:pos2::pos2::pos2: Ај да ти се насмеам уште еднаш на постов пошо нели никој не ти се смее а смешни ти се постовите
работата е што народот не пати од неговите синови пати од самиот себеси како неможеш да го сватиш тоа
Како успеваш ти да се иземеш од твојот народ или пак неќеш да ја понесеш одговорноста?
Народот нема чувство дека вреди зошто бил 6 века под
континуирано ропство, пример ќе ти дадам:
Еден фудбалски тим игра шест сезони по ред (6*40=240 натпревари) и во сите тие 240 утакмици не успева да постигне ниту една единствена победа што секако ќе резултира со катастрофално опаднат морал и мотивација меѓу играчите.
Ако татко ти бил лузер,неговиот татко бил лузер и неговиот татко бил исто така лузер..(ова условно го кажувам и го поврзувам со ропството) ти како ќе се чувствуваш, како победник?
Што мислиш зошто им даваат на македонците имиња Стојан,Трајан,Трпе за разлика од русите каде сите се јунаци и тепачишта.
Ако татко ти те учи да бидеш скромен и да не се буниш исто како што го учел неговиот татко кој пак го учел неговиот татко.. зошто во спротивно ќе одиш на Голи Оток или пак ќе чмаеш во Цариградските зандани.. зошто ти да го прекинуваш тој циклус зошто да бидеш ти црната овца во семејството?
Социолозите велат дека во 70% од карактерот на личноста удел има семејството ако во твоја фамилија сите биле цвикатори(и ова условно го кажувам) зошто ти да бидеш јунак кој ќе преводи социјални револуции?
Затоа Груевски го гради проектот Скопје 2014 да може народот со нешто да се идентификува да има чувство дека негде припаѓа дека вреди.
Затоа ја гради капија на победата да се осеќа народот како победник.