Квалификации за Европско Првенство - Полска и Украина 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата bRutal savaGe
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ти е оптимистички ова во однос на дуелити со Ирска, еве според мене:

Андора - 6/6
Ерменија - 6/6
Ирска - 1/6
Словачка - 4/6
Русија - 1/6

Edit: Се надевам дека ќе биде вака како што напишав јас, или пак во најдобар случај како тебе иако треба многу да се помачиме за да го достигнеме ова. Со 18 - 20 бода многу ни се реални шансите за бараж.

јас не го предвидувам исходот туку кажувам колку ни се потребни за 2-ро место кое не носи у бараж, значи и вака да испадне јас како што пишав остануваат уште 50% недовршена работа.

И да не заборавиме најдобро пласираната 2ра репрезентација,директно обезбедува место.
:salut:

тоа нема да се случи

bravo druze, porealno zdravje

сакаш реално да добиеш од мене?

Андора 4/6
Ерменија 3/6
Ирска 3/6
Словачка 1/6
Русија 0/6

11 бода, повторно 4-то место

ете ти реално!
 
Реално имаме шанса ако покажат нашите карактер во играта што често знаеле да го покажат освен последните најбитни мечеви за светсково што одлучуваше дали за прв пат ќе одиме понатаму но тоа е ... нов бараж нови очекувања и желби:helou:
 
Андора 6/6 (Mkd 2-0 Andora ) (Andora1-3 Mkd)
Ерменија 4/6 (Mkd 1-0 Ermenia) (Ermenia 1-1 Mkd)
Ирска 4/6 (Mkd 2-2 Ireland) (Ireland 0-1 Mkd)
Словачка 1/6 (Mkd 0-0 Slovakia) (Slovakia 3-0 Mkd)
Русија 0/6 (Mkd 0-2 Russia ) (Russia 5-0 Mkd)


:tv:
 
Добро што не сме во група G со тимовите на Англиjа Шваjцарска Бугариjа Уелс Монтенегро
 
Андора 6/6
Ерменија 6/6
Ирска 4/6
Словачка 3/6
Русија 3/6
 
Изгледа пак ќе гледат репрезентативците ЕП на телевизија.
Од Русија ќе го јадеме на два наврата. Од Словачка можеме да откинеме бод дома, таму не млатат. Ирска бод или победа дома, таму ќе не тепат. Ерменија би требало да им земеме 6 бода, евентуално 3 или 4. Андора ги зимаме и на двете утакмици.
 
Мислам дека групата ни е што би се рекло по мерка! Оваа генерација фудбалери ќе има прилика да покаже дали ги прележала ниските вредности од претходните квалификациски циклуси и дали го поседува потребниот квалитет за да би заслужила пласман погоре!
Не сакам да се занесувам дека сигурно ќе се пласираме, ако се неатрактивни не значи дека противниците се и неквалитетни. Напротив станува збор за доста незгодни репрезентации кои што сме ги почувствувале и на сопствена кожа! Русија и Словачка не имаат наполнето во досегашните пресметки, Ирска е сеуште неосвоив остров за нас иако овде во Скопје на двапати им имаме одкинато драгоцени бодови, додека со Ерменија и Андора се имаме грдо изгорено во минатите циклуси. Така да во оваа конкуренција и третото место ќе биде ѓаволски тешко да се освои, а за пласман во баражот или евентуално самата завршница ќе треба да се подобриме до степен на непрепознавање!
Ајде да ја поделиме групата на два дела од наша гледна точка! Првиот дел го сочинуваат репрезентациите од погорните шешири - Русија, Словачка и Ирска кои горе - долу се со изедначен квалитет. Она што најмногу ме бендисува е што на сите 6 меча против овие противници ќе имаме подеднаква шанса да изненадиме и нема однапред да се прават математики кои бодови треба да се бркаат а кои би биле научна фантастика! Во вториот дел од групата преостануваат селекциите од подолните шешири - Ерменија и Андора против кои едноставно несмее да има кикс како во минатото! И против обата противника имаме по еден квалификациски циклус за пример каде што сме ги совладале и дома и на гости, но и по еден во којшто од можните 6 сме освоиле само 1 бод. Каков ќе биде исходот во предстојните пресметки, останува да видиме!
Поздрав!!!
 
Групата ни е многу тешка... но:
Андора 6/6
Ерменија 6/6
Ирска 3/6
Словачка 3/6
Русија 3/6

Ова најверојатно би било доволно за бараж... И дај не зезајте, нема да изгубиме ни од Андора, ни од Ерменија, двете репрезентации убедливо беа последни во своите групи на последните квалификации.
 
Со Ерменците и Андора мора да се извадат 6 бода.Словачка ако отиде на СП не е толку јака,мене повеќе ме загрижува Ирска него Словачка.На двете по бод да земеме или бод и победа и на Русите некако да изиграат нашиве утакмица на животот и да земеме бод.Се на се може да се земат 15-17 бодови.
 
Ако веќе се прават математики јас би го додал моето предвидување

Андора 6/6
Ерменија 6/6
Ирска 3/6
Словачка 3/6
Русија 1/6
 
Групата ни е многу тешка... но:
Андора 6/6
Ерменија 6/6
Ирска 3/6
Словачка 3/6
Русија 3/6

Ова најверојатно би било доволно за бараж... И дај не зезајте, нема да изгубиме ни од Андора, ни од Ерменија, двете репрезентации убедливо беа последни во своите групи на последните квалификации.

Нема да изгубиме ама нема ни да ја тепаме Ерменија на гости:jaj:
Како што кажав мој тип е
Русија 0/6
Словачка 1/6
Ирска 1/6
Ерменија 4/6
Андора 6/6

Со 12 бода пласман на четврто место!
 
Нема да изгубиме ама нема ни да ја тепаме Ерменија на гости:jaj:
Како што кажав мој тип е
Русија 0/6
Словачка 1/6
Ирска 1/6
Ерменија 4/6
Андора 6/6

Со 12 бода пласман на четврто место!
А зашто да не ја победиме Еременија 2 пати?Каде каде поквалитетен тим имаме,а дома не ни имаат они некоја поддршка,атмосферата ќе биде ко во Андора(ние без притисок,они без мотивација).
 
5-4-9 имаме вкупно со сите 5 репрезентации досега...

И дај не зезајте, нема да изгубиме ни од Андора, ни од Ерменија, двете репрезентации убедливо беа последни во своите групи на последните квалификации.

поучени од минатото... и сега ќе завршат позади нас тоа е сигурно но финтата е да не се усереме со една од овие, 100% учинок во овие 4 меча ни треба, а потоа ќе тактизираме со Ирска и Словачка... Ирците имаат поквалитетен тим и покрај тоа на клупата го имаат Трапатони кој можеше да ги исфрли Французите од Сп... со Словачка да си ги поделиме бодовите и ќе биде супер, Русите ќе бидат сериозен проблем но подобро они него ли Италија,Франција,Шпанија,Англија,Германија...

се зависи од Гоче, ако допринесе како што почна во Интер и плус со мала среќа ќе дотуркаме барем до плеј оф
 
Оптимискички:
Русија 3/6
Словачка 3/6
Ирска 3/6
Ерменија 6/6
Андора 6/6
Објективно:
Русија 0/6
Словачка 1/6
Ирска 1/6
Ерменија 4/6
Андора 6/6

Ќе видиме што ќе направат нашите и во овој квалификациски циклус..Дали конечно ќе се најдеме во едно големо натправарување или и понатаму ќе продолжиме да тапкаме во место...
 
Нема да изгубиме ама нема ни да ја тепаме Ерменија на гости:jaj:
Па ако сакаме да постигнеме некој поголем успех мора да ја тепаме Ерменија во гости... Во далеку полесна група од оваа што ја имаме сега Ерменија беше последна со само еден нерешен и една победа, мора да учиме од своите грешки и да не си дозволиме луксузи да губиме бодови од аутсајдерите.

Оптимискички:
Русија 3/6
Словачка 3/6
Ирска 3/6
Ерменија 6/6
Андора 6/6
Објективно:
Русија 0/6
Словачка 1/6
Ирска 1/6
Ерменија 4/6
Андора 6/6
Ова второво не ти е објективно, туку ти е песимистички... Дома можеме да ги добиеме сите, на гости, Ерменија и Андора сигурно!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom