Законот за забрана за возење од 23 до 05 часот.

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Се согласувам со тебе донекаде, но се` е ова релативно. Како што пиша Jeep, не значи некој дека ако има две години искуство/постар од 25 години е којзнае каков си шофер или којзнае колку ги познава правилата. :)
Затоа се полага возачки испит сосе тестови и треба да те буткаат ако навистина правиш такви грешки, погрешно престројување, тргање на црвено, претицување на полна и слично, а не да те буткаат зошто не им бил денот тој ден. :)
Тоа ми беше поентата подоле во текстот :)
Татко ми ме заебаваше нон стоп кога го воведоа законот пред да наполнам 21 година и пред да имам 2 години искуство, ми викаше дека со мајка ми во кола сум сигурен, она има над 10 години искуство ќе ми кажува (мајка ми поим нема од возење битно има возачка) : )))))
Ама факт е дека повеќето од тие што ги прават сообраќајките се дечишта што само што земале дозвола излегуваат навечер се прават лом и мислат дека ги имаат возачките способности на Colin McRae (rip) и дека се без смртни они и тие околу нив, само што иако се воведени овие закони ради нив пак не важат...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
100 е за почетници на автопат :)
1)

130
за искусни, го сменаа законот, а 100 за почетници. Ахам, Ок. Е сеа има едно многу едноставно и логично прашање:

Како полицаецот ќе знае кога возиш 120км/ч или 130км/ч дека ти си почетник или искусен?

Значи не прекршуваш закон, сепак си возиш 130км/ч и нема право да те застани освен рутинска контрола. Веројатност 0!

2)

Јас кога почнав да возам кола (со возачка и сето тоа) започнав со 110КС кола далечната 2003 :baeh:, па немаше никаква врска тоа дека возам 110кс па кога сменав буба со 44КС. Брзините во градска вожња можеше да ги развие и едната кола и другата.

Можете да се лупните во бандера со 90км/ч и со Фиќо. Можете да се испијаните и со Фиќо. КС не ви забрануваат или па дали е 10 или 11 или 12 часот.

Алкохол се пие и во 12 на пладне кога е уште пострашно и има голем промет на луѓе, коли и сл.

А тоа за искуството, не велам дека е лоша работа. Советот е ептен битна работа особено за оние што не сакаат толку да се трудат како возат. За наши улица и патишта ите како треба совет. Можеби во помалите градови не, ама Скопје дефинитивно ти треба. Да започнам од лошо означени раскрсници, патишта, улици, ленти и што ти не. Ако не го знаеш напамет градот сигурно ќе направиш прекршок.

Имам возено во Солун, на 300 метри од раскрсница ти кажува како треба да се престроиш и кога ќе дадеш жмигавец, нема шанси некој да ти се пикни во лента.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Остај, ко демек ќе ти го фати воланот за да не направиш некој потег :tapp:
Ако возачот е девојка и некој седи до неа сигурно нема да ја фати за воланот, на друго место може :back:
Законот не е глуп, не може некој богат копиљ што положил пред 2-3 дена да му купат кола која има повеќе од 200 коња и тој да лета низ градот како да е ослободител па и некоја беља да направи.
Знам дека желбата на секој што е пресен возач е да стисне гас што повеќе ама има и други опции за стискање на други нешта така да можат да возат побавно и да уживаат во возењето...
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Многу закони немаат смисла за кај нас. Нашиот менталитет е подруг, ние не ги гледаме работите само црно и бело затоа ни се чудни и глупи многу закони, за разлика поразвиените земји каде треба да им се нацрта и тоа што ќе се нацрта е исправно.

Инаку законов нема потреба. Мојата девојка има 5 години возачка а сепак мора некој да има до неа па макар и да нема некакво искуство. Значи за почетници самите родители нетреба да им дозволуваат додека се млади да лудуваат и во многу случаеви им забранувале да возат навечер како тазе возачи но не затоа што нема да се снајдат туку дан се поднапијат а во тие години децата мислат дека се способни за многу работи.

Овој закон најмногу го сакаат родителите.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Пред некое време конечно ми помина рокот од 2 години, па сега можам да возам и навечер законски.:)

Инаку законот ко закон има добра замисла, но сепак има и некои работи што не можат со него да се спречат. И со фиќо, 101 и слично можеш да возиш 100 на саат, така што тоа со кубикажата нема поента.

Навечер доколку си пијан немаш проблем, но ако си пијан и со поголемо искуство може да направиш беља (иако со тек на време и со искуство сепак е друго).
 
Член од
5 октомври 2008
Мислења
19
Поени од реакции
0
Законот е тапа. Да имаше избор на држави кои носат нај тапа закони дефинитивно ќе бевме меѓу топ 10. Имено пред година дена ме сопреа и мене во 1h по полноќ, да не беа расположени полицајците ќе нае**в, 400 евра казна ради тоа зезнато законче, 300 евра нерегистрирано возило и 50 евра за тоа што немав ставено појас. И да ја продадев колата пак не ќе можев да ја отплатам казната. Народ пари нема, казни изгор. Да почнеме и пеш да одиме и за тоа ќе не казнуваат веќе.:salut:
 
Член од
31 јануари 2010
Мислења
54
Поени од реакции
4
Во март возачката ми полни две години, нема да се вбројувам во почетници.
Но, со оглед на тоа дека во текот на овие две години немав некоја потреба од автомобил, ниту пак некоја голема желба за возење, неможам да се пофалам со некое искуство, така што јас ќе си останам неофицијално почетник, сега за сега.
Наскоро се ќе се промени, ветувам. :salut:
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Законот е тапа. Да имаше избор на држави кои носат нај тапа закони дефинитивно ќе бевме меѓу топ 10. Имено пред година дена ме сопреа и мене во 1h по полноќ, да не беа расположени полицајците ќе нае**в, 400 евра казна ради тоа зезнато законче, 300 евра нерегистрирано возило и 50 евра за тоа што немав ставено појас. И да ја продадев колата пак не ќе можев да ја отплатам казната. Народ пари нема, казни изгор. Да почнеме и пеш да одиме и за тоа ќе не казнуваат веќе.:salut:
Да не ти требаат пари за да ставиш појас? И уште едно нешто, луѓе што немаат пари за да платат регистрација обично немаат пари и за бензин и шетање во 1 часот навечер.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Законот е тапа. Да имаше избор на држави кои носат нај тапа закони дефинитивно ќе бевме меѓу топ 10. Имено пред година дена ме сопреа и мене во 1h по полноќ, да не беа расположени полицајците ќе нае**в, 400 евра казна ради тоа зезнато законче, 300 евра нерегистрирано возило и 50 евра за тоа што немав ставено појас. И да ја продадев колата пак не ќе можев да ја отплатам казната. Народ пари нема, казни изгор. Да почнеме и пеш да одиме и за тоа ќе не казнуваат веќе.:salut:
a so nie budali sme so registrirame i ideme atest na plin da praime i X drugi trosoci so plakjame. dolzni li sme site so ne registrirate i so ne praite atest da ni ja zagrozuvate bezbednosta na site?
Ako nemas pari ednostavno e ne vozi i toa e toa
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
А што сакаш да кажеш дека ако отидеш на технички исправна ти е колата и не загрозуваш други ????
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
ne ne toa ama ne ide iskaca deka tie so idat i proveruvaat se budali. a normalno deka ne znaci deka ako projdes e se kako sto treba i ke bide 1 godina ko sto treba. muabetot mi bese ako sakas da vozis ke si platis jbg ali u ova vreme i toa luksuz stana
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Само донесуваат некои глупи закони за да го казнат народот.
Ебате државата која живее од казни.:pusk:
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Дозволено е да се вози преку ден У НАЈГОЛЕМАТА ГУЖВА низ град, е тоа е баш за почетник, колку можат да бидат глупи и неписмени значи страшно, место навечер да остаат, кај што нема многу гужва, чисто е, они обратно..
Ова е само за перење пари бе, преку ден има гужва глутница од коли, некој почетник ќе напраи грешка ќе се збуни и ќе му фукнат казна, навечер ако возиш пак ќе му фукнат казна, како и да се свртиш гзот ти е од позади.. у таква држава сме родени бе.. нема везе.. напрај нешто добро за државава... емигрирај :nesvest:
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.047
Поени од реакции
6.074
Другар пред 2 недели го запреа у 1,30 и Џандарот го праша шо пиел му кажа шо како си дувна.
Се беше Океј, појаси се, Освен

Другаров нема 2 години искуство, 1,5 година има само и џандарот за тоа ни го праша ни нишо, иако виде у дозволата шо како.
Лека полека законов ќе падне у вода.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Другар пред 2 недели го запреа у 1,30 и Џандарот го праша шо пиел му кажа шо како си дувна.
Се беше Океј, појаси се, Освен

Другаров нема 2 години искуство, 1,5 година има само и џандарот за тоа ни го праша ни нишо, иако виде у дозволата шо како.
Лека полека законов ќе падне у вода.
Дај боже од твоја тастатура до божјиот пц...се надевам дека ќе падне овој тиња закон!:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom