За да не се сложиш со мислење младичу, треба да прочиташ убаво! Јас не зборувам дека би земал климатизер направен во некоја кинеска шупа и кој се вика Кварт, НЕО-мео или ...!? Туку зборувам за инвертор произведен во Јапонија... На инверторот примарна задача не му е ладењето туку греењето за твоја информација... Фирмите Даикин, Мицубиши, Фуџицу... се врвни технологии во затоплувањетоо во светски рамки, за жал се ретки или ги нема на нашиве простори! Има само една фирма која што увезува Даикин... прочитај ја нивната референтна листа (каде се имаат монтирано вакви уреди) и веројатно се ке ти биде јасно! Веројатно и на оние од Шведската амбасада не им е јасна разликата помеѓу клима и камин!? Камин? Види младичу ова *прошло* поред камин... мислам *Бог и Шеширџија*
Уште една работа во која грешиш! Велиш - *климатизерот троши струја ко глоба* да климатизерите трошат и тоа оние No Name - произведени во Кина, што чинат по 10-11-12,000,- денари... види, со овие срања и неможеш да се грееш преку цела зима! Нивната намена е примарно ладење и затоплување кога температурата на воздухот не се спушта под -5 степени. Да речеме се користат при временски услови како сега што е надворешната температура наутро/навечер е некој степен над нула! Јас зборувам за Инвертори кои што може да се користат на -15 па и -20*Ц!... Еее тука грешиш и тоа многу младичу за потрошувачката на струја! Си слушнал ли за ЦОП (Cop-factor)??? Не си слушнал штом така зборуваш за потрошувачката! Кај подобрите модели ЦОП факторот оди и до 4,5!!! Тоа значи дека еден инвертор кој има инсталирана снага од 3,8 Kv/H потрошувачка за 10 часа на пример работа ке биде 8Kw значи 0,8kw/h (о,8 на час) ..... или што би рекле 8 светилки од стотка! Ако живееш во куќа и ако сте поголемо семејство се обложувам дека исто толку ти горат во овој момент младичу! Мицубиши Електрик има еден модел кој дава 3,2 Кв/Х а во просек троши неверојатни 0,6!!! 6 Факинг сијалици од оние неекономичните! Кажи ми сега ти мене, многу ли е тоа? Големи ли се потрошувачи на ел. енергија? Ако познаваш некој што се грее на добар инвертор, ке се изненадиш колку малку плаќа за струја! Со вакви инвертори сметката за загреванје на стан од 60-70М2 (со два инвертора) не би требало да биде поголема од 2,000! Цената на еден ваков уред е околу 550-600 Евра! Затоа сметам дека се мнооооогу подобра солуција отколку печката за пелети која е со иста цена 1,100 - 1,200,- Еура! Со два инвертора, горе-доле цел стан може да се грее, а кажи ми со една печка за пелети од иљада и кусур Евра колку тоа простории можеш да загреваш? И како тоа ќе се врати инвестицијата за неколку години? Па ако е трајноста на печките 10-12 години, ти годишно на трошоците за затоплување слободно стави 100 Евра!!! Како може со таква математика да биде евтино? Со едно најидиотско ќумбе од 50-60Евра и со дрва ќе поминеш многу поевтино од пелетите! Од рекламата што читам месецна потрошувачка 2,500 ден * 6 месеци = 15,000,- ден.... па тоа ти се околу 7 кубика дрва! Е да, цепање редење, па качување од подрум.... ама не е печката илјада и кусур Евра! 
А за инверторите од реномираните производители кои ги наведов многу грешиш!!! Климата го цеди кислородот? Ееее ова не бев го чул досега!? Да да, особено ако е со јонизатор! :pos2:.....  Обратно е! Согорувањето ти го *цеди* воздухот..... Така барем учевме!?