Законот за забрана за возење од 23 до 05 часот.

Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Ограничување за почетниците во сообраќајот е пропишано во член 240 од новиот закон. „Лицата-почетници“, како што се наречени во новиот закон, не смеат да возат автомобили чија моторна зафатнина е поголема од 75 киловати. Значи, младите возачи ќе мора да заборават на џипови и слични „моќни“ автомобили, се' до својот 21 роденден или откако ќе се здобијат со две години возачко искуство. Кандидатот за возачка може да почне со обука кога ќе наврши 17 години и 6 месеци, а по завршување на обуката мора да се согласи со уште неколку нови ограничувања. Законот им забранува на помладите да возат автомобил по 11 часот попладне се' до 5 часот наутро без придружба од поискусен возач што има 25 години и не е казнуван. За самостојно возење навечер, управување моќен автомобил, влечење приклучни возила, организиран превоз или возење побрзо од 60 километри на час на јавен пат, возачот треба да има положено за возачка пред две години. Казната за непочитување на оваа забрана е 400 евра или во денарска противвредност 24.520 денари.

Законов е малце постар , али вреди да се дискутира... значи која е целта на законот незнам ?? плаќаш 25000 за обука да земеш возачка и после некој да ти каже нема да возиш после 11 саат !! ако знам да возам преку ден знам и навечер , темница е во 8 саат темница е и во 11.... едина разлика би можело да се збунам зашто улиците се многу по празни по 11 ... друга ствар ... несмее да се вози автомобил со поголема зафатнина од 75 киловати ? како што знаеме и не сме некоја богата нација па секој да има можност кола да му купи на детето па да вози , така да најчесто една кола ја возат повеке членови на семејството дома и сеа замисли имаш појака кола од дозволеното ? треба да ја продаваш за да купиш друга за да може сите да се возат... г л у п о с т и.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Кај ќе се жалиш? :toe:
Гледај да не те сопре полиција 400 евра не ти бегат :)
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Од кога зафатнина (волумен) се изразува во киловати?

Не ми е јасно што може да стори тој што седи до тебе ако има повеќе од 2 години возачко искуство? Тие што имаат искуство не прават сообраќајни несреќи? Еве да речеме некој има возачка, а и после 2 години не седнал во кола (пример не може да си дозволи)? Што правиме тогаш... Исто е и со возраста.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.200
Поени од реакции
12.122
Многу им е дозволено на лицата почетници. Јас да се прашувам повеќе од 1000 кубици автомобил во првите 3-4 години од дозволата не треба да се дозволи.
 
С

Спенсер

Гостин
не смеат да возат автомобили чија моторна зафатнина е поголема од 75 киловати. Значи, младите возачи ќе мора да заборават на џипови и слични „моќни“ автомобили, се' до својот 21 роденден или откако ќе се здобијат со две години возачко искуство. г л у п о с т и.
:pos2::pos2: и после они закони ке донесуваат,а уште незнаат што е зафатнина а што е моќност... ццццц

значи ке може голф 5/6 1.4 да се тера.... хахахахах
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
sea najdovte da kukate ja go pominav toa kako go pominav ja taka i vie i ja istoto se bunev ko jas ama toa e toa
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ми поминува во јули фала богу, шо не значи дека не пичам 1800ццм и сега(Н)

Иначе цајки не праат проблем за зафатнината, туку за времето најчесто праат проблем. Шо ќе ти збори за зафатинина, дај да купат моите специјално за мене кола хахха
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Многу им е дозволено на лицата почетници. Јас да се прашувам повеќе од 1000 кубици автомобил во првите 3-4 години од дозволата не треба да се дозволи.
Се шалиш или стварно го мислиш ова ???
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.200
Поени од реакции
12.122
Најозбилен сум.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мене ме фатија со Акорд во 1 саат сама, само документи и ме прашуваше за колата, колку е купена, каква е ова она, ништо повеќе :icon_lol:, ми рече полицаецот, ај уживај, знам дека е глуп законов и толку :)

Глуп ми е овој закон, а тој за 0.0 промили го почитувам, за тоа нема збор, никогаш кога сум со кола не ставам алкохол во уста.

Од кога зафатнина (волумен) се изразува во киловати?

Не ми е јасно што може да стори тој што седи до тебе ако има повеќе од 2 години возачко искуство? Тие што имаат искуство не прават сообраќајни несреќи? Еве да речеме некој има возачка, а и после 2 години не седнал во кола (пример не може да си дозволи)? Што правиме тогаш... Исто е и со возраста.
Остај, ко демек ќе ти го фати воланот за да не направиш некој потег :tapp:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Нема да ти го фати воланот ама ќе те опомене да не возиш пребрзо, ако неправилно се престројуваш, правиш некои несвесни грешки и сл. Има некои финеси кои тазе печен возач не ги забележува а се учат со стекнато искуство. Инаку мене ме интересира како е забрането почетници да возат над 60км/х кога на автопат е дозволено 120 :tapp:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нема да ти го фати воланот ама ќе те опомене да не возиш пребрзо, ако неправилно се престројуваш, правиш некои несвесни грешки и сл. Има некои финеси кои тазе печен возач не ги забележува а се учат со стекнато искуство. Инаку мене ме интересира како е забрането почетници да возат над 60км/х кога на автопат е дозволено 120 :tapp:
100 е за почетници на автопат :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
abe vidi toa so brzinata nie deka sme nauceni vo km/h da ja gledame neznaci deka e mala
100km/h e vsusnost 27 metri vo sekunda ako gledas od taa strana ustvari ke vidis deka e brzo da pominuvas 27 metri vo sekunda ne e malce :)
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Мене ме фатија со Акорд во 1 саат сама, само документи и ме прашуваше за колата, колку е купена, каква е ова она, ништо повеќе :icon_lol:, ми рече полицаецот, ај уживај, знам дека е глуп законов и толку :)

Глуп ми е овој закон, а тој за 0.0 промили го почитувам, за тоа нема збор, никогаш кога сум со кола не ставам алкохол во уста.



Остај, ко демек ќе ти го фати воланот за да не направиш некој потег :tapp:
Демек ќе те советува што како да правиш, нема да ти дозволи да возиш ко будала :)
До некаде и држи вода само што во правилникот треба да стои дека не треба да бидеш во придружба на некои со „искуство“ туку со некои кои се психички здрави за управување на возило зошто да е до мене на 50% од возачите би им ги земал дозволите додека не научат култура во сообраќај и додека не научат да возат. Лоша работа е што за тие што е наменет законов (и повеќето закони) наоѓаат начин како да не важи за нив истиот додека го јадат останатите и често ги плаќаат и казните на другите... Али тоа ти е Македонија, добра идеја, лоша реализација :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Демек ќе те советува што како да правиш, нема да ти дозволи да возиш ко будала :)
Се согласувам со тебе донекаде, но се` е ова релативно. Како што пиша Jeep, не значи некој дека ако има две години искуство/постар од 25 години е којзнае каков си шофер или којзнае колку ги познава правилата. :)
Затоа се полага возачки испит сосе тестови и треба да те буткаат ако навистина правиш такви грешки, погрешно престројување, тргање на црвено, претицување на полна и слично, а не да те буткаат зошто не им бил денот тој ден. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom