jas sum od Vmro ti od SDSM , partiski vrabotuvanja, nema nisto od ova . Vo Makedonija se mozje da se kupi samo ako imas pari bukvalno se......
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
ПРИМЕР: Во Франција во една фирма примаат нов,млад и неискусен работник(20 годишен).На 5-от ден од работата прави штета од 3000 евра,пред се поради неискуство не оти сакал.Газдата на фирмата не само што го брка од работа,туку и го тужи и за некои др.работи кои не ги направил.Е сега ситуација:
1.Македонија >>> Сите си молчат и ги боли ку....т(со извинение) за работникот,и не само тоа туку и го ругаат кој кај ќе стигне,одат сведоци на суд итн.(дудлаат кај газдата)=газдата сфаќа со какви зелки си има работа и сите му се плашат(овца комплекс)
2.Франција >>> Цела фабрика се дига на бунт,го запираат производсвото,прават блокада на фирмата и го принудуваат газдата не само да не го врати работникот на работа туку и да му плати за претрпените психички и др.малтретирања=газдата сфаќа дека има работа со јаки персони кои не може да ги заебава и во иднина се грижи платата секојпат да е добра и да стига на први.

п.с. Ова не е измислена туку вистинска приказна,се однесува на сите сфери од животот и затоа некои држави имаат поарен стандард од нашиот :helou:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Бидејќи луѓето си се преценуваат.
Завршил некој шупак факултет и под чест му е да работи како физикалец.
А не се замислил дека можеби нема потреба за таков образован кадар?
И седат бе дома, наместо да се ангажираат да се фатат за било каква работа.
Нека се спотнат, се ќе си дојде на место после некое време.
Најважно,

1.Ниедна работа не е срамна.
2.Ако си со факултет тоа не значи дека повеќе вредиш и дека ќе се потепаат да те вработат.
3.Пазарот ги диктира условите, не твојата занесеност дека заслужуваш којзнае што.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Затоа што имаме власт која не гледа да му помогне на народот , туку гледа како да го излаже и манипулира и што повеке да останат во таа позиција , за лични интереси.
Имаме власт која повеке се грижи за умрените односно за античкото време отколку за живите кои нажалосност во некои средини живеат како во камено време.

Се даваат 2 милион евра за ваучери за студентите и цела година на сите национални телевизии ке гледаш реклами како тоа владата ги помага студентите , а после 2 години , односно после избори , веке владата не може да најде 2 милион евра пошто сме биле во криза.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Бидејќи луѓето си се преценуваат.
Завршил некој шупак факултет и под чест му е да работи како физикалец.
А не се замислил дека можеби нема потреба за таков образован кадар?
И седат бе дома, наместо да се ангажираат да се фатат за било каква работа.
Нека се спотнат, се ќе си дојде на место после некое време.
Најважно,

1.Ниедна работа не е срамна.
2.Ако си со факултет тоа не значи дека повеќе вредиш и дека ќе се потепаат да те вработат.
3.Пазарот ги диктира условите, не твојата занесеност дека заслужуваш којзнае што.
Тоа не е причината што Македонија тапка во место!
Инаку се добро си кажал, но требало да дополниш и дека нашата држава (т.е. институцијата која одлучува за распределбата на големиот буџет - Владата) има најголем удел што денес многумина бараат работа каде што ја нема, и си седат дома кукајќи за неповолностите во нивната изучена професија. Види, нашиот Премиер минатата година лично поведе кампања со која го убедуваше народот да не ги остава своите деца-средношколци незапишани на факултет, бидејќи како рече, родителот така ќе ги стави во мал процент млади луѓе без шанса да се едуцираат и да си овозможат многу поголеми шанси за успех во животот. Така и беше, се пофалија дека 85% од матурантите се запишале на факултет. Но, додека ги водат тие скапи милионски кампањи за промоција на бенефитите од високото образование, никој не излегува од истите нив, да направи детална научна студија за тоа:

1.Колку овој наш сегашен образовен систем продуцира квалитетни кадри.
2.Дали постои хиперпродукција на кадар и во кои сектори.
3.Дали постои недостиг на продукција на кадар и во кои сектори.

Па потоа да дадат препораки кај да се запишуваат децата, да забранат можност за премногу запишувања(поплава од интерес која отстапува од реалните потреби кои научно ќе бидат востановени колкави се) кај суфицитарните професии, да понудат образовна стратегија во склоп на која ќе може да се комбинираат економските реални потреби, и воедно интересот на учениците, да ги помагаат и да ги поттикнуваат дефицитарните професии. Има ли такво нешто во погон? Колкав е апсурдот ние нагло да форсираме 100% генерациска продукција на академски граѓани, а речиси немаме никаква наука, имаме неконкурентна економија и воопшто, сеуште зависиме од попримитивни стопански дејности и начини на произведување???

Вака како тргнало, сите наши работници и неработници ќе бидат со факултет, но нивните работни позиции со истиот нема да имаат никаква врска. Но за волја на вистината лошите и добрите професори, газдите и другите разновидни профитери од секторот високо образование, во меѓувреме најдебело ќе ќарат продавајќи чист воздух. Титулите тотално девалвираа, и се создадоа критериуми преку кои факултетското образование е сведено на ниво на средна школа, а изгубеното време и пари на студентите само припрема за нови глупости наречени постдипломски студирања, докторати, и други слични позерства кои не одразуваат темелни знаења и научност, туку натпревар во трошење и финансирање на универзитетските институции.
Ете тука јас го гледам главниот проблем во оваа сфера што државата тапка во место и создава незадоволници! Не е проблемот во плебсот, во "аристократијата" која управува со државата е.

Што се однесува до физичките работници, во кој тоа сектор имаш информации дека има недостиг на работна рака, а се нудат пристојни услови за работа? Имаш ли некакви економски статистички докази за твоите тврдења?
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Си го пропуштил овој дел од текстот:

Значи самите сточари го тврдат тоа, не земјоделците.Земјоделците се занимаваат со нешто сосем друго. :)
Нема врска, на секого му се случува да згреши....... И сточарите колку и да се лакоми нема да тврдат дека има млеко, ако немаат залихи.
Прво поимот земјоделци ги вклучува и сточарите. Второ ако малце имаш агрокултура ќе знаеш дека млекото трае еден ден и не може да се трупаат залихи од млеко. Ако има вишок на млеко немаше да биде цената на сирењето 50% повсока од пред да дојде сведмилк. Тогаш цената на млечните производи се покачи но по банкротот на сведмилк не се спушти или се спушти за многу малце. Туку македончето ко че начека ќе те обричи на суво. Тоа е еден од најголемите проблеми кај нас.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Македонија тапка во место бидејќи никогаш не била вистинска капиталистичка држава со минимална владина интервенција (полиција и надворешна политика.)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Македонија тапка во место бидејќи никогаш не била вистинска капиталистичка држава со минимална владина интервенција (полиција и надворешна политика.)
Плус затоа и што не сме ни имале држава од Цар Самуил наваму, 1000 години сме командани од горе... плус и неспособни сме као народ, слабо стоиме со памет, не сме обединети и после држава сакаме да водиме, е чорба :toe:

ПРИМЕР: Во Франција во една фирма примаат нов,млад и неискусен работник(20 годишен).На 5-от ден од работата прави штета од 3000 евра,пред се поради неискуство не оти сакал.Газдата на фирмата не само што го брка од работа,туку и го тужи и за некои др.работи кои не ги направил.Е сега ситуација:
1.Македонија >>> Сите си молчат и ги боли ку....т(со извинение) за работникот,и не само тоа туку и го ругаат кој кај ќе стигне,одат сведоци на суд итн.(дудлаат кај газдата)=газдата сфаќа со какви зелки си има работа и сите му се плашат(овца комплекс)
2.Франција >>> Цела фабрика се дига на бунт,го запираат производсвото,прават блокада на фирмата и го принудуваат газдата не само да не го врати работникот на работа туку и да му плати за претрпените психички и др.малтретирања=газдата сфаќа дека има работа со јаки персони кои не може да ги заебава и во иднина се грижи платата секојпат да е добра и да стига на први.

п.с. Ова не е измислена туку вистинска приказна,се однесува на сите сфери од животот и затоа некои држави имаат поарен стандард од нашиот :helou:
Вистинска случка од Франција :

Газдата на Сони во Франција под изговор на економската криза брка работници од работа, иако на фирмата и оди добро.... резултат?

Работниците го закључуваат у канцеларија, буквално го киднапираат и го држат 2-3 дена како заложник, све додека не ги вратил на работа, полицијата ништо неможела да направи, а газдата после заложничката драма директно на психијатрија, ради претрпени трауми...

