Еве јас зедов Renault Laguna 1.9 dCi со 109 кс од 2003 година за 3450 еурчиња од бугарски авто плац во Дупница.Трошоците за бугарскиот технички сервис(КАТ),нивната царина(митница) и останатите пропратни трошкови се на сметка на продавачот(не прифаќајте Вие да ги платите тие трошоци,туку исценкајте се на нивна сметка да оди сето тоа).
Потоа следува:
- Нафта+јадење по пат=40 еура+спиење во хотел(бев 3 дена таму=10 евра од ден=20 евра)
- Мито за бугарски цариник=5 еура,ти кажува да частиш за колата и да ги ставиш парите под тастатурата од компјутерот во неговата канцеларија,ама да пазиш да не те види некој???
- 25 евра гранична шпедиција+400 ден.за лежарина од 1 час и 12 мин.на граничниот терминал[200 ден.за 1 час,400 ден.за 1-2 часа]>>>(ова е пародија-закон,25 евра за да ме упателе до терминалот во Штип?)
- Влез на терминал во Штип=900 ден.+лежарина од ден 300 ден.(ја зедов колата во истиот ден [рекорд,ха ха] ама потеглив ДЕБЕЛА ВРСКА!)
- Шпедитерски арч=3000 ден.(сите земаат исто,се договориле,мамето нивно хоштаплерско)
- Колата ми ја царинија 1015 евра се комплет(ДДВ и остали тракатанци),патем ова со ДДВ-то од 18% е најголема глупост која сум ја видел,ај да е 5% и така и така,ама вака испаѓа дека колата која сум ја увезол е акцизна стока.
- Сега чекам да ја однесам на хомолгациа,нотари и остала биртија која ќе ми собере уште некој денар+редовен сервис од околу 120 евра.
Ете тоа е народе,колата на крај ќе ми излез за 1500 евра поевтина,неголи да сум ја купил од овде,ама и јас имам заслуга во сето тоа:helou: