Зошто Македонија тапка во место-наведете барем 3 причини!

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Тапкање во место е тежок збор... Покрај тоа што сами се уништувавме узминативе 20 години, еве ви 2 најголеми причини за нашето тапкање во место

1. Војната која во 2001 ја предизвикаат нашите сегашни "браќа" албанци.
2. "Пријателска" Грција со ембаргото, со ветото и со што уште не.

Објаснување - Македонија потпиша договор за стабилизација и асоцијација пред сите други земји во регионот, и доколку војната во 2001 не не вратеше 10 години наназад и доколку Грција не не блокираше сега ќе бевме Членки на Нато и ЕУ со најмалку двојно поголема просечна плата. Точка.

Не се сложувам баш дека војната е голема причина поради:

Во Хрватска имаше војна, па сега е далеку пред нас
и во Босна имаше далеку покрвава граѓанска војна, па се тука негде со нас
И во Балтичките земји Руската армија тероризираше до 96-97 година, а сега се Европски земји
Израел е вечно во војна плус и помала држава е од нас со огромни внатрешни конфликти па е светлосни години пред нас..

Закључок е дека војната предизвика потреси во економијата, но главниот проблем лежи во други свери
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Причини:

1. Континуирана компромитираност на сите Влади на РМ во корупција и криминал - многу сомнителна неспособност да ги извршат правите реформи и да ги изведат приоритетните и чесни вложувања. Тоа говори или за врвна глупост на нашите политичари, или просто дека му служат не на народот и државата, туку на сосем други затворени организации и служби и интереси.

2. Историски проблеми со нашите соседи, кои впрочем можно е да се особено поврзани и да го генерираат првиот проблем кој го посочив, а тоа е неспособните лажливи политичари и водачи на македонската нација во континуитет во постсоцијализмот овде.
Отворени бессрамно изразени претензии за господарење над нас од страна на оние кои најмногу ни наштетија во историјата, и кои сеуште не блокираат за апсурдни прашања.

3. Немаме излез на Егејско море.

Други главни проблеми јас не гледам. Сите други причини за нашето економско и демократско уназадување или поблаго кажано тапкање во место, произлегуваат од горните 3 проблеми, кои пак се појавуваат во следниов редослед: 3,2,1..
Се слагам со првите 2 точки во потполност,одлично искажано и интелигентно размислување,но за третата точка баш и не би рекол дека е така.Еве земи ја за пример Грција,има пола медитеран а сепак е задолжена претерано и сега е пред банкротирање.Значи не е се до морето,туку е и до др.фактори,Поздрав
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Да видиме дали сега некој ке ги ебе у здрав мозок повторно иначе ситуацијата им беше индентична како во Македонија
Е ова ер паметен народ
Еве и зошто
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Зошто Македонија тапка во место?

Ништо чудно..кога 20 години тапчовци ни се на власт.:helou:
 
Член од
7 април 2010
Мислења
14
Поени од реакции
0
Јас мислам дека има премногу причини што Македонија се наоѓа на ваква економска состојба, и јас ке издвојам 3,за кои мислам дека се едни од поголемите причини:
1.Вечната македонска транзиција,која траее,траее...и која според сите предзнаци ке трае..уште многу
2.Лошата економска политика водена од страна на владата на Р.М.,без да ме сватите погрешно,не зборам за оваа владеачка гарнитура,туку за сите влади до сега.
3.Судството и борбата со корупцијата,која ни е на разочарувачко ниво,а тоа ни ги тера странските инвестиции,кои последниве 2г.се сведени на 0,5.
Мое мислење.поздрав
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.008
Поени од реакции
18.813
Многу причини се. А најголемиот број од нив водат потекло од времето на распадот на бившата држава. Со распаѓањето на Југославија овие големи компании практично ги изгубија пазарите каде ги пласираа своите производи, а не успејаа да ги продадат на новите европски пазари поради тоа што не ги задоволуваа пропишаните критериуми. Големите компании поради тоа не успеваа да си ги подмират ниту фиксините трошоци кои ги носеа со себе големите капацитети, па така преминаа во загубари. Плус тука е криминалната приватизација, каде компаниите беа буквално разграбани во текот на стечајните постапки.

Најпрво и најосновно е тоа што сме на последно место по странски директни инвестиции. Прчините за таквиот податок се многу. Премногу мал пазар, високи каматни стапки на кредитите и премногу ниска инфлација (со оглед на фактот што не сме ни отпочнале преговори со Европа), ова се само некои од основните макроекономски предуслови кои не ги исполнуваме. Оптимистички е фактот што имаме ефтина работна сила, меѓутоа и нискоквалификувана работна сила, без искуство. Друг податок кој не смее да се занемари е политичката стабилност на земјата. Властите постојано ни гарантираат безбедност, додека некои странски агенции тврдат дека имаме зачеток на радикален ислам во Македонија. Ваквите извештаи само придонесуваат странските инвестиции да не стапнат на наше тло, а згора на се се и споровите што ги имаме со нашите соседи кои не блокираат во сите меѓународни организации.

Друг битен фактор за кој би можело да се говори е трговскиот дефицит. Намалувањето на дефицитот за оваа година е доста добра вест, плус имавме и втор најмал дефицит во Европа, сепак генерално веста и не е нешто радосна ако се земе во предвид целосната слика на трговската размена на Македонија. Македонскиот извоз според одредени показатели како Гинихиршмановиот и Лојдовиот индекс претставува концентриран извоз со неколку носечки производи, доколку би можеле да ги класифицираме како такви. Бидејќи проблемот не може да го лоцираме во концентрацијата на извозот, туку во структурата на извозот. Ние не извезуваме производи, ние извезуваме репроматеријали и полупроизводи. Глвните извозни елементи се полупроизводи од железо и челик, деривати на нафтата, фероникел, облека (нефинален продукт), земјоделски производи. Додека пак главни увозни елементи се сурова нафта, струја, коли, технолошка опрема (хардвер). И сите овие податоци само потврдуваат дека ние увезуваме ресурси и високо софистицирани финални производи а извезуваме репроматеријали и полупроизводи, што говори дека ние спаѓаме во групата на нискоравиени земји. Како додаток на ова ќе го спомнам само фактот што ние сме втора земја по извоз на наливно вино во Европа. Што говори тоа? Тоа говори дека немаме брендиран продукт. Немаме придружни индустрии, конкретно во случајов, на винарската индустрија, па така винопроизводителите мораат да се мачат флаши и тапи да купуваат дури од Португалија. Во последно време почна да се зголемува извозот на флаширано вино, сепак бренд сликата на македонското вино е уништена, токму од извозот на наливно вино. Па така сега имаме случаи каде македонското вино се продава по ефтина цена на странските пазари. А јас тврдам дека македонското вино заедно со француското вино се најквалитетните вина во светски размери, дури имаме и уникатна врста на вино Вранец, која се произведува само во Македонија и никаде на друго место. Постојат апсурдни ситуации каде други земји го флашираат нашето вино и го продаваат по поскапа цена од нас самите, само затоа што на време не сме успеале да создадеме бренд. Ова беше само конкретен пример со виното. Би можеле да се превземат и други чекори како што се гасификација, така што би се намалил увозот на електрична енергија, која би ја користеле исклучиво за индустрииски потреби. Би можело да се вложи во капацитети за производство на електрична енергија, при што владата направи добар чекор со тоа што даде концесија за изградба на мали хидроцентрали. Свртување кон алтернативни извори на енергија исто така е препорачливо, тука спаѓа изградбата на ветерници и увоз на сончеви колектори. Генерално доколу сакаме вистински раст на економијата, потребни се инвестиции во призводствени високософистицирани технолошки индустрии. Вистинска штета е што не се остварија најавуваните инвестиции на владата од претходните години, кога поголем дел од инвестициите беа одложени поради светската економска криза. Да се надеваме дека ќе бидат остварени во наредниот период.

Други фактори кои што влијаат на малиот број на странски инвестиции се преголемата, бавна, неефикасна и нетрaнспарентна администрација. Секоја влада ја избегнува превработеноста во администрацијата, бидејќи се плаши од незадоволството на населението. Дури и многу ме изреволтира владава што наместо да ја крати администрацијата, почна да прима дури и нови вработени по партиска и национална линија, па дури и платата им ја накачи. А од преголема превработеност луѓево немаат дури ни канцеларии, па шетаат по ходници и доаѓаат на работа само да земаат плата. Понатаму доаѓа бавното судство и неефикасниот катастар, долги имотно-правни предмети кои се влечат по судовите со години, нетранспарентност на администрацијата во однос на документите кои што инвеститорите треба да ги обезбедат (бирократијата е убиец на бизнисот). Понатаму потребно е инвестирање во индустрииски и безцарински зони (кои се забранети од Европа), некои инфраструктурни придобивки како на пример обезбедување на приклучок за струја, вода и асвалтиран пат до зоната. Генерално подобрување на патната мрежа, чекор на кој се нафати владата, иако неколку пати беше поништуван тендерот за да им се даде повеќе време на концесионерите да ја соберат конкретната документација. Некои даночни олеснувања, меѓу кои владата некои исполни како што се рамните даноци и елиминирање на данокот за реинвестирана добивка. Сепак за странските инвеститори би било добро и да се елиминира сегашната стапка на данок на добивка од 15%.

Малите и средни претпријатија треба да бидат рбетот на стопанството, меѓутоа тоа не е така поради некои од горенаведениве причини. Не е доволно само да се реализираат конкретните даночни олеснувања, потребни се пониски каматни стапки на кредитите, како најосновна мерка. Потоа би било добро да се креираат таканаречени Business angels joint-ventures. Тоа се приватни мрежи на инвеститори кои се спремни да инвестираат во одреден бизнис или во добра бизнис идеја со јасна визија и бизнис план кој би се покажал како профитабилен на среден и долг рок во замена за посед на акции, место во бордот на директори на компанијата, процент од профитот итн. Или пак бизнис инкубатори кои претставуваат компании кои им помагаат на најразлични начини на веќе основани бизниси. Со тоа што им нудат инфраструктура, експертиза, финансиски ресурси во замена за акционерски удел, удел во раководството и големи удели во профитот во зависност од тоа во која фаза на развој е превземен бизнисот од страна на бизнис инкубаторот.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Една и единствена оти никој нејќе да ги помрдне работите од мртва точка кој и да дојде на власт мутира во пијавица и 4 години цица,пие крв од народот. А народов греота да го гледаш...

Се погоре напишано од другите форумџии е резултат на паразитлукот на нашите ценети ни бивши и сегашни лидери.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.073
Поени од реакции
9.342
Е ова ер паметен народ
Еве и зошто

Само да додадам дека овие протести во Киргистан се затоа што невработеноста им е НЕВЕРОЈАТНИ 18%.

18% невработеност можеме само да сонуваме, добро ни е нас со 40% невработени и така ке остане дур не се угледаме малку на Киргистанците.
 
S

smart ass

Гостин
Закон!!!:vozbud:

Ете РАЈА да види,ем не е ко кантер страјк...ем барем ЗНААТ да си ги БРАНАТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Меѓукои и Економска Слобода!!!!!

На западот има повеќе социјализам и повеќе се вреднува трудот....ама за тоа КРВ Течела!!!

Ама јако име има главниот град БИШКЕК:pos2:

Зошто Македонија тапка во место?

Ништо чудно..кога 20 години тапчовци ни се на власт.:helou:
100% потпишувам.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
248
Поени од реакции
54
makedonija neja bidue poso nie makedoncite sakame i da se ebeme i da ne ni vlaga
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
1 : Глуп народ кој можеш да го ебеш како сакаш
2: глуп народ којшто вика ќути има и полошо
3: Глуп народ кој кога некој нивни колега ке го избркаат од работа наместо сите да се кренат и стопрат со производство ( кур профит) половина се плаши тој да не биде следен а другата половина ликува и се сити
Најдобра научна анализа до сега,прекрасен одговор со 3 точки кажа СЕ ШТО ТРЕБА,посебно најточна ти е последната точка,затоа и си страда оваа држава,:helou:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Најдобра научна анализа до сега,прекрасен одговор со 3 точки кажа СЕ ШТО ТРЕБА,посебно најточна ти е последната точка,затоа и си страда оваа држава,:helou:
хе,хе..точно, ама знаеш ли ти кој напор треба да се вложи, во период долг повеќе векови, со интензивна работа на вкрстување и генетско модифицирање за да се добие таков народ???? сеа овие глобалистиве со СУВА ПАРА ќе го плаќаат секој примерок.......тоа бе треба да се претвори во сува пара .....:)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
хе,хе..точно, ама знаеш ли ти кој напор треба да се вложи, во период долг повеќе векови, со интензивна работа на вкрстување и генетско модифицирање за да се добие таков народ???? сеа овие глобалистиве со СУВА ПАРА ќе го плаќаат секој примерок.......тоа бе треба да се претвори во сува пара .....:)
1.Денес на четот на Канал77 го постирав баш ова>>>Глуп народ кој кога некој нивни колега ке го избркаат од работа наместо сите да се кренат и стопрат со производство ( кур профит) половина се плаши тој да не биде следен а другата половина ликува и се сити---и ја пратев реакцијата на водителката и кога го виде посебно болдираниот дел се изнасмеа слатко и глатко:pos2:,и тоа одеше јавно а само јас знаев зошто се смее :wink:
2.За глобалистиве не само што сме идеални туку и рол-модел за понатамошни експерименти:helou:
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Јас не се согласувам дека народот е глуп. Интелигентноста на македонците не е воопшто тема, поголема тема е ЗРЕЛОСТА.
За тоа можеби има објективни причини во блиската историја: овој народ никогаш не почувствувал своја државност, и следствено, не знае да се однесува државнички. Па оди во потрага по свои корени и идентитет во антиката, кои многу го возбудуваат.
Втора тема е ПРИМИТИВНОСТА. А таа ја има моќта во оваа земја.
Парадоксално е што, колку повеќе интелектуалната сила се бунтува против овие ликови, наместо да ги преусмери и корегира ( што е нејзина задача), таа ги ојачува нивните позиции и нивната моќ. Што значи дека или интелектуалната сила тоа го прави на погрешен начин, или е прилично корумпирана и морално во аут, при што и двете држат. Она што е вистина против која не се може, е дека Груевски и ко, ликови како Миленко, Жаре Бербер, Латас, бубуљичави напаленковци се моќ во оваа земја. Тоа некого ќе го навреди и повреди, ама е вистина.
Е сега, има некоја светла точка во сево ова. Досега низ историјата победувале револуции на прогесивни идеи и носители на тие идеи: значи, некое здраво никулче од сета плева, или победувале големи загуби кои биле послужиле како електрошокови за урамнотежување на умот и импулсите-Германија после Хитлер.

Што ќе се случи кај нас, ќе биде без преседан, за првпат во историјата ( што е ужасно важно за нашиов народ, да сме посебни во нешто:)) Како е ситуацијата сега, ни едното ни другото нема да упали. Што се однесува до малата здрава и зрела интелигенција- таа спие (незабележано поминаа илјада причини за протести, сведмилк, Скопје 2014,итн итн), што се однесува до свеста- со векови функционираме без неа. Па, живи били па видели.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
eagle во право си,посебно она дека интелектуалната елита е корумпирана и тотално во аут,па погледни кој се креатури се во собранието,имаме од ромите пратеник со 8 одделение(која порака е ова за студентите на пр.дека џабе се школуваат и учат кога циган со осмо одделение станал пратеник?).Друг пример е самото собрание,кога и да видиш,се е полупразно или ептен празно,како воопшто да не ги интересира пратеницивеза народот.Потоа,погледни го оној смешен судски совет на РМ.како држава во држава(претежно се од сдсм,ама не е ни битно)битно е какви пораки пренесуваат,бркаат квалитетни судии што не се воопшто за отказ,итн.да не одам до бескрај.Прашањево е што НИЕ ЌЕ ПРЕЗЕМЕМЕ,и ПРАВЕЦ во кој треба да се придвижи и размрда заспаната интелектуална елита,заедно со обичнотот население
 

Kajgana Shop

На врв Bottom