Тоа е Франција брат,народ со муда, а не ние Македонците , се удираме у груди, кој од кого е поголем патриот, а у суштина сме големи пи.ки :jaj:
 
H

^HITMAN^

Гостин
Тапкање во место е тежок збор... Покрај тоа што сами се уништувавме узминативе 20 години, еве ви 2 најголеми причини за нашето тапкање во место

1. Војната која во 2001 ја предизвикаат нашите сегашни "браќа" албанци.
2. "Пријателска" Грција со ембаргото, со ветото и со што уште не.

Објаснување - Македонија потпиша договор за стабилизација и асоцијација пред сите други земји во регионот, и доколку војната во 2001 не не вратеше 10 години наназад и доколку Грција не не блокираше сега ќе бевме Членки на Нато и ЕУ со најмалку двојно поголема просечна плата. Точка.
 
Sekogas drug ni e kriv i na kraj corba makedonce ko sto veli Cacko
 
H

^HITMAN^

Гостин
Sekogas drug ni e kriv i na kraj corba makedonce ko sto veli Cacko
Види погоре, напишав - "Покрај тоа што сами се уништувавме последните 20 години"

А за другото, нема што да се коментира, така е. Му се допаѓало тоа некому или не, тоа е така.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Причини:

1. Континуирана компромитираност на сите Влади на РМ во корупција и криминал - многу сомнителна неспособност да ги извршат правите реформи и да ги изведат приоритетните и чесни вложувања. Тоа говори или за врвна глупост на нашите политичари, или просто дека му служат не на народот и државата, туку на сосем други затворени организации и служби и интереси.

2. Историски проблеми со нашите соседи, кои впрочем можно е да се особено поврзани и да го генерираат првиот проблем кој го посочив, а тоа е неспособните лажливи политичари и водачи на македонската нација во континуитет во постсоцијализмот овде.
Отворени бессрамно изразени претензии за господарење над нас од страна на оние кои најмногу ни наштетија во историјата, и кои сеуште не блокираат за апсурдни прашања.

3. Немаме излез на Егејско море.

Други главни проблеми јас не гледам. Сите други причини за нашето економско и демократско уназадување или поблаго кажано тапкање во место, произлегуваат од горните 3 проблеми, кои пак се појавуваат во следниов редослед: 3,2,1..
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Тапкање во место е тежок збор... Покрај тоа што сами се уништувавме узминативе 20 години, еве ви 2 најголеми причини за нашето тапкање во место

1. Војната која во 2001 ја предизвикаат нашите сегашни "браќа" албанци.
2. "Пријателска" Грција со ембаргото, со ветото и со што уште не.

Објаснување - Македонија потпиша договор за стабилизација и асоцијација пред сите други земји во регионот, и доколку војната во 2001 не не вратеше 10 години наназад и доколку Грција не не блокираше сега ќе бевме Членки на Нато и ЕУ со најмалку двојно поголема просечна плата. Точка.
Војната од 2001 имаше импликации врз економијата но не големи да не вратат 10 години назад. Можеби имаше извесна стагнација но штетите кои ги предизвика се пред се политички, не економски. А имаше и некои странскидонации за ревитализација на регионите зафатени војната и за имплементација на охридскиот договор, многу пари влегоа преку НВО секторот итн.
Последиците од ембаргото во Грција беа во 90 тите не сега. Уште поголеми беа последиците од ембаргото на СР Југославија која беше наш најголем трговски партнер. Но да не заборавиме дека и Србија и Хрватска беа во војна, па собраа повеќе пари од приватизацијата и имаа повеќе странски инвестиции во 90 тите од нас и моментално се економски поразвиени и со далеку повисок стандард. И да не заборавиме дека иако не сме во добри политички односи со Гција економските односи се одлични. Има вложено многу грчки капитал, имаме значајна трговска соработка и сме нето извозници. Ако не се Словенците и Грците нема кој да инвестира кај нас.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
1. Вечните Македонски кодоши , издаици и уште не знам како да ги наречам што се појавувале низ историјата, и што ги има и сега.
Поради оние кој за малку пари би се продале самите себеси а не пак својата татковина.
2. Омраза на луѓето што живеат во неа.
3. Недостаток на асален човек кој ке ја води самата држава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom