Зошто Македонија тапка во место-наведете барем 3 причини!

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Јас не се согласувам дека народот е глуп. Интелигентноста на македонците не е воопшто тема, поголема тема е ЗРЕЛОСТА.
За тоа можеби има објективни причини во блиската историја: овој народ никогаш не почувствувал своја државност, и следствено, не знае да се однесува државнички. Па оди во потрага по свои корени и идентитет во антиката, кои многу го возбудуваат.
Втора тема е ПРИМИТИВНОСТА. А таа ја има моќта во оваа земја.
Парадоксално е што, колку повеќе интелектуалната сила се бунтува против овие ликови, наместо да ги преусмери и корегира ( што е нејзина задача), таа ги ојачува нивните позиции и нивната моќ. Што значи дека или интелектуалната сила тоа го прави на погрешен начин, или е прилично корумпирана и морално во аут, при што и двете држат. Она што е вистина против која не се може, е дека Груевски и ко, ликови како Миленко, Жаре Бербер, Латас, бубуљичави напаленковци се моќ во оваа земја. Тоа некого ќе го навреди и повреди, ама е вистина.
Е сега, има некоја светла точка во сево ова. Досега низ историјата победувале револуции на прогесивни идеи и носители на тие идеи: значи, некое здраво никулче од сета плева, или победувале големи загуби кои биле послужиле како електрошокови за урамнотежување на умот и импулсите-Германија после Хитлер.

Што ќе се случи кај нас, ќе биде без преседан, за првпат во историјата ( што е ужасно важно за нашиов народ, да сме посебни во нешто:)) Како е ситуацијата сега, ни едното ни другото нема да упали. Што се однесува до малата здрава и зрела интелигенција- таа спие (незабележано поминаа илјада причини за протести, сведмилк, Скопје 2014,итн итн), што се однесува до свеста- со векови функционираме без неа. Па, живи били па видели.
добро бе eagle, ако на еден народ не му се доволни 2000 години за да дефинира корени,индентитет, да уприличи своја државност....постојано да се однесува меѓу себе онака како се однесува, упорно да ја ништи својата интелигенција....да мора секогаш некој од надвор да му кажува како да си го избрише носот....како ќе го окарактеризураш таквиот народ????
....како ЗРЕЛ, НАДАРЕН, ИНТЕЛИГЕНТЕН....или како последна белосветска ГЛУПАВА будалетинка????
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Кои 2000 год конкрит?:) Донекаде и приликите биле такви, не можеме секогаш да бараме одговорност од себе за се.
Интелигентен, и надарен овој народ е, и за извоз, нели. Финтата е што е а нефункционална, туку е сирова таа интелигенција. Тогаш џабе и што ја имаш, како што викаш ти.
Луѓе, поентата е што, не е битно што власта е таква каква што е. Секогаш можеш да ја критикуваш, и треба, ама да имаш со кого да го споделиш тоа, една здрава критична маса која може да биде значајна. Тука, со кого ќе ја критикуваш власта? Со идиотите жртви на транзицијата? Во кој момент тие размислија што им оставаат на нивните деца во наследство- некоја краткотрајна и ситна материјална добивка, а долгорочна повреда на достоинството?

берет, не би да те разочарувам, изгледа имаш ентузијазам и желба да направиш промени :), ама не мислам дека тоа така ќе се случи. За да овој народ нешто промени во своето функционирање, треба нешто големо да му се случи за да го поттикне, или да го разбуди од сон, како што велиш. Тоа не го прават неколку ентузијасти, или стотина протестанти, гледаме дека тоа не е изводливо кај нас. Тоа го прави војна, голема беда, и слично...за жал.
 
Член од
13 април 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
1. Политичарите
2. Луѓето кои живеат со поговорката: „Да му умре козата на комшијата„
3. Луѓето кои не сакаат да кренат глас против ништо што го узурпира нивниот живот. Никој во оваа држава не се буни за ништо, се што ќе измислат политичарите се поминува, се се одвива и на никој не му е гајле до кај ќе стигне оваа, и секогаш се вадиме со онаа старата наша, „ та што можам јас„, а ние можеме најмногу!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Јас не се согласувам дека народот е глуп. Интелигентноста на македонците не е воопшто тема, поголема тема е ЗРЕЛОСТА.
За тоа можеби има објективни причини во блиската историја: овој народ никогаш не почувствувал своја државност, и следствено, не знае да се однесува државнички. Па оди во потрага по свои корени и идентитет во антиката, кои многу го возбудуваат.
Втора тема е ПРИМИТИВНОСТА. А таа ја има моќта во оваа земја.
Парадоксално е што, колку повеќе интелектуалната сила се бунтува против овие ликови, наместо да ги преусмери и корегира ( што е нејзина задача), таа ги ојачува нивните позиции и нивната моќ. Што значи дека или интелектуалната сила тоа го прави на погрешен начин, или е прилично корумпирана и морално во аут, при што и двете држат. Она што е вистина против која не се може, е дека Груевски и ко, ликови како Миленко, Жаре Бербер, Латас, бубуљичави напаленковци се моќ во оваа земја. Тоа некого ќе го навреди и повреди, ама е вистина.
Е сега, има некоја светла точка во сево ова. Досега низ историјата победувале револуции на прогесивни идеи и носители на тие идеи: значи, некое здраво никулче од сета плева, или победувале големи загуби кои биле послужиле како електрошокови за урамнотежување на умот и импулсите-Германија после Хитлер.

Што ќе се случи кај нас, ќе биде без преседан, за првпат во историјата ( што е ужасно важно за нашиов народ, да сме посебни во нешто:)) Како е ситуацијата сега, ни едното ни другото нема да упали. Што се однесува до малата здрава и зрела интелигенција- таа спие (незабележано поминаа илјада причини за протести, сведмилк, Скопје 2014,итн итн), што се однесува до свеста- со векови функционираме без неа. Па, живи били па видели.
Заборави да спомнеш дека Бранко е ЦАР :tv:
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Ова можам да го сфатам на два начина: дека се надоврзуваш на мојата реплика:), или дека ја употребуваш грујовата ниска тактика на импутирање партиски тонови на муабет кој не им се допаѓа, со што исто така, само на друг начин го потврдуваш мојот муабет.
Јас ќе бидам позитивна и ќе те сфатам на првиот начин, дека само ми ја надополнуваш спомнатата листа:) Со што се согласувам, и тој факт, дека и Б.Ц. не е поразличен од споменатите- особено со последните потези, исто така значи- слаба критична маса, т.е. скоро непостоечка здрава, силна, морално некорумпирана интелигенција, т.е. опозиција.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
................... потези, исто така значи- слаба критична маса, т.е. скоро непостоечка здрава, силна, морално некорумпирана интелигенција, т.е. опозиција.
...ja nema...mrtva e ili e veke prakticno neupotrebliva, ja sitni 6 decenija......, a godinata na proizvodstvo e epten vazna koga e opozicija vo prasanje...
 
S

smart ass

Гостин
1. Политичарите
2. Луѓето кои живеат со поговорката: „Да му умре козата на комшијата
3. Луѓето кои не сакаат да кренат глас против ништо што го узурпира нивниот живот. Никој во оваа држава не се буни за ништо, се што ќе измислат политичарите се поминува, се се одвива и на никој не му е гајле до кај ќе стигне оваа, и секогаш се вадиме со онаа старата наша, „ та што можам јас„, а ние можеме најмногу!
ТОЧНО!!!!

И ќерата бе ме чуди КАКО УШТЕ ИМ ВЕРУВААТ????

Ако зборуваме за доверба(каква-таква) јас само ќе напоменам дека над 90% од граѓаните имаат доверба во АРМ....единствено они и заслужуваат барем тро доверба(не министри и др.шунд)...а Судство,Здравство...Разузнавање,Економија-ВЛАДА...ветер и магла..ЛАЖАТ бе МАМЕТО!!!

Ама стварно ова ме чуди...како бе има луѓе кои им ВЕРУВААТ??

Објаснение наоѓам само во следново-наместо интелегенција имаме РАЈА

наместо Луѓе....ЗОМБИ:vozbud:

П.С да не ЗАБОРАВИМЕ-имаме и нова ЕКОНОМСКА теорија и политика која ќе не пре..преее...препо...препарирааа!!!

т.е. скоро непостоечка здрава, силна, морално некорумпирана интелигенција, т.е. опозиција.
Слатки сништа.:toe:

...ja nema...mrtva e ili e veke prakticno neupotrebliva, ja sitni 6 decenija......, a godinata na proizvodstvo e epten vazna koga e opozicija vo prasanje...
И ХАСАП стандардите....не за друго-ги заборави:)

Ние имаме МАЈМУНИ-денешен ХАСАП тоа креира.

А она што остана го однесе времето,или пак ги имплементираше....стандардите де.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Со луѓе како овој
Даравелски осомничен дека испрал 20 милиони евра
кој однел 20 милиони, друг, трет...десетици и стотици лица кои изнесуваат "по нешто", со вакви луѓе постојат најмалку стотина причини за тапкањето во место. Секој си носи по нешто па во комбинација со одредени погрешни потези - ќе тапка Македонија уште долго.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Со луѓе како овој
Даравелски осомничен дека испрал 20 милиони евра
кој однел 20 милиони, друг, трет...десетици и стотици лица кои изнесуваат "по нешто", со вакви луѓе постојат најмалку стотина причини за тапкањето во место. Секој си носи по нешто па во комбинација со одредени погрешни потези - ќе тапка Македонија уште долго.
не тапка бе одамна, лежи папсана, едвај дише,со прст не може да мрдне, не дај Боже....ќе приумре.. ,а баш на прагот на EU.... :)
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
1. Политичарите
2. Луѓето кои живеат со поговорката: „Да му умре козата на комшијата„
3. Луѓето кои не сакаат да кренат глас против ништо што го узурпира нивниот живот. Никој во оваа држава не се буни за ништо, се што ќе измислат политичарите се поминува, се се одвива и на никој не му е гајле до кај ќе стигне оваа, и секогаш се вадиме со онаа старата наша, „ та што можам јас„, а ние можеме најмногу!
поговорката е сменета од поодамна и гласи:

Да умре комшијата па да му ја карам жената ем козата..... :vozbud::vozbud:
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
1. Тие кои доаѓаатна власт пред се мислат на себе и само за себе.
2. Не знаат како се гради држава ( како се кради знаат).
3. Ја партизираат државата во целост.
4. Некомпетентни поставуваат на врвни позиции заради полесна манипулација со истите - поставуваат за кадри -некадарни.
5. Немаат никакво искуство водење на модерна држава, алчност,егоизам,непотизам,....
Поради многу причини. Да е една лесно ќе е....:drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk:
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
1 : Глуп народ кој можеш да го ебеш како сакаш
2: глуп народ којшто вика ќути има и полошо
3: Глуп народ кој кога некој нивни колега ке го избркаат од работа наместо сите да се кренат и стопрат со производство ( кур профит) половина се плаши тој да не биде следен а другата половина ликува и се сити
Токму така. Браво! Клучен збор: ГЛУП!
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
1. Политичарите како најголема причина
2. Соседите (сите околу нас без исклучок)
3. Бидејќи веќе нема патриоти кои би умреле за МК

Македонијо татковино наша со тебе сме до крајот :oeoeoe:

PS: ете само може да навиваме !
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
3. Бидејќи веќе нема патриоти кои би умреле за МК
За што да умреме?За промотерине кој си направија бизнис од наши пари?За споменикот на центар? Мислам Македонија не тапка од патриоти.
Денес ја слушнав можеби најдобрата реченица за просперитетот на нашата земја „ На раскрсница тоалет не се става,а камоли бизнис да се отвори“ (за оние кој нема да ја сфатат мислата,човекот сакаше да ја објасни местоположбата на Македонија,стратешки нали)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom